Радовиш
Снежно првомартовско утро

Published
3 месеци agoна
By
Media Press
Снежно првомартовско утро во Радовиш и во целата држава. Утринските температури во Радовиш -2, а во државата се движат од -7 до 1 степен, а дневните до пет степени. Претежно облачно и студено, главно во западните и јужните делови со повремени врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Во Скопје променливо облачно со слаб до умерен ветер од северен правец. Во делови од котлината ќе провејува слаб снег. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне 5 степени.
Времето утре ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.
Во следните денови ќе се задржи променливо облачно и постудено време со слаб до умерен ветер од северен правец. Повеќе сончеви периоди ќе има во четврток. Утринските температури насекаде ќе бидат негативни, а дневните од четврток ќе бидат во благ пораст.
Поврзани содржини
Претставува да важи обврската за поседување зимска опрема во возилата
И во следните денови облачно и студено со повремени локални врнежи претежно од снег
Македонија денеска под снег, РСБСП со препораки за возење во зимски услови
Општина Радовиш го објави јавниот оглас за избор на најуспешни спортисти, спортски екипи и спортски работници
Општина Kонче успешно се справи со првиот снег, сите патишта се проодни
Радовиш утринава се разбуди под снег
Радовиш
Комплет одела за лична заштита при справување со шумски пожари за пожарникарите од ТППЕ Радовиш

Published
22 минути agoна
мај 19, 2022By
Media Press
Центарот за развој на Југоисточен плански регион денеска додели комплет одела за лична заштита при справување со шумски пожари на пожарникарите од ТППЕ Радовиш.
Ова донација е во рамките на проектот ,,Прекугранична соработка во справување со шумски пожари” финансиран од Европската Унија преку Интеррег –ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Бугарија и Македонија и во склоп на престојниот Ден на пожарникарството-20 мај.
„Личната заштитна опрема е согласно Правилникот за видот и изгледот на униформата,видот на заштитна опрема и начинот и проверка и испитување на нејзина исправност.Останатиот дел од опремата дополнително ќе биде доставена“, рече градоначалникот Ацо Ристов .

Проектот е со времетраење од 24 месеци во која се вклучени обука на пожарникари од специјални обучувачи и добивање сертификат,потпишување Меморандум за соработка и размена на искуства со доброволните пожарникарски друштва од Асоцијацијата на југозападни општини на Република Бугарија.
Целта на проектот е воспоставување на координација и структура за спречување на се почестата појава на шумски пожари како природна катастрофа, меѓу двете земји како дел од партнерството во проектот.

Радовиш
Пожарникарите од ТППЕ од Радовиш одржаа показна вежба за брза интервенција при појава на пожар

Published
6 часа agoна
мај 19, 2022By
Media Press
ТППЕ од Радовиш денеска одржа ЕДНА ОД РЕДОВНИТЕ показни вешби за брза реакција при појава на пожари, која што се одржа во кругот на Спортската сала „25 Мај“ во Радовиш.

„Ова ќе биде редовна пракса и ќе се одржува еднаш месечно за подготвеноста да бида на повисоко ниво“, рече градоначалникот Ацо Ристов кој беше присутен при одржувањето на вежбата.
Екипата од ТППЕ покажа висока подготвеност доколку има потреба за брза реакција за интервенција на пожар на височина. Во вежбата беа вклучени три противпожарни возила.

Радовиш
ОО на СДСМ, Радовиш: Поминаа шест месеци локална власт на ВМРО -ДПМНЕ во Радовиш, нови проекти нема

Published
1 ден agoна
мај 18, 2022By
Media Press
ОО на СДСМ од Радовиш на денешната прес конференција со обвинување, за шест месеци локална власт на ВМРО ДПМНЕ во Радовиш, промовираат само проекти започнати од претходната власт. Од СДСМ прашуваат каде се најавените капитални проекти како што е нвиот Градски пазар во Радовиш, градскиот рекреативне центар со парк покрај Канлиевата воденица и други.

Комплет одела за лична заштита при справување со шумски пожари за пожарникарите од ТППЕ Радовиш

ООУ Крсте Петков Мисирков од Радовиш потпиша договор за збратимување со училиште од Ташкопру, Општина Јалова од Турција

Пожарникарите од ТППЕ од Радовиш одржаа показна вежба за брза интервенција при појава на пожар

ОО на СДСМ, Радовиш: Поминаа шест месеци локална власт на ВМРО -ДПМНЕ во Радовиш, нови проекти нема
