Струмица
Ангажирани 16 лични асистенти на ученици со попреченост, вклучени во образовниот процес во основните училишта во Струмица

Published
4 месеци agoна
By
Media Press
Градоначалникот на Општина Струмица Костадин Костадинов вчера ги потпиша договорите за работно ангажирање со 16 лични асистенти на ученици со попреченост вклучени во редовниот образовен процес во основните училишта и тоа 14 во Струмица и по еден во населените места Муртино и Градско Балдовци.
За ангажирањето на 16-те лични асистенти се обезбедени средства од општинскиот буџет.Струмица е првата општина во Република Македонија која започна со ангажирање на лични асистенти на ученици со попреченост вклучени во редовниот образовен процес уште во 2016 година, информираат од општината.
Поврзани содржини
Услугата помош и нега во домот достапна и во Општина Струмица за околу 60 лица
Општина Струмица започнува со рушење на дивоградбите над новите турски гробишта
За спроведување на проектот „Мрежа на велосипедски градови“ вкупниот буџет за општина Струмица изнесува околу 184 илјади евра
Костадинов на редовна месечна средба со претставници на Здруженија
Започна изградбата на пристапниот пат до регионалниот стационар за бездомни кучиња во Струмица
Зелен лавиринт во форма на срце во големиот градски парк во Струмица
Струмица
Кривична за струмичанец, украл делови од фрижидерите од пред неколку маркети во Струмица

Published
1 недела agoна
мај 11, 2022By
Media Press
Секторот за внатрешни работи Струмица поднесе кривична пријава против Д.Г.(37) од Струмица поради постоење основи на сомнение дека сторил повеќе кривични дела „тешка кражба“ по член 236 и кривични дела „предизвикување на општа опасност“ по член 288 од Кривичниот законик. Пријавениот Д.Г., кривичните дела ги извршил во периодот од 21.02.2022 до 30.03.2022 на тој начин што во повеќе наврати со употреба на сила и алат пресекол и украл делови од надворешните единици на фрижидерите во неколку маркети во Струмица, како и делови од гасоводната инсталација на два објекта во Струмица.
Струмица
Струмица беше домаќин на една од активностите на МВР со кои се одбележува 7 Мај – Денот на македонската полиција

Published
3 недели agoна
мај 1, 2022By
Media Press
Струмица вчера беше домаќин на една од активностите на МВР со кои се одбележува 7 Мај – Денот на македонската полиција. По тој повод Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски беше во посета на Струмица при што беше ивршена презентација на опремата со која располага МВР, СВР Струмица.

„Моето задоволство беше уште поголемо со тоа што Министерот за внатрешни работи, господинот Оливер Спасовски, од тие пет градови ја удостои токму Струмица со своето присуство, за што многу му благодарам. Прекрасно беше дружењето со полициските службеници во МВР, презентацијата на опрема и забавниот дел, со што на најубав можен начин полицијата се доближи до граѓаните.Уште еднаш ја потврдивме одличната соработка со МВР и заедничката цел дека безбедноста и јавниот ред и мир во општината ни се приоритет“ рече градоначалникот на Општина Струмица Костадин Костадинов.
Струмица
Услугата помош и нега во домот достапна и во Општина Струмица за околу 60 лица

Published
1 месец agoна
април 19, 2022By
Media Press
На околу 60 лица од Струмица со најтешка попреченост, потполно слепи лица, стари лица со навршени 65 години живот и други лица со намален функционален капацитет кои не можат сами да се грижат за себе, отсега ќе им биде достапна услугата помош и нега во домот. Услугата ќе ја обезбедуваат лиценцирани негуватели кои минаа низ серија стручни обуки. Тие секојдневно ќе им помагаат на овие лица, во извршувањето на дневните активности, почнувајќи од лична хигиена, хранење, мобилност во домот, облекување, до поддршка при чистење, перење, готвење, набавки на намирници, помош за медицинска терапија и друго.

Градоначалникот Костадин Костадинов заедно со министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, ја промовираа новата социјална услуга помош и нега во домот на Домот за стари „Отворено Срце“.
Услугата помош и нега во домот е дел од социјалната реформа што ја спроведува Министерството за труд и социјална политика, преку која за прв пат се вклучуваат надворешни партнери преку општините во давањето на социјални услуги. Здравствената установа „Отворено Срце” стана партнер на Министерството за труд и социјална политика за услугата помош и нега во домот заедно со општина Струмица.
Покрај придобивките за старите лица, со оваа услуга се овозможува и вработување на ранливи категории граѓани, како негуватели.
На доделувањето на дозволата за вршење дејност министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска истакна дека целта на услугата да биде достапна ширум земјата е во насока да им се олесни животот на граѓаните од третото доба и тоа во нивниот дом. Во рамките на Проектот за подобрување на социјалните услуги засега поддржани се вкупно 22 проекти во 27 општини.


ООУ Крсте Петков Мисирков од Радовиш потпиша договор за збратимување со училиште од Ташкопру, Општина Јалова од Турција

Пожарникарите од ТППЕ од Радовиш одржаа показна вежба за брза интервенција при појава на пожар

ОО на СДСМ, Радовиш: Поминаа шест месеци локална власт на ВМРО -ДПМНЕ во Радовиш, нови проекти нема

Платите во образование од септември ќе бидат зголемени во просек од над 3.500 денари
