Радовиш

Акциска контрола за санкционирање на кривични дела од Законот за оружје

Вчера во периодот од 04.00 до 08.00 часот на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Струмица, полициски службеници во координација со вработени во Јавно претпријатие „Национални шуми“ и Шумска полиција спровеле акциска контрола за санкционирање на кривични дела и прекршоци од Законот за оружје, Законот за ловство, Кривичниот законик и други.

Контролата била спроведена на повеќе локации на подрачјата на Струмица, Радовиш, Гегелија и Валандово.

На подрачјето на Радовиш биле констатирани едно кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје и распрскувачки материи“ по член 396 од Кривичниот законик, два прекршоци од Закон за оружје и еден прекршок од Закон за прекршоците против јавниот ред и мир, при што биле одземени 2 ловечки пушки и 15 ловечки патрони калибар 12 мм. По документирање на случаите против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago