Connect with us

Струмица

Поднесена кривична пријава за обид за убиство во Струмица

Media Press

Published

на

Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за општ и насилен криминал во координација со полициски службеници Одделението за внатрешни работи Струмица по преземени мерки и активности во текот на вчерашниот ден го лишија од слобода Ф.Д.(33) од Струмица, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело обид за убиство.
Имено, на 24.12.2021 во СВР Струмица било пријавено дека во ЈЗУ Општа болница Струмица со тешки телесни повреди од тврд предмет бил донесен М.О.(56) од село Нова Маала, општина Василево. Од преземените активности од страна на полициските службеници било утврдено дека на критичниот датум осомничениот во домот на М.О. го извршил кривичното дело.
Денеска (01.02.2022) СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против Ф.Д и во текот на денот ќе биде изведен пред судија на претходна постапка од Основен суд Струмица.

Струмица

Намален интересот за користење на природен гас во Струмица

Media Press

Published

на

Прочитај повеќе

Струмица

Реконструиран објектот на итната медицинска служба во Струмица

Media Press

Published

на

Прочитај повеќе

Струмица

Во текот на вчерашниот ден се случиле две сообраќајни несреќи во струмичко

Media Press

Published

на

Вчера во 05.30 часот во СВР Струмица било пријавено дека на локален пат кој води од крстосница со магистрален пат А4 кон село Доброшинци, струмичко, В.В.(54) од село Чанаклија, струмичко, управувајќи товарно моторно возило „ивеко“ со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот А.М.(38) од Струмица, а возачот и сопатникот С.Р.(26) од Струмица се здобиле со телесни повреди, констатирани во Медицински центар Струмица. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.

Исто така вчера околу 15.50 часот во СВР Струмица било пријавено дека на улица „24-ти Октомври“ во Струмица, М.К.(25) од село Дабиле, струмичко, управувајќи мотоцикл „сузуки“ со струмички регистарски ознаки, удрил во паркирано патничко моторно возило „шевролет“ со струмички регистарски ознаки.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, кој бил пренесен во Медицински центар Струмица, а увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.

Прочитај повеќе