Connect with us

Регион

Продолжува праксата за вршење превоз на патници без соодветна докуметација

Avatar

Published

на

Вчера во периодот од 06.30 до 09.30 часот на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена контрола над возила кои вршат организиран превоз на ученици. Притоа, во Струмица и Богданци биле откриени два автобуси кои вршеле превоз без соодветна документација.

За констатираните прекршоци биле изречени соодветни санкции.

прикажи повеќе
Advertisement

Регион

При спроведена контрола во регионот 91 санкционирани возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената

Avatar

Published

на

На 03.12.2023 во периодот од 10.00 до 16.00 часот на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената. Притоа, биле констатирани 91 прекршување на брзината, од кои по 36 на подрачјата на Струмица и Радовиш, 10 на подрачје на Валандово и 9 на подрачје на Гевгелија.

Од нив, 70 пречекорувања на брзината биле констатирани надвор од населено место, а 21 во населено место. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.

Прочитај повеќе

Регион

Пронајдена и одземена марихуана, пријава за физички напад, дел од вчерашниот билтен на СВР Струмица

Avatar

Published

на

На 22.11.2023 година во 21.25 часот во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Н.Ш.(23) од Струмица. При преглед на патничко возило „фиат“ со струмички регистарски ознаки, кое го управувал, била пронајдена и одземена марихуана. За настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по документирање на случајот против Н.Ш. ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 22.11.2023 во 10.25 часот во Полициската станица Струмица, Ж.Т.(64) од Струмица пријавила дека на 20.11.2023 во Струмица била физички нападната од Е.К.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 22.11.2023 во 11.50 часот во Полициската станица Струмица Е.А.(68) од село Радичево, струмичко, пријавила дека во село Радичево била касната од куче скитник.

Прочитај повеќе

Регион

„Биди подготвен за безбедно патување“, превентивни активности на МВР…

Avatar

Published

на

Во текот на вчерашниот ден (13.11.) на подрачјето на Секторите за внатрешни работи Штип, Велес и Струмица беа реализирани превентивни активности, од кои поголем дел посветени на законската обврска за носење на зимска опрема во возилата, која почнува од утре 15.11.

Така, на подрачјето на СВР Штип, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Свети Николе под мотото – „Биди подготвен за безбедно патување“ практично ја најавија законската обврска за носење на зимска опрема во возилата, а пак во Кавадарци на подрачјето на СВР Велес полициски службеници од Отсекот за превенција при овој сектор исто така спроведоа превентивни активности на истата тема. Притоа, на возачите им беа делени едукативни материјали изработени во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

На подрачјето на СВР Струмица поточно во средното општинско училиште „Димитар Влахов“ со средношколците од втора и од четврта година беше одржана едукативна работилница посветена на превенцијата на врсничкото насилство.

Прочитај повеќе