Connect with us

Македонија

Кои дејности смеат да работат во недела, а кои не смеат освен ако им биде дозволено и дали им е исплатена повисока дневница?

Media Press

Published

на

Јавно ќе биде објавено кои газди не ја испочитувале неработната недела. Од денеска трудовите инспектори се на терен и ќе вршат интензивни контроли во фирмите кои согласно закон смеат да работат во недела, но за тоа мора да платат поголема дневница.

Согласно измените во законите за работни односи и трговија од 01 јануари во недела смеат да работат само дејности каде што не смее да има прекин во работниот процес (суштински дејности неопходни за функционирање на општеството, дејности во кои работниот процес не смее или не може да биде запрен) и за нив е предвидено за најмалку 50 отсто поголема дневница и слободен ден, како и 100 отсто поголема дневница и слободен ден за оние кои работат во несуштинските дејности и на кои ќе им биде дозволено да работат.

Како дејности кои мора да работат за нормално функционирање на општеството, во Законот за работни односи се наведени одгледување животни, мешовито фармерство, вадење на јаглен и лигнит, вадење на руди на метал, печатење и издавање на весници, производство на леб, слатки во свежа состојба и бисквити, производство на плочи, листови, цевки и профили од пластични маси, производство на индустриски гас,  производство на метали, аптеки, снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, снабдување со вода, отстранување на отпадни води, управување со отпад идејности на санација на околината, како и копнен, цевоводен, воден и воздухопловен транспорт.

Во овие дејности спаѓаат и складирање и помошни дејности во превозот, објекти за сместување, дејности за подготовка на оброци и служење на храна, филмска дејност, дејности за видео и телевизиска програма, емитување програма, телекомуникации,  информативни услужни дејности (хостирање, обработка на податоци, интернет портали и сл.), прикажување  филмови, фотографски дејности, ветеринарни дејности, изнајмување и давање под закуп (лизинг) на моторни возила, дејности на приватна заштита и услуги на заштита со помош на сигурносни системи, но и дејности на повикувачки центри.

Како суштествени се наведени и општите дејности на јавната управа, само за итни и неодложни работи поврзани со одржување на седници, инспекциски надзори, а кои работи се од витално значење за државниот и јавниот интерес, работи на одбраната, судски и правосудни дејности,  работи на јавниот ред и безбедноста, дејности на пожарникарската служба, дејности за здравствена заштита, дејности на социјалната заштита со сместување, креативни, уметнички и забавни дејности, дејности на музеите, дејности на зоолошки градини и природни резервати, спортски, забавни и рекреативни дејности, погребни и слични дејности, царинска служба на гранични премини, дејности кои имаат карактер на помошни или придружни дејности …

Со измените и дополнувањата на законот за трговија се регулира и работата на дел од трговските субјекти кои ќе можат да работат во недела. Согласно законот,  трговијата на мало може да се врши во специјализирани продавници или киосци за продажба на сладолед, колачи и апетисани, цвеќиња, сувенири, филигранство, весници и цигари, во туристичките места утврдени со Законот за туристичка дејност, како и во продавниците на бензински станици во чии рамки се врши трговија на мало претежно со храна, пијалоци и тутун.

Македонија

Платите во образование од септември ќе бидат зголемени во просек од над 3.500 денари

Media Press

Published

на

Дијалогот помеѓу Владата и Синдикатот за образование, наука и култура успешно заврши. Постигнат е договор за зголемување на платите во образованието во висина од 15 отсто, од септември оваа година, односно зголемување во просек од над 3.500 денари, во време на најголема светска економска криза, информираат од СДСМ.

„Ова зголемување на платите е најголемото досега и заедно со досегашните 21% зголемување е историски најголемата поддршка на вработените во образованието.
До пред само 5 години, максималното зголемување на платите беше 4%, без глобални кризи.
Сега, во услови на најголема економска и енергетска криза, покрај огромното процентуално зголемување, на вработените во образованието, преку колективните договори ќе им се овозможи и усогласување со минималната плата како и други придобивки.  Воедно, ќе се дефинира методологија за континуиран раст на платите со што ќе се заштити стандардот на наставниците и ќе се овозможи континуирано зголемување на плата без потреба од дополнителна владина, институционална или политичка интервенција“, вели премиерот Ковачевски во својата објава на социјалните мрежи.

Тој апелираше до СОНК за брзо и целосно прифаќање на договорените услови и одговорност, за да можат надлежните институции да продолжат со потребните активности за реализација на покачувањето

Прочитај повеќе

Македонија

Дијалогот со СОНК продолжува договорена следна средба на 17 мај

Media Press

Published

на

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска вчера оствари средба со претседателот на СОНК, Јаким Неделков, на која присуствуваа и претставници на синдикатот и Министерството за труд и социјална политика.

На средбата како што информираат од МТСП се разговарало за барањата кои се дел од одлуката за штрајк на вработените во детските градинки, а за кои во изминатиот период не бело отворена дискусија.
Исто така, се отворило и прашањето за платите на вработените за време на штрајк.
На состанокот било договорено дека дијалогот продолжува и воедно се договорила следна средба на 17.мај со цел изнаоѓање на решенија во рамки на позитивните законски прописи.
Страните разговарале и за формирање на работна група за нов Колективен договор за предучилишните установи, чија важност истекува со месец јуни.
„Новиот Колективен договор треба да понуди нови решенија кои ќе значат унапредување на предучилишното згрижување и воспитување“, вели министерката Тренчевска.

Прочитај повеќе

Македонија

Македонската претставничка Андреа Коевска не успеа да се избори за пласман во големото финале на Евросонг

Media Press

Published

на

Македонската претставничка на Евровизија 2022 Андреа Коевска не успеа да се пласира во финалето по настапот синоќа на евровизиската сцена во Торино.

Во второто полуфинале на Евровизија 2022 настапија 18 земји а само десет се изборија за место во финалето.

Македонската претставничка ја испеа „Circles“ во рамките на втората полуфинална вечер, но за жал не успеа да се избори за пласман во големото финале на Евросонг во Торино и се враќа дома.

Андреа настапи под реден број 11 и ја претставуваше Македонија.

Нејзиното учество беше неизвесно откако таа случајно или не, го фрли знамето на тиркизниот килим на отворањето на Евровизија за да се фотографира без него. Тоа предизвика лавина негативни коментари и осуда од јавноста, но и од Македонската Радио Телевизија.

Прочитај повеќе