Струмица
До утре истекува Јавниот повик за ослободување од плаќање за престој на деца на самохрани родители во градинката „Детска радост“ Струмица

Published
3 месеци agoна
By
Media Press
Општина Струмица ги потсетува граѓаните дека Јавниот повик за пројавување интерес согласно Одлуката за ослободување од плаќање на надомест за престој на деца на самохрани родители во градинката „Детска радост“ Струмица е отворен заклучно со 18.02.2022 година.
Ова право на партиципација се остварува за дете од семејство на самохрани родители кои земаат плата пониска од просечната месечно исплатена нето плата на ниво на држава или невработени лица кои живеат на територија на општина Струмица.
За семејства на самохрани родители кои имаат право на ослободување на плаќање надомест за престој на своите деца се сметаат семејствата во кои eден од родителот е починат или непознат и за дете од разведен брак.
Од буџетот на општина Струмица за оваа година издвоени се 3.576.000 денари за ослободување од плаќање на надомест за престој на деца на самохрани родители во градинката „Детска радост“. Изборот ќе се врши од комисија формирана од Градоначалникот, по принципот „Прв дојден, прв услужен“, информираат од општината.
Поврзани содржини
Околу 300 дечиња од ДГ„ Ацо Караманов“ од Радовиш се подготвуваат за одржување на големата завршна приредба
Општина Радовиш повторно распишува ЈАВЕН ПОВИК за избор на членови за формирање на Локален младински совет
Потсетување до сите сточари, во тек е повикот за набавка на силоси за сточна храна
Со низа активности одбележан Светскиот ден на водата во детската градинка Ацо Караманов од Радовиш
Дечињата од детската градинка „Ацо Караманов“ од Радовиш ја поздравија ПРОЛЕТТА
Проширен капацитетот на градинката „Детска Радост“ во Струмица за уште 157 деца
Струмица
Кривична за струмичанец, украл делови од фрижидерите од пред неколку маркети во Струмица

Published
1 недела agoна
мај 11, 2022By
Media Press
Секторот за внатрешни работи Струмица поднесе кривична пријава против Д.Г.(37) од Струмица поради постоење основи на сомнение дека сторил повеќе кривични дела „тешка кражба“ по член 236 и кривични дела „предизвикување на општа опасност“ по член 288 од Кривичниот законик. Пријавениот Д.Г., кривичните дела ги извршил во периодот од 21.02.2022 до 30.03.2022 на тој начин што во повеќе наврати со употреба на сила и алат пресекол и украл делови од надворешните единици на фрижидерите во неколку маркети во Струмица, како и делови од гасоводната инсталација на два објекта во Струмица.
Струмица
Струмица беше домаќин на една од активностите на МВР со кои се одбележува 7 Мај – Денот на македонската полиција

Published
3 недели agoна
мај 1, 2022By
Media Press
Струмица вчера беше домаќин на една од активностите на МВР со кои се одбележува 7 Мај – Денот на македонската полиција. По тој повод Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски беше во посета на Струмица при што беше ивршена презентација на опремата со која располага МВР, СВР Струмица.

„Моето задоволство беше уште поголемо со тоа што Министерот за внатрешни работи, господинот Оливер Спасовски, од тие пет градови ја удостои токму Струмица со своето присуство, за што многу му благодарам. Прекрасно беше дружењето со полициските службеници во МВР, презентацијата на опрема и забавниот дел, со што на најубав можен начин полицијата се доближи до граѓаните.Уште еднаш ја потврдивме одличната соработка со МВР и заедничката цел дека безбедноста и јавниот ред и мир во општината ни се приоритет“ рече градоначалникот на Општина Струмица Костадин Костадинов.
Струмица
Услугата помош и нега во домот достапна и во Општина Струмица за околу 60 лица

Published
1 месец agoна
април 19, 2022By
Media Press
На околу 60 лица од Струмица со најтешка попреченост, потполно слепи лица, стари лица со навршени 65 години живот и други лица со намален функционален капацитет кои не можат сами да се грижат за себе, отсега ќе им биде достапна услугата помош и нега во домот. Услугата ќе ја обезбедуваат лиценцирани негуватели кои минаа низ серија стручни обуки. Тие секојдневно ќе им помагаат на овие лица, во извршувањето на дневните активности, почнувајќи од лична хигиена, хранење, мобилност во домот, облекување, до поддршка при чистење, перење, готвење, набавки на намирници, помош за медицинска терапија и друго.

Градоначалникот Костадин Костадинов заедно со министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, ја промовираа новата социјална услуга помош и нега во домот на Домот за стари „Отворено Срце“.
Услугата помош и нега во домот е дел од социјалната реформа што ја спроведува Министерството за труд и социјална политика, преку која за прв пат се вклучуваат надворешни партнери преку општините во давањето на социјални услуги. Здравствената установа „Отворено Срце” стана партнер на Министерството за труд и социјална политика за услугата помош и нега во домот заедно со општина Струмица.
Покрај придобивките за старите лица, со оваа услуга се овозможува и вработување на ранливи категории граѓани, како негуватели.
На доделувањето на дозволата за вршење дејност министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска истакна дека целта на услугата да биде достапна ширум земјата е во насока да им се олесни животот на граѓаните од третото доба и тоа во нивниот дом. Во рамките на Проектот за подобрување на социјалните услуги засега поддржани се вкупно 22 проекти во 27 општини.


ООУ Крсте Петков Мисирков од Радовиш потпиша договор за збратимување со училиште од Ташкопру, Општина Јалова од Турција

Пожарникарите од ТППЕ од Радовиш одржаа показна вежба за брза интервенција при појава на пожар

ОО на СДСМ, Радовиш: Поминаа шест месеци локална власт на ВМРО -ДПМНЕ во Радовиш, нови проекти нема

Платите во образование од септември ќе бидат зголемени во просек од над 3.500 денари
