Гевгелија
Во сообраќајна несреќа загина едно лице од Гевгелија

Published
3 месеци agoна
By
Media Press
Вчера во 20.45 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на улица „Моински пат“ во Гевгелија, патничко моторно возило „фолксваген голф“ со велешки регистарски ознаки, управувано од С.С.(56) од Гевгелија, изгубило контрола и удрило во паркирано патничко моторно возило „фолксваген поло“ со гевгелиски регистарски ознаки, кое од ударот се придвижило и удрило во друго паркирано „опел вектра“, исто така, со гевгелиски регистарски ознаки. На местото на несреќата починал возачот С.С.. Увид извршиле Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и екипа од ОВР Гевгелија. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
Поврзани содржини
Гевгелија
Активности со боева муниција на место викано „Караорман“, Општина Гевгелија

Published
3 дена agoна
мај 16, 2022By
Media Press
Одделението за внатрешни работи Гевгелија ги информира жителите на Гевгелија и околните населени места дека во деновите 19.05.2022 и 22.05.2022 година во времето од 07.00 до 15.00 часот ќе спроведе активности со боева муниција на место викано „Караорман“.
Гевгелија
Приведени четворица разбојници во Гевгелија, определен притвор

Published
3 недели agoна
април 27, 2022By
Media Press
На 26.04.2022 во Гевгелија, полициски службеници од Полициската станица Гевгелија ги лишиле од слобода А.К.(23) од село Прдејци, гевгелиско, Л.Б.(23) од Гевгелија, Р.В.(28) од село Стојаково, гевгелиско и С.М.И.(29) од Гевгелија. Тие, вчера околу 01.00 часот на улица „Миле Пецанов“ во Гевгелија физички го нападнале Ј.К.(22) од Неготино и одзеле патничко моторно возило „бмв“ со неготински регистарски ознаки, пари, мобилен телефон и други предмети кои биле во возилото.
За настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а во текот на вчерашниот ден против лицата била поднесена кривична пријава поради сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“ по член 237 став 4 од Кривичниот законик, по што од судија на претходна постапка им била определена мерка домашен притвор, информира МВР.
Гевгелија
Апел за помош на Перо Рујковски од Миравци која донираше крвна плазма за болни од ковид а сега му е потребна помош за лекување

Published
2 месеци agoна
април 1, 2022By
Media Press
Перо Рујковски од гевгелиско Миравци кој во неколку наврати донираше крвна плазма за болни од Ковид-19 во земјава, бара помош за физикална терапија. Како што ни изјави потребни му се средства за лекување со оглед на проблемот со левиот бубрег но и силните болки во пределот на половината заради што тешко се движи. Како што вели тој е невработен и има четири деца и тешко врзува крај со крај па се замолува сите добронамерни луѓе и институции да донираат за помош
,, Не сум во можност да ги набавам ниту потребните лекови а камоли да одам на физикална. Затоа се обраќам за помош до сите оти верувам дека постои хуманоста и верувам во неа,, ни изјави Рујковски кој ја приложи и својата трансакциска сметка за донации.
Перо вели дека во Гевгелија на државно немало физикална, па затоа морал да оди до Негорски бањи, а секое одење до таму го чинело 500 денари, а рој самиот и семејството живеат од социјална помош.



Комплет одела за лична заштита при справување со шумски пожари за пожарникарите од ТППЕ Радовиш

ООУ Крсте Петков Мисирков од Радовиш потпиша договор за збратимување со училиште од Ташкопру, Општина Јалова од Турција

Пожарникарите од ТППЕ од Радовиш одржаа показна вежба за брза интервенција при појава на пожар

ОО на СДСМ, Радовиш: Поминаа шест месеци локална власт на ВМРО -ДПМНЕ во Радовиш, нови проекти нема
