Connect with us

Радовиш

Ќе се врши Избор на Совети на месна самоуправа во Урбаните-Месни заедници на Општина Радовиш

Media Press

Published

на

Општина Радовиш ги известува граѓаните дека врз основа на чл. 84 од Законот за локална самоуправа и Статутот на Општина Радовиш како и донесената Одлука на Советот на Општина Радовиш на ден 31.01.2022 година, во месеците февруари, март и април, ќе биде одржан Избор на Совети на месна самоуправа во Урбаните-Месни заедници на Општина Радовиш, поради завршување на мандатот, по следниов распоред:

Распоредото за одржување на Избор на Совети на месна самоуправа во Урбаните-Месни заедници на општина Радовиш, може да претрпе промени во случај на непредвидени ситуации. За евентуалните промени на датумот на одржување, граѓаните на соодветните месни и урбани заедници навреме ќе бидат известени, соопштуваат од Општина Радовиш.

Радовиш

Промоција на трудот „ГАЈДАРСКАТА ТРАДИЦИЈА ВО РАДОВИШКО“ на авторот М-р Александар Ицов

Media Press

Published

на

Народното творештво отсекогаш било плодна почва за научни и теоретски истражувања од повеќе аспекти. Едно од таквите научни истражување е магистарскиот труд  „ГАЈДАРСКАТА ТРАДИЦИЈА ВО РАДОВИШКО“ на  М-р Александар Ицов од Радовиш, со што гајдаџиството од радовишко како  културно наследство конечно е сместено во книга.

 Во рамките на Саемот на книги кој вчера беше отворорен во ОНБ Браќа Миладиновци, беше извршена промоција на првата книга од ваков вид во Радовиш.

Промотор на овој исклучително значаен труд за радовишкото фолклорно богатство беше Проф, д-р Драган Даутовски, а свој осврт за авторто даде и Томе Постолов професор по Македонски јазик и литература.

Во својот музички настап, м-р Александар Ицов беше поддржан од професор Александар Таушанов на гитара.

Прочитај повеќе

Радовиш

Расчистено разбојништво во Радовиш, наместо пари од казино украле коверти со исплатени тикети

Media Press

Published

на

Одделението за внатрешни работи Радовиш денеска поднесе кривична пријава против К.К. (27) од Радовиш поради сомнение дека сторил кривични дела разбојништво и спречување на докажување и против М.Т. (22) и О.А. (21), двајцата од радовишкото село Покрајчево, поради сомнение за разбојништво.

Како што информираат од МВР, на 9 мај годинава, во 4 часот, М.Т. и О.А. со закана со пиштол и нож кон вработени во казино на улица Свети Спасо Радовишки одзеле два коверта со исплатени тикети за кои сметале дека има пари.

По тоа, К.К. ги фрлил предметите со кое било извршено делото во канал во близина на селото Раклиш. По преземени мерки, полициски службеници од ОВР Радовиш ги пронашле предметите. Исто така, при претрес во домот во кој М.Т. живее под наем, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и две дробилки со остатоци од марихуана.

На 16 мај лицата биле лишени од слобода и во службен разговор со полициски службеници го признале делото. Во текот на денот тие ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка од Основен суд Струмица.

Прочитај повеќе

Радовиш

Околу 300 дечиња од ДГ„ Ацо Караманов“ од Радовиш се подготвуваат за одржување на големата завршна приредба

Media Press

Published

на

Околу 300 дечиња од ДГ „Ацо Караманов“ од Радовиш се подготвуваат за одржување на завршната приредба која традиционачно секој година се одржува по повод испраќањето на идните првачиња во прво одделение.

Овие денови односно на 16 и 18 мај се одржуваат генерланите проби за дечињата подготвени да се претстават пред своите родители и роднини.

„Завршната приредба ќе се одржи во четврток на 19 мај, со што на свечен начин околу 170 дечиња ќе бидат испратени во прво одделение“ рече диркеторката на градинката Љупка Тренчева, која активно беше вклучена во подготовките и генералните проби.

Прочитај повеќе