Connect with us

Македонија

Николовски: Откупот на тутунот се одвива непречено, досега се откупени 74% од договореното производство

Media Press

Published

на

Според податоците од Државниот инспекторат за земјоделство, досега се откупени околу 74% од вкупното договорено количество на тутун, односно околу 16.500 тони од вкупно 22 илјади тони за коишто се склучени договори, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.
Околу 94 отсто од откупениот тутун веќе им е исплатен на тутунопроизводителите од страна на откупувачите. Просечната откупна цена достигна 197 денари по килограм. 

„Уште во 2017 година за реколтата од 2017 го реализиравме ветувањето коешто го дадовме на тутунопроизводителите како најбројна категорија на земјоделци кои се занимаваат со оваа значајна земјоделска гранка, која обезбедува над 100 милиони евра девизен прилив во државата. Првенствено преку промена на моделот за субвенционирање што го направивме во 2017 година, воведување на моделот за плаќање по класи, за прва класа 80 денари, за втора класа 70 и за трета класа 60 денари по килограм. Тоа беше ветување пред тутунопроизводителите дадено во 2016 година и реализирано во 2017 година. Донесовме нов Закон за тутун, со којшто се усогласивме со европските директиви и ги олеснивме административните процедури, ги укинавме евидентните листови, тутунарите денеска директно склучуваат договори со откупните компании. Од 2017 година досега се постигнаа највисоки просечни откупни цени за тутунот”, изјави Николовски при вчерашната посета на прилепскиот регион. 

Македонија

Платите во образование од септември ќе бидат зголемени во просек од над 3.500 денари

Media Press

Published

на

Дијалогот помеѓу Владата и Синдикатот за образование, наука и култура успешно заврши. Постигнат е договор за зголемување на платите во образованието во висина од 15 отсто, од септември оваа година, односно зголемување во просек од над 3.500 денари, во време на најголема светска економска криза, информираат од СДСМ.

„Ова зголемување на платите е најголемото досега и заедно со досегашните 21% зголемување е историски најголемата поддршка на вработените во образованието.
До пред само 5 години, максималното зголемување на платите беше 4%, без глобални кризи.
Сега, во услови на најголема економска и енергетска криза, покрај огромното процентуално зголемување, на вработените во образованието, преку колективните договори ќе им се овозможи и усогласување со минималната плата како и други придобивки.  Воедно, ќе се дефинира методологија за континуиран раст на платите со што ќе се заштити стандардот на наставниците и ќе се овозможи континуирано зголемување на плата без потреба од дополнителна владина, институционална или политичка интервенција“, вели премиерот Ковачевски во својата објава на социјалните мрежи.

Тој апелираше до СОНК за брзо и целосно прифаќање на договорените услови и одговорност, за да можат надлежните институции да продолжат со потребните активности за реализација на покачувањето

Прочитај повеќе

Македонија

Дијалогот со СОНК продолжува договорена следна средба на 17 мај

Media Press

Published

на

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска вчера оствари средба со претседателот на СОНК, Јаким Неделков, на која присуствуваа и претставници на синдикатот и Министерството за труд и социјална политика.

На средбата како што информираат од МТСП се разговарало за барањата кои се дел од одлуката за штрајк на вработените во детските градинки, а за кои во изминатиот период не бело отворена дискусија.
Исто така, се отворило и прашањето за платите на вработените за време на штрајк.
На состанокот било договорено дека дијалогот продолжува и воедно се договорила следна средба на 17.мај со цел изнаоѓање на решенија во рамки на позитивните законски прописи.
Страните разговарале и за формирање на работна група за нов Колективен договор за предучилишните установи, чија важност истекува со месец јуни.
„Новиот Колективен договор треба да понуди нови решенија кои ќе значат унапредување на предучилишното згрижување и воспитување“, вели министерката Тренчевска.

Прочитај повеќе

Македонија

Македонската претставничка Андреа Коевска не успеа да се избори за пласман во големото финале на Евросонг

Media Press

Published

на

Македонската претставничка на Евровизија 2022 Андреа Коевска не успеа да се пласира во финалето по настапот синоќа на евровизиската сцена во Торино.

Во второто полуфинале на Евровизија 2022 настапија 18 земји а само десет се изборија за место во финалето.

Македонската претставничка ја испеа „Circles“ во рамките на втората полуфинална вечер, но за жал не успеа да се избори за пласман во големото финале на Евросонг во Торино и се враќа дома.

Андреа настапи под реден број 11 и ја претставуваше Македонија.

Нејзиното учество беше неизвесно откако таа случајно или не, го фрли знамето на тиркизниот килим на отворањето на Евровизија за да се фотографира без него. Тоа предизвика лавина негативни коментари и осуда од јавноста, но и од Македонската Радио Телевизија.

Прочитај повеќе