Македонија
Според објавените податоци на Министерството за финансии јавниот долг заклучно со крајот на 2021 година изнесува 60,9 % од БДП

Published
4 месеци agoна
By
Media Press
Министерството за финансии вчера го објави податокот за нивото на јавниот и државниот долг заклучно со 31.12.2021 година. Согласно објавените податоци јавниот долг заклучно со 31.12.2021 година изнесува 60,9 % од БДП.
„Јавниот долг се одржува на стабилно ниво. И во услови на здравствена криза која трае во последните две години, а последниот квартал на 2021 година се соочуваме и со енергетска криза, со политиките и мерките што ги преземаме нивото на јавниот долг на крајот на 2021 година забележа намалување во споредба со нивото на јавниот долг на крајот на 2020 година. На крајот на 2021 година јавниот долг забележа намалување од 0,1 процентен поен во споредба со состојбата на јавниот долг на крајот на 2020 година, додека во третиот квартал имаше намалување од 3,8 процентни поени во однос на претходниот квартал.
Остануваме на определбата јавниот долг да го позиционираме под Мастришкиот критериум од 60 % од БДП, така што согласно проекциите со Стратегијата за управување со јавниот долг во 2026 година тој треба да се намали на ниво од 57,7 % од БДП“, соопштуваат од МФ.
Министерството за финансии ги објавува податоците за јавниот долг на квартално ниво, додека за државниот долг на месечно ниво. Според последните податоци државниот долг на 31.12.2021 година е на ниво од 51,9 % од БДП.
Поврзани содржини
Зошто се празнува 1 Мај како Меѓународен ден на трудот
Уште шестмина руски дипломати ќе бидат протерани од Македонија, јавува Министерството за надворешни работи
Од резидентното население Македонци 58,48 отсто од граѓаните, Албанци 24,3 отсто
Македонската фудбалска репрезентација вечерва се враќа во Скопје, Македонија горда на сензационалниот триумф
Просечната нето плата во јануари порасна на 29.980 денари
Србија ќе ја тргне забраната за извоз на пченица, пченка, брашно, масло за јадење за Македонија
Македонија
Платите во образование од септември ќе бидат зголемени во просек од над 3.500 денари

Published
1 ден agoна
мај 18, 2022By
Media Press
Дијалогот помеѓу Владата и Синдикатот за образование, наука и култура успешно заврши. Постигнат е договор за зголемување на платите во образованието во висина од 15 отсто, од септември оваа година, односно зголемување во просек од над 3.500 денари, во време на најголема светска економска криза, информираат од СДСМ.
„Ова зголемување на платите е најголемото досега и заедно со досегашните 21% зголемување е историски најголемата поддршка на вработените во образованието.
До пред само 5 години, максималното зголемување на платите беше 4%, без глобални кризи.
Сега, во услови на најголема економска и енергетска криза, покрај огромното процентуално зголемување, на вработените во образованието, преку колективните договори ќе им се овозможи и усогласување со минималната плата како и други придобивки. Воедно, ќе се дефинира методологија за континуиран раст на платите со што ќе се заштити стандардот на наставниците и ќе се овозможи континуирано зголемување на плата без потреба од дополнителна владина, институционална или политичка интервенција“, вели премиерот Ковачевски во својата објава на социјалните мрежи.
Тој апелираше до СОНК за брзо и целосно прифаќање на договорените услови и одговорност, за да можат надлежните институции да продолжат со потребните активности за реализација на покачувањето
Македонија
Дијалогот со СОНК продолжува договорена следна средба на 17 мај

Published
6 дена agoна
мај 13, 2022By
Media Press
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска вчера оствари средба со претседателот на СОНК, Јаким Неделков, на која присуствуваа и претставници на синдикатот и Министерството за труд и социјална политика.
На средбата како што информираат од МТСП се разговарало за барањата кои се дел од одлуката за штрајк на вработените во детските градинки, а за кои во изминатиот период не бело отворена дискусија.
Исто така, се отворило и прашањето за платите на вработените за време на штрајк.
На состанокот било договорено дека дијалогот продолжува и воедно се договорила следна средба на 17.мај со цел изнаоѓање на решенија во рамки на позитивните законски прописи.
Страните разговарале и за формирање на работна група за нов Колективен договор за предучилишните установи, чија важност истекува со месец јуни.
„Новиот Колективен договор треба да понуди нови решенија кои ќе значат унапредување на предучилишното згрижување и воспитување“, вели министерката Тренчевска.
Македонија
Македонската претставничка Андреа Коевска не успеа да се избори за пласман во големото финале на Евросонг

Published
6 дена agoна
мај 13, 2022By
Media Press
Македонската претставничка на Евровизија 2022 Андреа Коевска не успеа да се пласира во финалето по настапот синоќа на евровизиската сцена во Торино.
Во второто полуфинале на Евровизија 2022 настапија 18 земји а само десет се изборија за место во финалето.
Македонската претставничка ја испеа „Circles“ во рамките на втората полуфинална вечер, но за жал не успеа да се избори за пласман во големото финале на Евросонг во Торино и се враќа дома.
Андреа настапи под реден број 11 и ја претставуваше Македонија.
Нејзиното учество беше неизвесно откако таа случајно или не, го фрли знамето на тиркизниот килим на отворањето на Евровизија за да се фотографира без него. Тоа предизвика лавина негативни коментари и осуда од јавноста, но и од Македонската Радио Телевизија.

ООУ Крсте Петков Мисирков од Радовиш потпиша договор за збратимување со училиште од Ташкопру, Општина Јалова од Турција

Пожарникарите од ТППЕ од Радовиш одржаа показна вежба за брза интервенција при појава на пожар

ОО на СДСМ, Радовиш: Поминаа шест месеци локална власт на ВМРО -ДПМНЕ во Радовиш, нови проекти нема

Платите во образование од септември ќе бидат зголемени во просек од над 3.500 денари
