Македонија

Од ноќеска на полноќ повисоки цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,01 % во однос на Одлуката од 24 јануари.

Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се зголемуваат за 1,00 денари/литар, додека малопродажните цени на Еуродизел и на Екстра лесното масло за домаќинство се зголемуваат за 0,50 денари/литар.

Малопродажната цена на Мазутот се зголемува за 0,509 денар/килограм и сега ќе изнесува 44,722 ден/кг.

Од ноќеска на полноќ максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин Еуросупер БС – 95- 79,50 (денари/литар), Моторен бензин Еуросупер БС – 98- 81,50 (денари/литар), Дизел гориво Еуродизел – 71,50 (денари/литар), Масло за горење Екстра лесно – 71,50 (денари/литар) и Мазут 44,722 (денари/килограм).

Во изминатиот седумдневен период сите референтните цени на светските берзи во просек бележат зголемување. Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 1,005 % .

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago