Connect with us

Радовиш

Млади од Калуѓерица радовишко со еко акција за озеленување на просторот околу манастирот ,,Исус Христос’’, посадени 150 дрвца

Avatar

Published

на

Млади луѓе од село Калуѓерица радовишко, кои во декември садеа чемпреси, црн бор и багреми во и околу населеното место, реализираа уште една акција за озеленување на своето село. Тие во неделата посадија 150 чемпреси и црн бор во кругот на манастирот ,,Исус Христос’’ кој се гради над селото на локацијата Бутурус во Калуѓерица општина Радовиш.

Како што не информираше еден од младите ентузијасти Мите Трајков оваа еко акција ја планирале уште минатата година со цел жителите од ова населено место но и сите добронамерници добијат ново катче за одмор и рекреација. Се одлучиле за локација на која се гради манастир кој треба да биде и хортикултурно уреден.

,,Денешното убаво време ни даде можност да ја реализираме целата акција во која се вклучивме десетина млади од селото. Станува збор за садници што ни ги даде Здравко Велков од Калуѓерица а имавме останато садници и од претходната акција. Ги засадивме и да се надеваме дека ќе се чуваат и одржуваат. Ова е наш влог за почиста и поубава средина каде што живееме и упатуваме апел да се одржуваат сите садници оти зеленилото не треба да се уништува,, ни изјави Трајков

На почетокот на декември овие млади ентузијасти, љубители на природата, засадија 200 дрвца во паркот во Калѓерица но и на влезот во селото. Велат дека се поборници за поубаво место за живеење и сакаат да направат нешто добро за своето населено место. Тврдат дека напролет ги очекуваат резултатите од  нивната декемвриска и од последната акција.

Радовиш

Детската градинка во Радовиш организира работилница за уредување на дворните површини во објектите

Avatar

Published

на

Детската градинка во Радовиш организира работилница за уредување на дворните површини во објектите, во која се вклучија семејствата – родителите, вработените, локалната заедница.

„Тимската работа, дружење и размена на идеи секогаш дава резултати“, велат од градинката, од каде им се заблагодароват на сите оние кои се вклучија да ги разубават дворовите на Објектите, каде што престојуват нивните дечиња.

Прочитај повеќе

Радовиш

Регионална средба во ОНБ „Браќа Миладиновци“ во Радовиш

Avatar

Published

на

Регионална средба на библиотекари од јавни и училишни библиотеки денеска беше одржана во ОНБ „Браќа Миладиновци“ во Радовиш. Тема на расправа на средбата беше „Евидентирање на библиотеките од Македонија и нивно регистирање во светската библиотекарска организација ИФЛА“.

На средбата учествуваа библиотекари од југоисточниот регион, од Валандово, Богданци, струмица и Штип.

Прочитај повеќе

Радовиш

Завршена изградбата на помошен објект при Домот на културата „Ацо Караманов“ во Радовиш

Avatar

Published

на

Успешно заврши проектот „Реконструкција на Домот на културата Ацо Караманов во Радовиш“ за изградба на помошен објект – натстрешница која има за цел оградување на самата зграда на Домот на култура. Оваа нова структура има значајна услужна функција, осигурувајќи полесен пристап од дворот до бината на салата на Домот.

Овој проект е имплементиран од страна на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион со партнерство на о.Радовиш во рамки на Програмата за рамномерен регионален развој, со финансиска поддршка од Бирото за регионален развој.

Прочитај повеќе