Радовиш
Одржана традиционалната манифестација „Спортист на годината“ во Радовиш

Published
3 месеци agoна
By
Media PressОдржана традиционалната манифестација „Спортист на годината“ во Радовиш, во присуство на голем број спортисти, тренери, спортски работници и претставници од спортските клубови, како и претставници од бизнис секторот во општината. Манифестацијата се одржа во петокот во ресторан „Маг Марг“, а во организација на Општина Радовиш

Претходно комисијата за образование, спорт и култура и Советот на општина Радовиш врз основа на објавениот Оглас за пријавување на спортисти, спортски работници и спортски екипи а согласно Правилникот за критериуми за избор на спортист на годината, извршија избор на најдобрите поединци – спортисти во различни категории, спортски екипи, тренер, спортски работник и посебни спортски достигнувања за изминатата 2021-та година.
Манифестацијата беше отворена со поздравен говор на градоначалникот на општина Радовиш, Ацо Ристов, по што следувше и обраќање на проф. Д-р. Ванчо Чифлиганец кој во 1996 година го направи Боречкиот клуб од Радовиш светски шампион.
Чифлиганец во оваа прилика подари статуетка на градоначалникот Ацо Ристов и на Општина Радовиш како и на претседателот на Боречкиот клуб Бучим Влатко Лазаров по повод 60 години боречки клуб во Радовиш.

Градоначалникот Ристов исто такаму додели плакета на Ванчо Чифлиганец за посебни заслуги во спортот во Општина Радовиш, а потоа следуваше видео презентација на документарниот филм „Македонскиот сон – Ние сме светски шампиони“.

По презентацијата, најпрво беа доделени Плакети за посебно спортско достигнување на Атанас Ципушев од СРРК „Крап“ и Драги Коцев од ЖФК „Плачковица“ а потоа следуваа Плакетите на Горан Атанасов од Боречкиот клуб „БУЧИМ – РАДОВИШ“ за спортски тренер на годината и на Перо Трајчев од КК „Бучим-Феникс“за спортски работник за повеќегодишна работа.
Веднаш потоа беа доделени Плакети за најуспешни спортски екипи на Боречкиот клуб „БУЧИМ – РАДОВИШ“ и Женскиот фудбалски клуб „Плачковица“.

Во продолжение од страна на Градоначалникот Ристов, беа доделени Плакетите за спортсти на годината на: Мемет Усеинов во категорија-пионери, Зорица Јованова и Арон Николов во категорија-кадети како и Плакетите на Благица Гоцевска од Џудо клуб „Сенсеи“ и Мирко Василев од Муаи Таи клуб „КОМБАТ“ за Спортисти на годината – категорија Сениори.
На крај постхумно беше доделена Плакета на Зоран Мајсторски од Алпинистичкиот клуб „Плоча“ за врвни достигнувања во спортот.
Поврзани содржини
И годинава ќе се одржи спортската манифестација „Спортист на годината“ во Струмица
Општина Радовиш го објави јавниот оглас за избор на најуспешни спортисти, спортски екипи и спортски работници
Во Радовиш и годинава се одржа литературната манифестацијата ,,Пролет на сребрените соништа“
Видео: Третата по ред поетска манифестација за деца и млади „Пролет на сребрените соништа“- Радовиш 2020, одржана онлајн
Откажан карневалот во Струмица
Одржана традиционалната манифестација „Спортист на годината-2019“ во Радовиш
Радовиш
Пожарникарите од ТППЕ од Радовиш одржаа показна вежба за брза интервенција при појава на пожар

Published
4 часа agoна
мај 19, 2022By
Media Press
ТППЕ од Радовиш денеска одржа ЕДНА ОД РЕДОВНИТЕ показни вешби за брза реакција при појава на пожари, која што се одржа во кругот на Спортската сала „25 Мај“ во Радовиш.

„Ова ќе биде редовна пракса и ќе се одржува еднаш месечно за подготвеноста да бида на повисоко ниво“, рече градоначалникот Ацо Ристов кој беше присутен при одржувањето на вежбата.
Екипата од ТППЕ покажа висока подготвеност доколку има потреба за брза реакција за интервенција на пожар на височина. Во вежбата беа вклучени три противпожарни возила.

Радовиш
ОО на СДСМ, Радовиш: Поминаа шест месеци локална власт на ВМРО -ДПМНЕ во Радовиш, нови проекти нема

Published
1 ден agoна
мај 18, 2022By
Media Press
ОО на СДСМ од Радовиш на денешната прес конференција со обвинување, за шест месеци локална власт на ВМРО ДПМНЕ во Радовиш, промовираат само проекти започнати од претходната власт. Од СДСМ прашуваат каде се најавените капитални проекти како што е нвиот Градски пазар во Радовиш, градскиот рекреативне центар со парк покрај Канлиевата воденица и други.
Радовиш
Општина Радовиш се приклучува кон кампањата „Мојот данок, за мојата општина!“

Published
1 ден agoна
мај 18, 2022By
Media Press
Општина Радовиш како партнер-општина на Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите се приклучува кон кампањата „Мојот данок, за мојата општина!“
Едукативната кампања „ Мојот данок, за мојата општина! “има за цел да ја информира јавноста дека плаќањето данок на имот е должност на секој граѓанин-даночен обврзник, но во исто време и придонес на поединецот за градење на подобра иднината на општината.
„Доколку поседувате имот во одредена општина, тогаш автоматски сте даночни обврзници со законско право на даночно решение за вашиот имот, но, и законска обврска и лична должност за навремено подмирување на данокот.
Секој граѓанин-даночен обврзник треба да знае дека со навремено подмирувамена данокот на имот, го полни директно општинскиот буџет, преку кој се реализираат сите планирани јавни и инфраструктурни проекти. Со ова, едноставно кажано, секој од нас лично придонесува за развојот на општината, која во иднина ќе ја красат: нови градинки, нови игралишта, нови улици, нови училишта, ново осветлување, нови паркови, еколошки проекти, нови проекти за економски развој.
Оваа кампања оттаму, цели и да придонесе кон навремено и прецизно информирање на даночните обврзници за сите права и обврски, како и правата и обврските на општината поврзани со данокот на имот“, велат од Општина Радовиш.

ООУ Крсте Петков Мисирков од Радовиш потпиша договор за збратимување со училиште од Ташкопру, Општина Јалова од Турција

Пожарникарите од ТППЕ од Радовиш одржаа показна вежба за брза интервенција при појава на пожар

ОО на СДСМ, Радовиш: Поминаа шест месеци локална власт на ВМРО -ДПМНЕ во Радовиш, нови проекти нема

Платите во образование од септември ќе бидат зголемени во просек од над 3.500 денари
