Connect with us

Македонија

Официјална церемонија и прослава на Националниот ден на Република Македонија на глобалниот саем во Дубаи

Media Press

Published

на

Македонска делегација денеска присуствуваше на официјална церемонија и прослава на Националниот ден на Република С. Македонија на глобалниот саем #expo2020dubai, информираат од Влада.

Заменикот на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, кои ја предводат Владината делегација, која е во дводневна официјална посета на Обединетите Арапски Емирати, утринава во седиштето на Стопанската комора на Дубаи остварија средба со претседателот и извршниот директор Хамад Буамим и потесниот менаџмент на комората. Според вицепремиерот Битиќи Македонија нуди можности за инвестиции во производството, енергетиката, градежништвото, туризмот и земјоделството.

„Гледаме потенцијал за зголемување на соработката во земјоделското производство, бидејќи Дубаи и ОАЕ увезуваат околу 95% од потребите за храна. За унапредување на соработката во било кој сектор, би било од обостран интерес да се возобнови директната авионска линија Скопје – Дубаи“, потенцираше вицепремиерот Битиќи на официјалната средба со претседателот на Стопанската комора на Дубаи.

Македонија

Платите во образование од септември ќе бидат зголемени во просек од над 3.500 денари

Media Press

Published

на

Дијалогот помеѓу Владата и Синдикатот за образование, наука и култура успешно заврши. Постигнат е договор за зголемување на платите во образованието во висина од 15 отсто, од септември оваа година, односно зголемување во просек од над 3.500 денари, во време на најголема светска економска криза, информираат од СДСМ.

„Ова зголемување на платите е најголемото досега и заедно со досегашните 21% зголемување е историски најголемата поддршка на вработените во образованието.
До пред само 5 години, максималното зголемување на платите беше 4%, без глобални кризи.
Сега, во услови на најголема економска и енергетска криза, покрај огромното процентуално зголемување, на вработените во образованието, преку колективните договори ќе им се овозможи и усогласување со минималната плата како и други придобивки.  Воедно, ќе се дефинира методологија за континуиран раст на платите со што ќе се заштити стандардот на наставниците и ќе се овозможи континуирано зголемување на плата без потреба од дополнителна владина, институционална или политичка интервенција“, вели премиерот Ковачевски во својата објава на социјалните мрежи.

Тој апелираше до СОНК за брзо и целосно прифаќање на договорените услови и одговорност, за да можат надлежните институции да продолжат со потребните активности за реализација на покачувањето

Прочитај повеќе

Македонија

Дијалогот со СОНК продолжува договорена следна средба на 17 мај

Media Press

Published

на

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска вчера оствари средба со претседателот на СОНК, Јаким Неделков, на која присуствуваа и претставници на синдикатот и Министерството за труд и социјална политика.

На средбата како што информираат од МТСП се разговарало за барањата кои се дел од одлуката за штрајк на вработените во детските градинки, а за кои во изминатиот период не бело отворена дискусија.
Исто така, се отворило и прашањето за платите на вработените за време на штрајк.
На состанокот било договорено дека дијалогот продолжува и воедно се договорила следна средба на 17.мај со цел изнаоѓање на решенија во рамки на позитивните законски прописи.
Страните разговарале и за формирање на работна група за нов Колективен договор за предучилишните установи, чија важност истекува со месец јуни.
„Новиот Колективен договор треба да понуди нови решенија кои ќе значат унапредување на предучилишното згрижување и воспитување“, вели министерката Тренчевска.

Прочитај повеќе

Македонија

Македонската претставничка Андреа Коевска не успеа да се избори за пласман во големото финале на Евросонг

Media Press

Published

на

Македонската претставничка на Евровизија 2022 Андреа Коевска не успеа да се пласира во финалето по настапот синоќа на евровизиската сцена во Торино.

Во второто полуфинале на Евровизија 2022 настапија 18 земји а само десет се изборија за место во финалето.

Македонската претставничка ја испеа „Circles“ во рамките на втората полуфинална вечер, но за жал не успеа да се избори за пласман во големото финале на Евросонг во Торино и се враќа дома.

Андреа настапи под реден број 11 и ја претставуваше Македонија.

Нејзиното учество беше неизвесно откако таа случајно или не, го фрли знамето на тиркизниот килим на отворањето на Евровизија за да се фотографира без него. Тоа предизвика лавина негативни коментари и осуда од јавноста, но и од Македонската Радио Телевизија.

Прочитај повеќе