Connect with us

Радовиш

Одржан првиот состанок за Проектот финансиран од ЕУ за воспоставување на систем за централно греење на јавни згради во Радовиш

Media Press

Published

на

Градоначалникот на Општина Радовиш Ацо Ристов и претставници од општината го одржаа првиот работен состанок со Здружението „ЦеПроСАРД“ од Скопје кој е партнер за новиот проект „Зелена топлина (Green Heat) – воведување на ефикасна услуга за централно греење, ориентирана кон корисниците, базирана на обновливи извори на енергија“.

Проектот кој е финансиран од Европската унија е преку воспоставување на систем за централно греење да се овозможи современа, еколошка, општинска услуга за греење на јавни згради која ќе придонесе за подобрување на условите за живот на локалното население преку воспоставување на пилот-единица во Општината Радовиш.

Овој систем кој ќе биде прв од ваков вид во земјата ќе се базира на локално најдостапните обновливи извори на енергија – сончевата енергија и биомасата, а ќе поврзе пет јавни згради и тоа: Детската градинка „Ацо Караманов“ – објект Цветови, Основното општинско училиште „Крсте Петков Мисирков“, Средното општинско училиште „Коста Сусинов“, Спортската сала „25 Мај“ како и општинската административна зграда.

Проектот предвидува формирање на локална група на клучни чинители која ќе учествува во процесите на донесување одлуки поврзани со воведување на новата услуга како клучен чекор за промовирање на учеството на јавноста во донесувањето одлуки воопшто.

Имплементацијата на проектот е организирана во повеќе активности вклучувајќи:

1. Воведна фаза – која вклучува спроведување на истражувања и анализи;

2. Воспоставување на услуга за централно греење преку мал, еколошки систем за греење базиран на ОИЕ;

3. Градење на капацитетите на клучните актери одговорни за успешна испорака на новата услуга за греење и

4. Промотивни активности за подигање на јавната свест за економските, социјалните и еколошките придобивки од новата услуга.

Проектот е финансиран од програмата IPA “EU for Municipalities” и неговото времетраење е од 15.01.2022 год. до 14.05.2022 год.

Радовиш

Комплет одела за лична заштита при справување со шумски пожари за пожарникарите од ТППЕ Радовиш

Media Press

Published

на

Центарот за развој на Југоисточен плански регион денеска додели комплет одела за лична заштита при справување со шумски пожари на пожарникарите од ТППЕ Радовиш.

Ова донација е во рамките на проектот ,,Прекугранична соработка во справување со шумски пожари” финансиран од Европската Унија преку Интеррег –ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Бугарија и Македонија и во склоп на престојниот Ден на пожарникарството-20 мај.

„Личната заштитна опрема е согласно Правилникот за видот и изгледот на униформата,видот на заштитна опрема и начинот и проверка и испитување на нејзина исправност.Останатиот дел од опремата дополнително ќе биде доставена“, рече градоначалникот Ацо Ристов .

Проектот е со времетраење од 24 месеци во која се вклучени обука на пожарникари од специјални обучувачи и добивање сертификат,потпишување Меморандум за соработка и размена на искуства со доброволните пожарникарски друштва од Асоцијацијата на југозападни општини на Република Бугарија.

Целта на проектот е воспоставување на координација и структура за спречување на се почестата појава на шумски пожари како природна катастрофа, меѓу двете земји како дел од партнерството во проектот.

Прочитај повеќе

Радовиш

Пожарникарите од ТППЕ од Радовиш одржаа показна вежба за брза интервенција при појава на пожар

Media Press

Published

на

ТППЕ од Радовиш денеска одржа ЕДНА ОД РЕДОВНИТЕ показни вешби за брза реакција при појава на пожари, која што се одржа во кругот на Спортската сала „25 Мај“ во Радовиш.

„Ова ќе биде редовна пракса и ќе се одржува еднаш месечно за подготвеноста да бида на повисоко ниво“, рече градоначалникот Ацо Ристов кој беше присутен при одржувањето на вежбата.

Екипата од ТППЕ покажа висока подготвеност доколку има потреба за брза реакција за интервенција на пожар на височина. Во вежбата беа вклучени три противпожарни возила.

Прочитај повеќе

Радовиш

ОО на СДСМ, Радовиш: Поминаа шест месеци локална власт на ВМРО -ДПМНЕ во Радовиш, нови проекти нема

Media Press

Published

на

ОО на СДСМ од Радовиш на денешната прес конференција со обвинување, за шест месеци локална власт на ВМРО ДПМНЕ во Радовиш,  промовираат само проекти започнати од претходната власт. Од СДСМ прашуваат каде се најавените капитални проекти како што е нвиот Градски пазар во Радовиш, градскиот рекреативне центар со парк покрај Канлиевата воденица и други.

Прочитај повеќе