Радовиш
ОТЧЕТ 100 дена на градоначалникот на Општина Радовиш Ацо Ристов

Published
3 месеци agoна
By
Media PressГрадоначалникот на Општина Радовиш Ацо Ристов во својот Отчет за 100 дена од мандатот спомна дел од проектите кои се во контунуитет продолжени со реализиција, дел нови проекти како и оние кои се во фаза на тендерска постапка но кои од месец март ќе стартуваат со реализација.

Градоначалникот Ристов најпрво ги спомна проблемите со кои се соочил со преземањето на функцијата, како што е изгубената концесија од рудникот Бучим, договорот за економично улично осветлување по ЕСКО модел, според кој како што вели се плаќаат високи сметки, образовни проблеми проблеми со вработувања во градинките и други проблеми за кои рече дека ќе настојува да бидат решени во иднина.
Тој спомна и кој капитален проект ќе стартува со реализација годинава.
Поврзани содржини
Деновиве започнаа пролетните градежни активности во Радовиш, со асфалтирање на улици со комплетен водоводен и канализациски систем
Ристов: За еколошки и енергетски независен град Радовиш, склучивме договор од скоро милион евра за проектот зелена топлина
100 дена локална власт- отчет на градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ во Гевгелија
Отчет 100 дена на градоначалникот на општина Василево Славе Андонов
Новогодишно обраќање на градоначалникот на Општина Радовиш Ацо Ристов
На новогодишната ноќ, одредени служби морат професионално да се грижат за безбедноста и здравјето на граѓаните на општина Радовиш
Радовиш
Лишени од слобода две лица од радовишко село и од Радовиш

Published
15 минути agoна
мај 20, 2022By
Media Press
Денеска 20 мај во 01.05 часот, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш ги лишиле од слобода М.Т.(21) од село Покрајчево, радовишко и А.С.(34) од Радовиш. При преглед кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и семки од марихуана. За настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Радовиш, а по целосно расчистување на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.
Радовиш
НОВ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ ВО РАДОВИШ, поставена новата сообраќајна сигнализација

Published
3 часа agoна
мај 20, 2022By
Media Press
Согласно прифатениот сообраќаен проект поврзан со воведувањето на зонското паркирање во Општина Радовиш и донесениот НОВ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ, деновиве во Радовиш беше поставена новата СООБРАЌАЈНА СИГНАЛИЗАЦИЈА.
За таа цел од Општина Радовиш упатуваат апел до граѓаните да внимаваат на новата сообраќајна сигнализација.
„БИ САКАЛЕ ДА УПАТИМЕ АПЕЛ ДО СИТЕ ГРАЃАНИ КОИ УЧЕСТВУВААТ ВО СООБРАЌАЈОТ ВО НАШИОТ ГРАД, ДА ВНИМАВААТ НА НОВАТА ПОСТАВЕНА СИГНАЛИЗАЦИЈА И ДА ГИ ПОЧИТУВААТ СООБРАЌАЈНИТЕ ЗНАЦИ.
СО ТОА ЌЕ ГО ОЛЕСНИМЕ НОРМАЛНОТО ДВИЖЕЊЕ НА МОТОРНИТЕ ВОЗИЛА И ДОЛГОРОЧНО ЌЕ ПРИДОНЕСЕМЕ КОН СТАВАЊЕ РЕД ВО СООБРАЌАЈНИОТ МЕТЕЖ ВО НАШИОТ ГРАД. НАШАТА ЗАЕДНИЧКА ЦЕЛ Е МОДЕРЕН И УРБАН РАДОВИШ СО МОДЕРНА ИНФРАСТРУКТУРА“ стои во апелот од Општина Радовиш од каде изразуваат благодарност и очекуваат соработка од сите учесници во сообраќајот.

Радовиш
Хуманитарен хепенинг одржан во ООУ„Крсте Петков Мисирков“ Радовиш

Published
5 часа agoна
мај 20, 2022By
Media Press
Во ООУ „Крсте Петков Мисирков“ -Радовиш во организација на Општинска организација на Црвен крст Радовиш во рамки на ЦКА-ПХВ циклусот 2022 год. беше организиран хуманитарен хепенинг.
На истиот беше изложена храна приготвена од учениците и наставниците во училиштето. Средствата од овој хуманитарен настан се наменети за социјално загрозено семејство од Општина Конче.
Од Црвен крст Радовиш изразуваат голема благодарност до ООУ „Крсте Петков Мисирков“- Радовиш за подршката на овој хуманитарен настан и помош при реализирање.

Лишени од слобода две лица од радовишко село и од Радовиш

Општина Василево ќе спроведе избори за Месни заедници

Во своето дворно место пронашол неексплодирана бомба

НОВ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ ВО РАДОВИШ, поставена новата сообраќајна сигнализација
