Македонија
Постигната согласност, минималната плата од 18.000 денари ќе започне да се исплатува од месец април

Published
3 месеци agoна
By
Media Press
Минималната плата што ќе започне да се исплатува од месец април за 80.000 граѓани во Македонија ќе биде во висина од најмалку 18.000 денари.
Ова е резултат од договорот што вечерва го постигна Владата со синдикатите и со работодавачите.
Со ова најново покачување на минималната плата, трето по ред во последните 4 години, 80.000 граѓани ќе бидат извлечени над прагот на сиромаштијата, информираат од Влада.
Постигнавме уште една важна согласност, истакна премиерот Ковачевски во својата изјава за медиумите по повод најновото зголемување на минималната плата, да ги промениме критериумите за методологијата за годишно усогласување на минималната плата со 50% од годишниот раст на просечната плата и 50% од растот на трошоците за живот. Третиот критериум е новина, висината на минималната плата нема да може биде пониска од 57% од просечната плата објавена според Државниот завод за статистика.
„Со дефинирањето на минималната плата на висина од 18.000 денари, сума која е воедно и двојно покачување од минималната плата од онаа во 2016 година, стануваме предводници во Европа со висината на уделот на минималната во просечната плата. Очекуваме оваа мерка да влијае позитивно и на останатите плати во сите други индустрии, со што ќе се подобри стандардот на сите граѓани“, нагласи Ковачевски.
Државата ќе ја покрие целокупната разлика во делот на придонесите од минималната плата од 15.200 денари која се исплаќа сега, до онаа која ќе се исплаќа за март од 18.000 денари.
Ковачевски потсети дека Владата веќе
обезбедува субвенции за околу 130.000 граѓани кои веќе земаат повисоки плати во
своите фирми, преку покривање на придонесите – за таа намена се издвојуваат 48 милиони евра годишно.
Поврзани содржини
Прашањето за зголемување на минималната плата на 18.000 денари останува отворено, дијалогот меѓу засегнатите страни почнува во среда
Со повисока минимална плата до поголема продуктивност и позитивен ефект врз животниот стандард на работниците
Ковачевски – Петков: Имаме волја за брз напредок во меѓусебните односи
Минималната плата ќе се зголеми на 18.000 денари, во вториот квартал од годинава
Македонија
Платите во образование од септември ќе бидат зголемени во просек од над 3.500 денари

Published
1 ден agoна
мај 18, 2022By
Media Press
Дијалогот помеѓу Владата и Синдикатот за образование, наука и култура успешно заврши. Постигнат е договор за зголемување на платите во образованието во висина од 15 отсто, од септември оваа година, односно зголемување во просек од над 3.500 денари, во време на најголема светска економска криза, информираат од СДСМ.
„Ова зголемување на платите е најголемото досега и заедно со досегашните 21% зголемување е историски најголемата поддршка на вработените во образованието.
До пред само 5 години, максималното зголемување на платите беше 4%, без глобални кризи.
Сега, во услови на најголема економска и енергетска криза, покрај огромното процентуално зголемување, на вработените во образованието, преку колективните договори ќе им се овозможи и усогласување со минималната плата како и други придобивки. Воедно, ќе се дефинира методологија за континуиран раст на платите со што ќе се заштити стандардот на наставниците и ќе се овозможи континуирано зголемување на плата без потреба од дополнителна владина, институционална или политичка интервенција“, вели премиерот Ковачевски во својата објава на социјалните мрежи.
Тој апелираше до СОНК за брзо и целосно прифаќање на договорените услови и одговорност, за да можат надлежните институции да продолжат со потребните активности за реализација на покачувањето
Македонија
Дијалогот со СОНК продолжува договорена следна средба на 17 мај

Published
6 дена agoна
мај 13, 2022By
Media Press
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска вчера оствари средба со претседателот на СОНК, Јаким Неделков, на која присуствуваа и претставници на синдикатот и Министерството за труд и социјална политика.
На средбата како што информираат од МТСП се разговарало за барањата кои се дел од одлуката за штрајк на вработените во детските градинки, а за кои во изминатиот период не бело отворена дискусија.
Исто така, се отворило и прашањето за платите на вработените за време на штрајк.
На состанокот било договорено дека дијалогот продолжува и воедно се договорила следна средба на 17.мај со цел изнаоѓање на решенија во рамки на позитивните законски прописи.
Страните разговарале и за формирање на работна група за нов Колективен договор за предучилишните установи, чија важност истекува со месец јуни.
„Новиот Колективен договор треба да понуди нови решенија кои ќе значат унапредување на предучилишното згрижување и воспитување“, вели министерката Тренчевска.
Македонија
Македонската претставничка Андреа Коевска не успеа да се избори за пласман во големото финале на Евросонг

Published
6 дена agoна
мај 13, 2022By
Media Press
Македонската претставничка на Евровизија 2022 Андреа Коевска не успеа да се пласира во финалето по настапот синоќа на евровизиската сцена во Торино.
Во второто полуфинале на Евровизија 2022 настапија 18 земји а само десет се изборија за место во финалето.
Македонската претставничка ја испеа „Circles“ во рамките на втората полуфинална вечер, но за жал не успеа да се избори за пласман во големото финале на Евросонг во Торино и се враќа дома.
Андреа настапи под реден број 11 и ја претставуваше Македонија.
Нејзиното учество беше неизвесно откако таа случајно или не, го фрли знамето на тиркизниот килим на отворањето на Евровизија за да се фотографира без него. Тоа предизвика лавина негативни коментари и осуда од јавноста, но и од Македонската Радио Телевизија.

ООУ Крсте Петков Мисирков од Радовиш потпиша договор за збратимување со училиште од Ташкопру, Општина Јалова од Турција

Пожарникарите од ТППЕ од Радовиш одржаа показна вежба за брза интервенција при појава на пожар

ОО на СДСМ, Радовиш: Поминаа шест месеци локална власт на ВМРО -ДПМНЕ во Радовиш, нови проекти нема

Платите во образование од септември ќе бидат зголемени во просек од над 3.500 денари
