Радовиш
Николајчо Николов својот роденден и годинава го прослави заедно со своите пријатели од ДЦ Порака од Радовиш

Published
3 месеци agoна
By
Media PressКорисниците на дневниот центар Порака од Радовиш денеска беа на ручек во ресторан Амбасадор во Радовиш.

Поводот беше роденденот на нивниот пријател Николајчо Николов кој иако е веќе во пензија, сепак не ги заборави и повторно својот роденден го прослави најпрво со нив. Тој и годинава и подари паричка за тие да си купат нешто и да се сеќаваат на неговиот родеден.

Николов посакува и другите кои се во можност да го следат неговиот пример. Наместо богати роденденски забави да им пружат радост на овие лица кои знаат да се радуваат и да ги почувствуваат убавините на животот, но знаат и да се зблагодарат за обично парче роденденска торта. тие му подарија рачно изработени честитки и заеднички фотографи од неговите посети на Порака.

Поврзани содржини
Паричните средства како подарок за панзионирање, тројцата директори на рудникот Бучим ги донираа на ДЦ Порака во Радовиш
Бучим и Боров Дол со донации за првата детска градинка во Конче која е најсовремено опремена
Николов и годинава не ги заборави корисниците на ДЦ Порака од Радовиш за својот роденден
Радовиш
Пожарникарите од ТППЕ од Радовиш одржаа показна вежба за брза интервенција при појава на пожар

Published
4 часа agoна
мај 19, 2022By
Media Press
ТППЕ од Радовиш денеска одржа ЕДНА ОД РЕДОВНИТЕ показни вешби за брза реакција при појава на пожари, која што се одржа во кругот на Спортската сала „25 Мај“ во Радовиш.

„Ова ќе биде редовна пракса и ќе се одржува еднаш месечно за подготвеноста да бида на повисоко ниво“, рече градоначалникот Ацо Ристов кој беше присутен при одржувањето на вежбата.
Екипата од ТППЕ покажа висока подготвеност доколку има потреба за брза реакција за интервенција на пожар на височина. Во вежбата беа вклучени три противпожарни возила.

Радовиш
ОО на СДСМ, Радовиш: Поминаа шест месеци локална власт на ВМРО -ДПМНЕ во Радовиш, нови проекти нема

Published
1 ден agoна
мај 18, 2022By
Media Press
ОО на СДСМ од Радовиш на денешната прес конференција со обвинување, за шест месеци локална власт на ВМРО ДПМНЕ во Радовиш, промовираат само проекти започнати од претходната власт. Од СДСМ прашуваат каде се најавените капитални проекти како што е нвиот Градски пазар во Радовиш, градскиот рекреативне центар со парк покрај Канлиевата воденица и други.
Радовиш
Општина Радовиш се приклучува кон кампањата „Мојот данок, за мојата општина!“

Published
1 ден agoна
мај 18, 2022By
Media Press
Општина Радовиш како партнер-општина на Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите се приклучува кон кампањата „Мојот данок, за мојата општина!“
Едукативната кампања „ Мојот данок, за мојата општина! “има за цел да ја информира јавноста дека плаќањето данок на имот е должност на секој граѓанин-даночен обврзник, но во исто време и придонес на поединецот за градење на подобра иднината на општината.
„Доколку поседувате имот во одредена општина, тогаш автоматски сте даночни обврзници со законско право на даночно решение за вашиот имот, но, и законска обврска и лична должност за навремено подмирување на данокот.
Секој граѓанин-даночен обврзник треба да знае дека со навремено подмирувамена данокот на имот, го полни директно општинскиот буџет, преку кој се реализираат сите планирани јавни и инфраструктурни проекти. Со ова, едноставно кажано, секој од нас лично придонесува за развојот на општината, која во иднина ќе ја красат: нови градинки, нови игралишта, нови улици, нови училишта, ново осветлување, нови паркови, еколошки проекти, нови проекти за економски развој.
Оваа кампања оттаму, цели и да придонесе кон навремено и прецизно информирање на даночните обврзници за сите права и обврски, како и правата и обврските на општината поврзани со данокот на имот“, велат од Општина Радовиш.

ООУ Крсте Петков Мисирков од Радовиш потпиша договор за збратимување со училиште од Ташкопру, Општина Јалова од Турција

Пожарникарите од ТППЕ од Радовиш одржаа показна вежба за брза интервенција при појава на пожар

ОО на СДСМ, Радовиш: Поминаа шест месеци локална власт на ВМРО -ДПМНЕ во Радовиш, нови проекти нема

Платите во образование од септември ќе бидат зголемени во просек од над 3.500 денари
