Македонија
Регистрирани сe 7.170 оздравени пациенти со што бројот на активни случаи се намали на 13.628

Published
4 месеци agoна
By
Media Press
Во последните 24 часа направени се 3.197 тестови, а регистрирани се 711 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 505, Кавадарци – 30, Струмица – 26, Куманово – 25, Охрид – 21, Битола и Штип – по 17, Прилеп – 12, Струга и Гевгелија – по 9, Тетово – 7, Велес – 5, Гостивар, Неготино и Богданци – по 4, Делчево – 3, Кочани, Пробиштип и Демир Капија – по 2, Кичево, Свети Николе, Ресен, Крива Паланка, Берово, Македонски Брод и Дојран – по 1
Од вкупниот број на позитивни (711), регистрирани се 84 реинфекции.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирано е 22 починати лица, сите во болнички услови. Пријавени се дополнително 4 починати лица во домашни услови.
Регистрирани сe 7.170 оздравени пациенти во Македонија од кои 485 во Југоисточниот регион, односно во Гевгелија – 159, во Струмица – 147, Радовиш – 88, Валандово – 56, Богданци – 31 и Дојран – 4.
Досега во земјата се направени вкупно 1.788.251 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 268.901, бројот на оздравени пациенти е 246.864, на починати е 8.409, а бројот на активни случаи изнесува 13.628
Поврзани содржини
Радовиш досега со најголем број нови случаи на Ковид- 19 за два дена. Дали е резултат на празничното дружење?
24 нови случаи на Ковид -19 во општините во Југоистокот според последните податоци
Бројот на заболени од Ковид-19 во пораст, можни рестрикции за невакцинираните
254 нови случаи на ковид-19, починати се 16 лица
Филипче: 50 проценти од вкупниот број на новодијагностицирани пациенти се од британскиот сој
Регистрирани 373 нови случаи на Ковид-19, во регионот вкупно 333 активни случаи
Македонија
Платите во образование од септември ќе бидат зголемени во просек од над 3.500 денари

Published
1 ден agoна
мај 18, 2022By
Media Press
Дијалогот помеѓу Владата и Синдикатот за образование, наука и култура успешно заврши. Постигнат е договор за зголемување на платите во образованието во висина од 15 отсто, од септември оваа година, односно зголемување во просек од над 3.500 денари, во време на најголема светска економска криза, информираат од СДСМ.
„Ова зголемување на платите е најголемото досега и заедно со досегашните 21% зголемување е историски најголемата поддршка на вработените во образованието.
До пред само 5 години, максималното зголемување на платите беше 4%, без глобални кризи.
Сега, во услови на најголема економска и енергетска криза, покрај огромното процентуално зголемување, на вработените во образованието, преку колективните договори ќе им се овозможи и усогласување со минималната плата како и други придобивки. Воедно, ќе се дефинира методологија за континуиран раст на платите со што ќе се заштити стандардот на наставниците и ќе се овозможи континуирано зголемување на плата без потреба од дополнителна владина, институционална или политичка интервенција“, вели премиерот Ковачевски во својата објава на социјалните мрежи.
Тој апелираше до СОНК за брзо и целосно прифаќање на договорените услови и одговорност, за да можат надлежните институции да продолжат со потребните активности за реализација на покачувањето
Македонија
Дијалогот со СОНК продолжува договорена следна средба на 17 мај

Published
6 дена agoна
мај 13, 2022By
Media Press
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска вчера оствари средба со претседателот на СОНК, Јаким Неделков, на која присуствуваа и претставници на синдикатот и Министерството за труд и социјална политика.
На средбата како што информираат од МТСП се разговарало за барањата кои се дел од одлуката за штрајк на вработените во детските градинки, а за кои во изминатиот период не бело отворена дискусија.
Исто така, се отворило и прашањето за платите на вработените за време на штрајк.
На состанокот било договорено дека дијалогот продолжува и воедно се договорила следна средба на 17.мај со цел изнаоѓање на решенија во рамки на позитивните законски прописи.
Страните разговарале и за формирање на работна група за нов Колективен договор за предучилишните установи, чија важност истекува со месец јуни.
„Новиот Колективен договор треба да понуди нови решенија кои ќе значат унапредување на предучилишното згрижување и воспитување“, вели министерката Тренчевска.
Македонија
Македонската претставничка Андреа Коевска не успеа да се избори за пласман во големото финале на Евросонг

Published
6 дена agoна
мај 13, 2022By
Media Press
Македонската претставничка на Евровизија 2022 Андреа Коевска не успеа да се пласира во финалето по настапот синоќа на евровизиската сцена во Торино.
Во второто полуфинале на Евровизија 2022 настапија 18 земји а само десет се изборија за место во финалето.
Македонската претставничка ја испеа „Circles“ во рамките на втората полуфинална вечер, но за жал не успеа да се избори за пласман во големото финале на Евросонг во Торино и се враќа дома.
Андреа настапи под реден број 11 и ја претставуваше Македонија.
Нејзиното учество беше неизвесно откако таа случајно или не, го фрли знамето на тиркизниот килим на отворањето на Евровизија за да се фотографира без него. Тоа предизвика лавина негативни коментари и осуда од јавноста, но и од Македонската Радио Телевизија.

Комплет одела за лична заштита при справување со шумски пожари за пожарникарите од ТППЕ Радовиш

ООУ Крсте Петков Мисирков од Радовиш потпиша договор за збратимување со училиште од Ташкопру, Општина Јалова од Турција

Пожарникарите од ТППЕ од Радовиш одржаа показна вежба за брза интервенција при појава на пожар

ОО на СДСМ, Радовиш: Поминаа шест месеци локална власт на ВМРО -ДПМНЕ во Радовиш, нови проекти нема
