Connect with us

Македонија

Анкетите на Институтот Социетас цивилис покажуваат дека Македонија не треба да прави отстапки за бугарските условувања за влез во ЕУ

Media Press

Објавено на

Повеќе од две третини од анкетираните граѓани (71%) сметаат дека Македонија не треба да направи отстапки во однос на предложените историски наративи од страна на Бугарија во замена за пристапни преговори со ЕУ. 79 отсто од испитаниците не мислат дека Македонија треба да направи остапка во врска со јазикот. Одговорите покажуваат дека околу 64,5% од анкетираните граѓани не би се согласиле да се исполни ова барањењето за статусот на бугарското малцинство во Македонија во замена за бугарстко вето за членството во ЕУ. Ова се дел од наодите од истражувањето на Институтот за демократија „Социетас цивилис” во соработка со Фондацијата Конрад Аденауер.

Во 2017 година, Македонија и Бугарија потпишаа Договор за пријателство, добрососедски односи и соработка. Договорот предвидуваше формирање на Комисија која ќе работи на заедничката историја меѓу двете договорни страни. Оваа анализа го истражуваше ставот на јавноста кон ревидирањето на националните историски наративи, вклучително и за историските личности и настани од различни историски периоди.

Анализирано според етничка припадност, јасно мнозинство од етничките Македонци (81,2%) цврсто се против ваква отстапка во однос на ова прашање, додека само 12,6% би се согласиле на исполнување на ова барање. Мнозинството етнички Албанци (50,9%) не го поддржуваат исполнувањето на овие барања дури и ако тоа го деблокира процесот на пристапување.

Од аспект на партиска припадност, резултатите покажаа дека огромно мнозинство од симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ (82,5%) не се согласуваат за решение кое ќе значи ревизија на историјата, додека 67,1% од нивните колеги од СДСМ не се согласуваат со отстапки во овој дел.

Резултатите покажуваат дека 79% од испитаниците не мислат дека Македонија треба да направи остапка во врска со јазикот. Само 12% сметаат дека ова барање треба да се исполни доколку тоа е корисно за процесот на пристапување во ЕУ.

Македонија

Поевтинуваат горивата

Media Press

Published

на

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари за литар.

ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по цена од 92 денари за литар.

Eкстра лесното масло за домаќинство поевтинува за три денари и ќе чини 100,50 денари,

Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,998 денари по килограм и изнесува 48,314 денари.

Прочитај повеќе

Македонија

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

Media Press

Published

на

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода З.Ј.(55) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал З.Ј. и по преземени мерки било констатирано дека го управува возилото, иако има изречено активна забрана за управување со возило. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прочитај повеќе

Македонија

Јордан Митев со грандиозен концерт во Скопје на 26-ти декември 2026 – Гласот што ги обединува Македонците ширум светот

Media Press

Published

на

Кога срцето чука во ритамот на македонската зурла и тапан, кога песната ја преминува секоја граница и ги обединува Македонците каде и да се – на сцената застанува името кое е симбол за автентичност, врвен квалитет и вистинско музичко достоинство – Јордан Митев.

Јордан Митев одамна ги прошири меридијаните и ја надмина дефиницијата за домашна ѕвезда. Тој е вистински меѓународен уметник и амбасадор на македонската култура, чии концерти пред македонската дијаспора се повеќе од настапи – тие се емотивно враќање дома, во прегратките на мајката татковина. Автор на сопствените песни, талентиран инструменталист, високообразован музичар и човек чиешто достоинство стои цврсто зад секој отпеан стих. Тој создава музика која останува да сведочи за времето и за душата на нашиот народ.

Голема енергија, врвна емоција и незаборавна музичка вечер ни се подготвуваат на долгоочекуваниот концерт кој ќе ги разнесе срцата на сите љубители на вистинската македонска песна.

📅 Дата: 26.12.2026 година

📍 Место: СЦ „Јане Сандански“, Скопје

Генерален спонзор на овој грандиозен македонски фолк спектакл е Адора Бизнис Клуб.

Подгответе се за вечер во која песната ќе го стопи секое срце, а македонскиот мелос ќе ечи посилно од кога било досега. Да бидеме дел од една ноќ која ќе се памети и раскажува! Бидете дел од музичката магија на Јордан Митев!

Прочитај повеќе