Connect with us

Струмица

Кривична пријава за струмичанка која противправно присвоила околу половина милион денари

Media Press

Published

на

Отсекот за економски криминал при Секторот за внатрешни работи Струмица, до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против Л.К.(43) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување “ по член 353 и „послужување“ по член 240 од  Кривичниот законик.

Пријавената Л.К., во својство на сметководител на два правни субјекта кои се во стечајна постапка од Струмица, а биле нејзина сопственост, противправно присвоила 535.300 денари. Делата ги сторила на начин што на својата лична сметка незаконски враќала парични средства од правните лица по основ „поврат на позајмица“ иако таа никогаш немала дадено законска позајмица во двата правни субјекти, информира СВР Струмица.

прикажи повеќе
Advertisement

Струмица

Во текот на вчерашниот ден се случиле две сообраќајни несреќи во струмичко

Media Press

Published

на

Вчера во 05.30 часот во СВР Струмица било пријавено дека на локален пат кој води од крстосница со магистрален пат А4 кон село Доброшинци, струмичко, В.В.(54) од село Чанаклија, струмичко, управувајќи товарно моторно возило „ивеко“ со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот А.М.(38) од Струмица, а возачот и сопатникот С.Р.(26) од Струмица се здобиле со телесни повреди, констатирани во Медицински центар Струмица. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.

Исто така вчера околу 15.50 часот во СВР Струмица било пријавено дека на улица „24-ти Октомври“ во Струмица, М.К.(25) од село Дабиле, струмичко, управувајќи мотоцикл „сузуки“ со струмички регистарски ознаки, удрил во паркирано патничко моторно возило „шевролет“ со струмички регистарски ознаки.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, кој бил пренесен во Медицински центар Струмица, а увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.

Прочитај повеќе

Струмица

Започнаа инфраструктурните активности за изградба и обележување на велосипедски патеки во Струмица

Media Press

Published

на

Започнаа инфраструктурните активности за изградба и обележување на велосипедски патеки во градот Струмица со што Проектот „Струмица – Паметен вело град“ станува реалност.

Градоначалникот Костадин Костадинов со соработниците и претседателот на Советот Марјан Даскаловски и членови на истиот извршија увид во стартните активности.

„Урбаната мобилност со велосипед има огромен потенцијал во Струмица бидејќи најголем дел од патувања се на блиски растојанија, а поголем дел од градот е на рамен терен. Велосипедот е транспорт погоден за климата, погоден за здравјето на човекот, погоден за семејниот буџет. Градежните работи за изградба и обележување на велосипедските патеки во Струмица ќе траат 12 месеци. Вкупната инвестиција изнесува 295.000 евра. Овие средства се 100% донација од Европската Унија“ изјави градоначалникот Костадинов.

Прочитај повеќе

Струмица

Заврши 30-то издание на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ во Струмица, со балетската претстава „Болеро“

Media Press

Published

на

Со балетската претстава „Болеро“ од Морис Равел во кореографија на Саша Евтимова, а во изведба на Македонската опера и балет, синоќа заврши 30-то издание на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“.

Оваа балетска претстава беше одиграна во чест на актерката Дарија Ризова која ја доби наградата за најдобро актерско остварување. Ризова наградата ја доби за улогата на Маша во претставата „Нема да биде крај на светот“ по текст на Аднан Лугониќ, во режија на Нина Николиќ, копродукциска претстава на Македонскиот народен театар, Перипетија продукција-Скопје и Сараевскиот воен театар САРТР- Сараево.

Наградата која се состои од златен медалјон со ликот на Шишков и парична награда во износ од 1.500 евра, на Ризова и ја врачи претседателот на Советот на општина Струмица, Марјан Даскаловски.

Тој им ги врачи и специјалните награди на актерите Фаик Мефаиловски, Огнен Дранговски и Илина Чоревска, режисерот Васил Христов и на претставата „Злосторство и казна“ во изведба на Драмски куклен тетар од Враца, Бугарија за кои одлука донесе фестивалското жири.

Прочитај повеќе