Connect with us

Струмица

Проширен капацитетот на градинката „Детска Радост“ во Струмица за уште 157 деца

Media Press

Published

на

Преку проширување на капацитетот, градинката „Детска Радост“ во општина Струмица сега може да згрижи 157 деца.

Министерката Тренчевска  заедно со градоначалникот на општина Струмица, Костадин Костадинов денеска ја посетија детската градинка „Детска Радост”, којашто го прошири капацитетот за дополнителни 57 деца, со доизградба на нов дел поврзан со постојниот објект.

За изведувањето на градежните работи и опремување на градинката, Министерството има обезбедено средства во износ од 17 милиони денари како дел од Програмата за изградба, опремување и одржување на објекти за детска заштита за 2020 година. Со доградбата, градинката добива 4 нови простории, од кои две јаслени занимални и две занимални во кои ќе бидат сместени деца од 2-4 години.

Струмица

Кривична за струмичанец, украл делови од фрижидерите од пред неколку маркети во Струмица

Media Press

Published

на

Секторот за внатрешни работи Струмица поднесе кривична пријава против Д.Г.(37) од Струмица поради постоење основи на сомнение дека сторил повеќе кривични дела „тешка кражба“ по член 236 и кривични дела „предизвикување на општа опасност“ по член 288 од Кривичниот законик. Пријавениот Д.Г., кривичните дела ги извршил во периодот од 21.02.2022 до 30.03.2022 на тој начин што во повеќе наврати со употреба на сила и алат пресекол и украл делови од надворешните единици на фрижидерите во неколку маркети во Струмица, како и делови од гасоводната инсталација на два објекта во Струмица.

Прочитај повеќе

Струмица

Струмица беше домаќин на една од активностите на МВР со кои се одбележува 7 Мај – Денот на македонската полиција

Media Press

Published

на

Струмица вчера беше домаќин на една од активностите на МВР со кои се одбележува 7 Мај – Денот на македонската полиција. По тој повод Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски беше во посета на Струмица при што беше ивршена презентација на опремата со која располага МВР, СВР Струмица.

„Моето задоволство беше уште поголемо со тоа што Министерот за внатрешни работи, господинот Оливер Спасовски, од тие пет градови ја удостои токму Струмица со своето присуство, за што многу му благодарам. Прекрасно беше дружењето со полициските службеници во МВР, презентацијата на опрема и забавниот дел, со што на најубав можен начин полицијата се доближи до граѓаните.Уште еднаш ја потврдивме одличната соработка со МВР и заедничката цел дека безбедноста и јавниот ред и мир во општината ни се приоритет“ рече градоначалникот на Општина Струмица Костадин Костадинов.

Прочитај повеќе

Струмица

Услугата помош и нега во домот достапна и во Општина Струмица за околу 60 лица

Media Press

Published

на

На околу 60 лица од Струмица  со најтешка попреченост, потполно слепи лица, стари лица со навршени 65 години живот и други лица со намален функционален капацитет кои не можат сами да се грижат за себе, отсега ќе им биде достапна услугата помош и нега во домот. Услугата ќе ја обезбедуваат лиценцирани негуватели кои минаа низ серија стручни обуки. Тие секојдневно ќе им помагаат на овие лица, во извршувањето  на дневните активности, почнувајќи од лична хигиена, хранење, мобилност во домот, облекување, до поддршка при чистење, перење, готвење, набавки на намирници, помош за медицинска терапија и друго.

 Градоначалникот  Костадин Костадинов заедно со министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, ја промовираа новата социјална услуга помош и нега во домот  на Домот за стари „Отворено Срце“.

Услугата помош и нега во домот е дел од социјалната реформа што ја спроведува Министерството за труд и социјална политика, преку која за прв пат се вклучуваат надворешни партнери преку општините во давањето на социјални услуги. Здравствената установа „Отворено Срце” стана партнер на Министерството за труд и социјална политика за услугата помош и нега во домот заедно со општина Струмица.

Покрај придобивките за старите лица, со оваа услуга  се овозможува и вработување на ранливи категории граѓани, како негуватели.

На доделувањето на дозволата за вршење дејност министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска истакна дека целта на услугата да биде достапна ширум земјата е во насока да им се олесни животот на граѓаните од третото доба и тоа во нивниот дом. Во рамките на Проектот за подобрување на социјалните услуги засега поддржани се вкупно 22 проекти во 27 општини.

Прочитај повеќе