Connect with us

Економија

Донесена Одлука со која се определува највисоката трговска маржа на основните прехранбени производи

Avatar

Published

на

 Владата на вчерашната седница донесе Одлука со која се определува највисоката трговска маржа до 5% на продажната цена пресметана во трговијата на големо, односно до 10% на продажната цена во трговија на мало како посебен услов во трговијата

„Оваа мерка се однесува на леб; шеќер;сол;брашно – тип 400; сурово сончогледово масло и сончогледово масло за јадење; трајно млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%; свежо месо и сувомеснати производи; сирење и урда; ориз; јајца;тестенини; пченица; и овошје и зеленчук“ соопшти министерот за економија Крешник Бектеши  на прес-конференција.

„Со оглед на информациите и анализите на терен дека трошоците на производителите на основни прехранбени производи растат, оваа одлука има за цел да се ограничат тровците да прават профит на грбот на граѓаните и на производителлите. Со оваа одлука се контролира растот на цените на основните прехранбени производи  да нема значајно влијание врз потрошувачката на граѓаните со оглед на тоа што од 1 март престанува да важи одлуката за највиски (замрзнати) цени на основните прехранбени производи„ кажа министерот Бектеши

Министерот додаде дека кај трговците на мало во вкупниот износ на трговската маржа до 10% се вклучени рабатот и надоместоците кои трговецот на мало ги наплаќа од трговецот на големо за рекламирање и за примарни и секундарни позиции за изложување на стоките на рафтови односно полици.

„Оваа Одлука ќе се применува од 1 март 2022 година до 31 мај 2022 година, заради потребата да се органичи растот на цените во следните три месеци. Доколку трговците не се придржуваат до оваа одлука следуваат и глоби

„Глоба во износ од 800 до 1.000 евра во денарска противвредност за микро трговец, глоба во износ од 1.600 до 2.000 евра во денарска противвредност за мал трговец, глоба во износ од 3.000 до 6000 евра во денарска противвредност за среден трговец,глоба во износ од 7.000 до 10.000 евра во денарска противвредност за голем трговец“ кажа министерот.

Тој потенцираше дека во наредниот период Државниот пазарен инспекторат ќе излезе на терен со засилени контроли кај трговците, а граѓаните кои ќе утврдат драстично зголемени цени на основните прехранбени производи да пријават на бесплатниот телефонски број на ДПИ 191

Економија

Од утре поевтинуваат бензините и дизелот

Avatar

Published

на

ЕУРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1) од полноќ поевтинуват за три, а бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 за 2,50 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Според тоа, новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 83 денари, на Екстра лесното масло за домаќинство 82 денара. ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава за 81, а ЕУРОСУПЕР БС-98 за 83,00 денари за литар.

За 0,886 денари се намалува и цената на Мазутот М-1 НС и еден килограм ќе чини 45,087 денари.

Прочитај повеќе

Економија

Субвенции од 20.000 денари за ПВЦ прозорци, 15.000 денари за топлински пумпи и 80.000 денари за фотонапонски централи во домаќинствата, најави Владата

Avatar

Published

на

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска на прес-конференција во Владата информираше за четири јавни повици кои ги објави Министерството за економија од Програмите за поддршка на енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија.

Министерството за економија годинава првпат ќе дава субвенции до 80.000 денари за вградување фотонапонски електроцентрали во домаќинствата, субвенции за ПВЦ-прозорци до 20.000 денари за домаќинство и за сончеви колектори до 15.000 денари. Министерот за економија, Крешник Бектеши, вели дека буџетот за оваа намена годинава не е скратен, туку напротив, зголемен е и изнесува вкупно 70 милиони денари.

„За надомест на дел од трошоците за купени или вградени ПВЦ или алуминиумски прозорци во домаќинствата за 2023 година предвидени се вкупно 25 милиони денари за над 1.200 домаќинства во државата. Со цел да ја подобрат енергетската ефикасност на објектите, на лицата што ќе купат или вградат ПВЦ-прозорци ќе им обезбедиме поврат на средства до 50 % од трошокот, но не повеќе од 20 илјади денари од домаќинство. За вградување сончеви термални колекторски системи предвидени се 15 милиони денари за над 1000 домаќинства. Кофинансирањето е до 30 %, но не повеќе од 15 илјади денари од домаќинство. Третата мерка е надоместување трошоци на дел од трошоците за купување и инсталирање фотонапонски електроцентрали за производство на електрична енергија до 6 киловати во согласност со новата одлука што ја донесе Министерството за економија во делот на зголемување на капацитетот на инсталирана можност во секое домаќинство. Тука се предвидени 30 милиони денари и ќе опфати над 400 домаќинства како мерка што првпат се спроведува во нашата држава. Повратот ќе биде до 30 %, но не повеќе од 80.000 денари“, рече министерот Бектеши.

Дополнително на тоа, министерот Бектеши потсети дека во согласност со новиот правилник и другите законски акти обврска на универзалниот снабдувач на електрична енергија е да го преземе произведениот вишок енергија од домаќинствата, да им ја плати произведената енергија или да им ја надомести на оние што ќе се одлучат за вакви инвестиции.

За Струмица и за Куманово, каде што веќе има мрежа за природен гас, предвидени се субвенции за приклучок на мрежата во висина од 70 % од трошокот, но не повеќе од 25.000 денари.

Министерството за економија до крајот на мај за стопанството ќе ги кофинансира сите инвестиции во обновливи извори на енергија за сопствени потреби или за производниот процес и ќе покрива 20 % од трошокот. Целта на оваа мерка е да се намали потрошувачката на енергија од универзалниот снабдувач, кој се снабдува од ЕСМ.

Прочитај повеќе

Економија

Продажбата на автомобили во ЕУ – најниска од 1993 година!

Avatar

Published

на


Бројот на регистрирани нови автомобили во Европската унија минатата година беше најмал во последните три децении. Бројот на регистрирани нови автомобили во Европската унија минатата година беше најмал во последните три децении, и покрај скокот на продажбата во декември на германскиот и италијанскиот пазар. Податоците беа објавени во средата од Европската асоцијација на производители на автомобили.

Минатата година беа регистрирани 9,26 милиони патнички автомобили, што е за 4,6 отсто помалку од веќе слабата 2021 година и помалку од кога било од 1993 година. Бројките беа малку подобри во декември, кога продажбата скокна за 12,8 отсто, на речиси 897.000 автомобили, пишува dpa. Во Германија, продажбата скокна во декември пред укинувањето на државните субвенции за купување хибридни возила, како и намалувањето на премиите за е-автомобилите од 1 јануари. Меѓу најголемите пазари во ЕУ, бројот на регистрации се зголемил само во Германија, но за само 1,1 отсто, додека Италија и Шпанија забележале намалување од 9,7 и 5,4 отсто, соодветно.

Европските производители на автомобили се пожалија, пред сè, на недостиг на делови, вклучително и чипови.

Лидер на пазарот во ЕУ и понатаму е марката Фолксваген, со нешто повеќе од милион продадени автомобили.

Со околу 2,3 милиони продадени возила, групацијата Volkswagen како целина беше пред Stellantis, групацијата која ги вклучува Peugeot, Citroen, Fiat и Opel, со 1,8 милиони.

На третото место е групата Renault, со нешто помалку од 985.000.

БМВ, заедно со останатите марки што ги поседува, забележа 624.940 нови регистрации во ЕУ, а Мерцедес 549.023.

Прочитај повеќе