Connect with us

Македонија

Владата донесе одлука, Македонија се придружува кон ЕУ со санкциите кон Руската Федерација

Media Press

Published

на

На денешната 17-та седница Владата на Република Македонија ја разгледа и усвои Информацијата за новиот пакет на рестриктивни мерки на ЕУ во поглед на ситуацијата во Украина со препорака за придружување на Македонија кон сите одлуки на ЕУ за овој вид на рестриктивни мерки.

„Во врска со оваа точка, Владата го задолжи Министерството за надворешни работи, преку Постојаната мисија при ЕУ во Брисел, да извести дека Северна Македонија се придружува кон новиот пакет на рестриктивни мерки на Советот на ЕУ, заедно со сите претходни одлуки за рестриктивни мерки од 2014 година до сега, во поглед на ситуацијата во Украина, и да ја започне постапката за нивно спроведување.

Во оваа фаза таргетираните рестриктивни мерки на ЕУ, кон кои се придружува и нашата земја, опфаќаат таргетирани мерки за утврден број лица од политиката и бизнисот кои одиграле улога за настанатата ситуација во Украина и за нив се воведува забрана за патување низ земјите на ЕУ, како и забрана за пристап до финансиските фондови на Унијата.

Таргетираните мерки се однесуваат и на рестрикциите на работењето на одредени банки на Руската Федерација со финансиските институции на ЕУ и на нејзините земји членки“, соопштуваат од владината прес-служба.

На оваа седница Владата ја разгледала и Информацијата за потребата од обезбедување сместување на државјани на Македонија и членовите на нивните семејства по нивна евакуација од Украина.

„Владата го задолжи Министерството за надворешни работи да ги прибере барањата на сите државјани на Република Северна Македонија и членовите на нивните семејства кои се наоѓаат во кризните региони во Украина и кои ќе побараат привремена заштита и сместување, а немаат свое сместување во Северна Македонија, во координација со Министерството за труд и социјална политика да се овозможи сместување на соодветни локации во земјата“, стои во соопштението.

Македонија

Дијалогот со СОНК продолжува договорена следна средба на 17 мај

Media Press

Published

на

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска вчера оствари средба со претседателот на СОНК, Јаким Неделков, на која присуствуваа и претставници на синдикатот и Министерството за труд и социјална политика.

На средбата како што информираат од МТСП се разговарало за барањата кои се дел од одлуката за штрајк на вработените во детските градинки, а за кои во изминатиот период не бело отворена дискусија.
Исто така, се отворило и прашањето за платите на вработените за време на штрајк.
На состанокот било договорено дека дијалогот продолжува и воедно се договорила следна средба на 17.мај со цел изнаоѓање на решенија во рамки на позитивните законски прописи.
Страните разговарале и за формирање на работна група за нов Колективен договор за предучилишните установи, чија важност истекува со месец јуни.
„Новиот Колективен договор треба да понуди нови решенија кои ќе значат унапредување на предучилишното згрижување и воспитување“, вели министерката Тренчевска.

Прочитај повеќе

Македонија

Македонската претставничка Андреа Коевска не успеа да се избори за пласман во големото финале на Евросонг

Media Press

Published

на

Македонската претставничка на Евровизија 2022 Андреа Коевска не успеа да се пласира во финалето по настапот синоќа на евровизиската сцена во Торино.

Во второто полуфинале на Евровизија 2022 настапија 18 земји а само десет се изборија за место во финалето.

Македонската претставничка ја испеа „Circles“ во рамките на втората полуфинална вечер, но за жал не успеа да се избори за пласман во големото финале на Евросонг во Торино и се враќа дома.

Андреа настапи под реден број 11 и ја претставуваше Македонија.

Нејзиното учество беше неизвесно откако таа случајно или не, го фрли знамето на тиркизниот килим на отворањето на Евровизија за да се фотографира без него. Тоа предизвика лавина негативни коментари и осуда од јавноста, но и од Македонската Радио Телевизија.

Прочитај повеќе

Македонија

Потсетување до сите сточари, во тек е повикот за набавка на силоси за сточна храна

Media Press

Published

на

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги потсетува земјоделците – сточари дека во тек е јавен повик за набака на силоси за сточна храна со капацитет до 25 тони од мерката 121 „Инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства“, подмерка 121.9 – Набавка на силоси.

Средствата се наменети за инвестиции за набавка на силоси за житни и индустриски зрнести култури (јачмен, овес, ‘рж, тритикале и пченка) во сточарството со максимален капацитет од 25 тони, предвидени со Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2022 година.

„ Ваков јавен повик се објавува за прв пат и има за цел да им помогнеме на сточарите да ги зголемат складишните капацитети за сточна храна. Максималната кофинансирана вредност на прифатливи трошоци по корисник за Мерка 121.9 изнесува еден милион денари. Средствата се доделуваат за период на реализација на деловниот план и се исплаќаат на годишно ниво“, информираат од МЗШВ.

Барателите на финансиска поддршка за овој јавен повик треба да го исполнат единствениот критериум наведен во јавниот повик , a тоа е да се регистрирани земјоделци – сточари со регистрирано одгледувалиште во Агенција за храна и ветеринарство и истото запишано во Единствениот регистар на земјоделски стопанства при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

За да можат да аплицираат на јавниот повик, барателите на финансиска поддршка треба да креираат електронско барање за финансиска поддршка со податоци за локација на инвестицијата, податоци за инвестицијата и електронски да ги прикачат потребните документи. Еден барател може да поднесе само едно барање за оваа мерка. Барањата кои не се поднесени електронски на e-baranje.ipardpa.gov.mk нема да се разгледуваат.

Барателите кои ги исполниле условите, се рангираат со бодување утврдено во Правилникот за поблиски критериуми за избор на корисници по мерките за рурален развој,  при што барањата со ист број на бодови ќе се рангираат според датумот и времето на поднесување на електронското барањето на e-baranje.ipardpa.gov.mk. Освен тоа, многу е битно барателите да го имаат предвид условот наведен во јавниот повик а тоа е дека не смеат да започнат со реализација на инвестицијата пред потпишување на  Договор за ко-финансирање со Агенцијата.

Освен задолжителното еклектронско аплицирање, сточарите баратели на финансиска поддршка за оваа мерка, потребно е документите да ги достават и во хартиена форма во писарницата на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, или за да биде појасно потребно е електронски пополнетите барања за финансиска поддршка да се превземат, испринтаат и потпишат и заедно со целокупната пропратна документација да се достават до Агенција. Писарницата на Платежната агенција врши прием на барања секој работен ден од 08:30 до 16.00 часот.

Прочитај повеќе