Радовиш
Се затвори слаткарница ШУШ МУШ во Радовиш, згасна 80-годишна традиција
Published
2 години agoна
By
Media PressСе затвори слаткарница ШУШ МУШ во Радовиш, згасна 80 годишна традиција. Радовиш останува без уште едно значајно и препознатливо место за градот. Нема радовишанец кој не влегол барем еднаш во слаткарница Шуш Муш и не се почестил со убавите слатки, сладолед или бурек. Но како што вели еден од сопствениците Мустафа Лика, на се му доаѓа крај доколку нема кој да ја продолжи традицијата, така е и во овој случај.

Во слаткарница ШУШ МУШ или слаткарница „Македонија“ како што всушност се вика, се раѓаа и првите симпатии , првата љубов, средби помеѓу пријатели и познаници, со слатка и чаша боза или лимонада, се раѓаа и нови пријателства.

На многумина ќе им недостадува добро познатиот бурек од Шуш Муш, боза, тулумби, еклери, сладолед и посебно традиционалната татлија. Радовишани и денеска доѓаа и прашуваа за бурек, изненадени дека веќе не работи.

Поврзани содржини
Јавна дебата одржана во Радовиш, дел од проектот „Инклузија на деца со посебни образовни потреби“
Реконструкција и санација на плафонот во Центарот за култура „Ацо Караманов“ во Радовиш
Јавна регионална дебата „Креирање инклузивна локална средина“ ќе се одржи утре во библиотеката во Радовиш
Нема повеќе крпење дупки, целосна реконструкција на централните улици во Радовиш
Нов ЦТГ апарат за потребите на бремените жени набави ЈЗУ Здравствен дом Радовиш
Лишен од слобода вработен во Државен пазарен испекторат поради примање поткуп
Радовиш
Реконструкција и санација на плафонот во Центарот за култура „Ацо Караманов“ во Радовиш
Published
6 дена agoна
ноември 27, 2023By
Media Press
Започна реконструкцијата и санацијата на плафонот во Центарот за култура „Ацо Караманов“ во Радовиш, каде се одржуваат сите културни манифестации од општината и други јавни собири.

Градоначалникот Ацо Ристов, кој изврши увид во работните активности рече дека наредната година целосно ќе се реконструира внатрешноста на овој дом со комплетно ентериерно уредување, бидејќи како што рече радовишани се емоционално поврзани со овој дом и затоа ќе се реконструира но ќе ја задржи автентичноста.

Плафонот на ЦК „Ацо Караманов“ се реконструира со средства обезбедени од донација од рудникот Бучим.
Радовиш
Жител нa село Дедино бил физички нападнат од едно лице од село Конче
Published
7 дена agoна
ноември 27, 2023By
Media Press
Жител нс село Дедино бил физички нападнат од едно лице од село Конче и случајот бил пријавен во Полициска станица Радовиш од трето лице.
Имено вчера во Полициската станица Радовиш, В.К. од село Дедино, општина Конче, пријавил дека на 26.11.2023 околу 22.00 часот во село Дедино И.Ј. од село Дедино бил физички нападнат од С.Ѓ. од село Конче.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот информира СВР Струмица, ОВР Радовиш.
Радовиш
Јавна регионална дебата „Креирање инклузивна локална средина“ ќе се одржи утре во библиотеката во Радовиш
Published
7 дена agoна
ноември 27, 2023By
Media Press
Јавна регионална дебата „Креирање инклузивна локална средина“ ќе се одржи утре во ОНБ Браќа Миладиновци“ во Радовиш, а во организација на Општина Радовиш и Здружението „Отворете ги прозорците“.
Ова е дел од проектот „Инклузија на деца со посебни образовни потреби“ подржан од „Детската Фондација Песталоци“.
Целта на оваа дебата е претставници од различни институции од областа на образование и социјална заштита, локални самоуправи, организации, сервисни служби, родители и бизнис заедницата, заеднички да продискутираат за предизвиците и иницијативите за креирање поинклузивни практитки и можности за секое дете.
На Јавната дебата покрај Општина Радовиш учество ќе земат и училишта и претставници од локалните самоуправи од општините Радовиш и Конче.
Јавната дебата ќе започне со почеток во 12 часот и ќе трае до 14 часот.

МЗШВ: Објавен јавен повик преку програмата за рурален развој за поддршка при набавка на комбајни за жито

Општинската библиотека ,,Браќа Миладиновци” во Радовиш одбележа 66 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ

Трансформација на салата Борис Трајковски за одржување на 30-от министерски состанок на ОБСЕ

Посебен режим на сообраќај на 29 и 30 ноември во Скопје
