Струмица
Бочварски од Струмица најави нови капитални проекти за Југоистокот
Published
2 години agoна
By
Media Press
Поврзување на Струмица на интерконекторот со гас кај Петрич, Република Бугарија, е еден од приоритетите на кој разговараме на работните групи со колегите од Бугарија. На ова прашање ќе му дадеме посебно значење и во следниот период ќе ги утврдиме сите детали за овој проект, истакна министерот Благој Бочварски при денешната работка посета на општина Струмица.
Тоа ќе овоможи поевтин гас за општината која има развиено мрежа од околу 40 километри, но и за целата индустрија во градот, потенцираше министерот Бочварски.
Министерот најави изградба на експресен пат од Струмица преку Валанадово до Гевгелија, проект за кој документацијата е во завршна фаза.
Тој заедно со градоначалникот на општина Струмица Костадин Костадинов извршија увид во изградба на канализационен систем во населеното место Банско, каде преку буџетот на Министерството се вложува 42 милиони денари. Проектот опфаќа изградба на 15 километри канализациона мрежа и според договорот се очекува да се заврши до средината на оваа година.
„Сакам да најавам дека оваа пролет започнуваме со изградба на фекален и атмосферски канализационен систем и за населеното место Градско Балдовци, со што решаваме уште едно многиу значајно прашање за општина Струмица. Како Влада силно сме посветени и во модернизација на патната мрежа кон Југоисточниот регион. До сега инвестиравме преку 70 милиони евра во изградба и рехабилитација на патиштата во овој дел од државата. Исто така сакам да најавам дека оваа година планираме дека го рехабилитираме патниот правец Струмица – Дабиле, за што ќе инвестираме речиси 100 милиони денари.” – изјави министерот Бочварски.

За градоначалникот Костадинов, со реализацијта на овој проект ќе се создадат услови за подобар живот на жителите на Банско.
„И јас и министерот сме задоволни од досегашната изведба. Од планираните 15 километри канализациона мрежа, досега се изведени околу 10 км. Вредноста на овој проект изнесува 42 милиони денари. За целосно фукционирање на овој систем потребно е да се изгради пречистителна станица за третман на фекалните води пред да бидат пуштени во реката Водочница, а за која општина Струмица веќе има изготвено проект.“ – истакна градоначалникот Костадинов.
Поврзани содржини
Општина Конче ќе реализира проект за реконструкција на училиштето во Горни Липовиќ
Во тек на реализација се неколку проекти во Општина Радовиш со кои се подобруват условите на граѓаните
Габровските водопади во струмичко добиваат нов лик, интензивно се гради и новата градинка во Струмица
Опфатени преку еден милион граѓани со МСИП – Проектот за подобрување на општински услуги
Центарот за развој на Југоисточниот плански регион денеска ги претстави успешно завршените проекти во Општина Василево и општина Струмица
Претходниот месец инвестирани преку 37 милиони денари за изградба на пат и улици во Општина Радовиш
Регион
Пронајдена и одземена марихуана, пријава за физички напад, дел од вчерашниот билтен на СВР Струмица
Published
1 недела agoна
ноември 23, 2023By
Media Press
На 22.11.2023 година во 21.25 часот во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Н.Ш.(23) од Струмица. При преглед на патничко возило „фиат“ со струмички регистарски ознаки, кое го управувал, била пронајдена и одземена марихуана. За настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по документирање на случајот против Н.Ш. ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 22.11.2023 во 10.25 часот во Полициската станица Струмица, Ж.Т.(64) од Струмица пријавила дека на 20.11.2023 во Струмица била физички нападната од Е.К.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 22.11.2023 во 11.50 часот во Полициската станица Струмица Е.А.(68) од село Радичево, струмичко, пријавила дека во село Радичево била касната од куче скитник.
Струмица
Завршија сите планирани јавни собири со граѓаните од урбаните и месните заедници во Општина Струмица
Published
2 недели agoна
ноември 21, 2023By
Media Press
Во населените места Добрејци и Просениково се одржаа последните средби со граѓаните од Општина Струмица, со што и завршија сите планирани јавни собири со граѓаните од урбаните и месните заедници.

На средбите градоначалникот Костадин Костадинов со неговиот тим, советници и претставници на општинските јавни претпријатија, со граѓаните разговараа на актуелни теми, ги разгледуваа реалните потреби и ги утврдија приоритетните проекти коишто ќе се реализираат следната година со средства од општинскиот буџет, информираат од општината.

„Со јавните собири и буџетскиот форум, општина Струмица уште еднаш го потврди високото ниво на транспарентност и отчетност во своето работење и активното учество на граѓаните во креирањето на локалните политики и општинскиот развој“ вели градоначалникот Костадин Костадинов кој е иницијатор на ваквите средби со цел активно вклучување на граѓаните во креирањето.
Струмица
Пет лица од струмичко вршеле јавен превоз, без да поседуваат соодветна документација
Published
2 недели agoна
ноември 20, 2023By
Media Press
Во периодот од 23.15 часот на 17.11.2023 до 04.00 часот на 18.11.2023 на магистрален пат Радовиш – Штип и на локален пат за село Тополница, радовишко, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш извршиле контрола на три патнички возило „фиат“, едно патничко возило „мерцедес“ и едно патничко возило „фолксваген“, сите со струмички регистарски ознаки, управувани од жители на Струмица и струмичко. При контролата било констатирано дека лицата со возилата вршат јавен превоз, без да поседуваат соодветна документација. По целосно документирање на настаните ќе бидат поднесени соодветни пријави.

МЗШВ: Објавен јавен повик преку програмата за рурален развој за поддршка при набавка на комбајни за жито

Општинската библиотека ,,Браќа Миладиновци” во Радовиш одбележа 66 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ

Трансформација на салата Борис Трајковски за одржување на 30-от министерски состанок на ОБСЕ

Посебен режим на сообраќај на 29 и 30 ноември во Скопје
