Connect with us

Радовиш

Потпретседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Радовиш со контра прес: Тие оставија пустош во училиштата, градинките

Media Press

Published

на

„Во изминатиот период тие оставија пустош во училиштата, градинките и здравството“ вели  потпретседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Радовиш и Советник во Советот на Општина Радовиш Александар Кулашиќ на денешната прес конференција, како одговор на одржаниот прес на советничката Симона Цветаноски од СДСМ

„Веруваме дека Симона е правник со некупена диплома. Таа добро знае дека градинките се во надлежност на Министерството за труд и социјала односно на партијата која што и таа припаѓа.

Во изминатиот период тие оставија пустош во училиштата, градинките и здравството. Наместо да обезбедат согласност и трајно да го решат вработувањето на негувателките во градинките преку надлежните министерства тие во стилот на Заев, живи луѓе ке јадиме, од портир до чистач ке истераме генерираа проблеми и меѓусебно се јадеа и политички се изедоа.

Народот ги казни, изгубија на локалните избори.Тие не решаваат проблеми, тие генерираат проблеми, а и самите се проблем за себе, за СДС за државата. Општинското раководство на СДС во Радовиш е во тотален хаос.

Симона прави спинови да се ослободи од лично чувство на вина за пустошот и проблемите кои ги оставија свесна дека СДС е чамец кој тони и уплашена од способноста на мнозинството во Советот на Општина Радовиш, како и креативноста и способноста на градоначалникот Ацо Ристов сака лично политички да поентира и да прави каква – таква лична кариера во распаднатиот СДС.

Симона Цветаноски како координатор на Советничката група на СДСМ и Коалицијата, на вчерашната прес конференција обвини дека децата во детската градинка „Цветови“ во Радовиш, околу еден месец се оставени без негувателска грижа.

„ Повеќе од 10 дена децата во детската градинка Ацо Караманов, во Радовиш, се оставени без негувателска грижа, поради неспособноста на локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалничкот Ацо Ристов. Потребно е сите негувателки коишто седат дома да се повикаат да продолжат со работа како би продолжило редовното и нормалното работење во детските градинки. Потребно е ветувањето коешто беше дадено од страна на градоначалникот на една од претходните седници на Советот каде што вети дека сите негувателки коишто се дома ќе почнат со работа од 01.02.2022 година да се реализира. Денеска сме 02.02.2022 година, се уште не се повикани“, рече Цветаноски на одржаната прес конференција.

Радовиш

Промоција на трудот „ГАЈДАРСКАТА ТРАДИЦИЈА ВО РАДОВИШКО“ на авторот М-р Александар Ицов

Media Press

Published

на

Народното творештво отсекогаш било плодна почва за научни и теоретски истражувања од повеќе аспекти. Едно од таквите научни истражување е магистарскиот труд  „ГАЈДАРСКАТА ТРАДИЦИЈА ВО РАДОВИШКО“ на  М-р Александар Ицов од Радовиш, со што гајдаџиството од радовишко како  културно наследство конечно е сместено во книга.

 Во рамките на Саемот на книги кој вчера беше отворорен во ОНБ Браќа Миладиновци, беше извршена промоција на првата книга од ваков вид во Радовиш.

Промотор на овој исклучително значаен труд за радовишкото фолклорно богатство беше Проф, д-р Драган Даутовски, а свој осврт за авторто даде и Томе Постолов професор по Македонски јазик и литература.

Во својот музички настап, м-р Александар Ицов беше поддржан од професор Александар Таушанов на гитара.

Прочитај повеќе

Радовиш

Расчистено разбојништво во Радовиш, наместо пари од казино украле коверти со исплатени тикети

Media Press

Published

на

Одделението за внатрешни работи Радовиш денеска поднесе кривична пријава против К.К. (27) од Радовиш поради сомнение дека сторил кривични дела разбојништво и спречување на докажување и против М.Т. (22) и О.А. (21), двајцата од радовишкото село Покрајчево, поради сомнение за разбојништво.

Како што информираат од МВР, на 9 мај годинава, во 4 часот, М.Т. и О.А. со закана со пиштол и нож кон вработени во казино на улица Свети Спасо Радовишки одзеле два коверта со исплатени тикети за кои сметале дека има пари.

По тоа, К.К. ги фрлил предметите со кое било извршено делото во канал во близина на селото Раклиш. По преземени мерки, полициски службеници од ОВР Радовиш ги пронашле предметите. Исто така, при претрес во домот во кој М.Т. живее под наем, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и две дробилки со остатоци од марихуана.

На 16 мај лицата биле лишени од слобода и во службен разговор со полициски службеници го признале делото. Во текот на денот тие ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка од Основен суд Струмица.

Прочитај повеќе

Радовиш

Околу 300 дечиња од ДГ„ Ацо Караманов“ од Радовиш се подготвуваат за одржување на големата завршна приредба

Media Press

Published

на

Околу 300 дечиња од ДГ „Ацо Караманов“ од Радовиш се подготвуваат за одржување на завршната приредба која традиционачно секој година се одржува по повод испраќањето на идните првачиња во прво одделение.

Овие денови односно на 16 и 18 мај се одржуваат генерланите проби за дечињата подготвени да се претстават пред своите родители и роднини.

„Завршната приредба ќе се одржи во четврток на 19 мај, со што на свечен начин околу 170 дечиња ќе бидат испратени во прво одделение“ рече диркеторката на градинката Љупка Тренчева, која активно беше вклучена во подготовките и генералните проби.

Прочитај повеќе