Connect with us

Радовиш

ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО КОРИСНИЦИТЕ ОД ПРВАТА УРБАНА ЗАЕДНИЦА

Media Press

Published

на

„Поради санација на откриен дефект на главниот цевковод Ф250 на кеј „8-ми Септември“, денес Четврток 10 Февруари 2022 година ќе има прекин на водоснабдувањето на подрачјето на ПРВАТА урбана заедница до целосно завршување на работите“, соопштува ЈП Плаваја, Радовиш.

Радовиш

Известување од Здружението МОБИЛНОСТ РАДОВИШ

Media Press

Published

на

MЕЃУОПШТИНСКОТО ЗДРУЖЕНИЕ НА ТЕЛЕСНО ИНВАЛИДИЗИРАНИ ЛИЦА НА ОПШТИНИТЕ РАДОВИШ И КОНЧЕ  МОБИЛНОСТ РАДОВИШ  Радовиш, ГИ ИЗВЕСТУВА СВОИТЕ ЧЛЕНОВИ КОИ СЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА КОРИСТЕЊЕ  НА  ОДМОР И  ОПОРАВОК ВО АПАРТМАНИТЕ ВО ОХРИД  ЗА СЕЗОНАТА 2022 ГОД.  СВОИТЕ МОЛБИ ЌЕ МОЖАТ ДА ГИ ДОСТАВАТ ВО ПРОСТОРИИТЕ НА ЗДРУЖЕНИЕТО  од  15.04 – 30.04.2022 год.

ЗА  КОРИСНИЦИТЕ НА СОЦИЈАЛНА ПОМОШ КЕ СЕ ИСПЛАКА НАДОМЕСТ ЗА ХРАНАРИНА , НО ПРИТОА СО ДОСТАВЕНАТА МОЛБА, ПОДНОСИТЕЛОТ ТРЕБА ДА ДОСТАВИ И ПОТВРДА ОД ЦЕНТАРОТ ЗА СОЦИЈАЛНИ РАБОТИ ДЕКА Е КОРИСНИК НА СОЦИЈАЛНА ПОМОШ.

СМЕНАТА  ЗА КОРИСТЕЊЕ  НА  АПАРТМАНИТЕ  ЗА ОДМОР И  ОПОРАВОК  ВО ОХРИД,  ЗА ЧЛЕНОВИТЕ НА  МОБИЛНОСТ  РАДОВИШ  Е  ОД   21.09 до  29.09.2022 година, стои во соопштението од Меѓуопштинското здружение на телесно инвалидизирани лица на Општините Радовиш и Конче Мобилност Радовиш.

Просториите на здружението се отворени во ПОНЕДЕЛНИК, СРЕДА И ПЕТОК од 10 –  13 ч. 

Прочитај повеќе

Радовиш

No backpack day – Ден без ранци. Настан на средношколците од СОУ “Коста Сусинов” Радовиш

Media Press

Published

на

По повод денот „Први април – ден на шегата“ во Средното општинско училиште Коста Сусинов во Радовиш се одржа “anything but backpack day” настан во кој задача учениците беше да носат книги во сѐ освен ранци.

Погледнете ги креативните решенија на овој предизвик

Прочитај повеќе

Радовиш

Приведени двајца разбојници од Радовиш, кај нив е пронајдена и бела прашкаста материја

Media Press

Published

на

Полициски службеници од Полициската станица Радовиш, денес ги лишиле од слобода Д.Ц од Радовиш и А.Ѓ. од село Ораовица, радовишко, поради сомнение дека околу 05.00 часот на раскрсница од улиците „22-ри Октомври“ и „Коста Сусинов“ во Радовиш од В.Ѓ. присилно одзеле пари.

„По извршен преглед, кај А.Ѓ. била пронајдена бела прашкаста материја, а при претрес во дом и други простории кои ги користи А.Ѓ., извршени по Наредба на Основен суд Радовиш, било пронајдено уште едно пакување со бела прашкаста материја и ќесе со марихуана. 
Лицата се задржани во Полициската станица Радовиш и по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.“ – стои во соопштението од Министерството за внатрешни работи

Прочитај повеќе