Connect with us

Македонија

Мерката за замрзнување на цените на основните прехранбени производи ќе продолжи уште еден месец

Avatar

Published

на

Мерката за замрзнување на цените на основните прехранбени производи ќе продолжи до крајот на февруари.

Владата на 4 декември 2021 година донесе одлука за замрзнување на цените на основните прехранбени производи како: леб, шеќер, брашно – тип 400, сончогледово масло за јадење, трајно млеко, свежо месо и сувомеснати производи, сирење и урда, а потоа листата на производи беше проширена и со јајца, ориз и тестенини.

За истите производи, министерството за економија Крешник Бектеши достави Одлука до Владата со која се предлага мерката за замрзнување на цените на основните прехранбени производи да се продолжи до крајот на февруари 2022 година.

„Министерството за економија достави одлука до Владата со која се предлага мерката за замрзнување на цените на основните прехранбени производи да се продолжи до крајот на февруари 2022 година“, напиша министерот Бектеши на својот Фејбук профил.

Исклучени се цените на привремените попусти кои важеле на 1 декември 2021 година. 

Оваа одлука е со важност до 31 јануари 2022 година.

Избори 2024

Мицкоски од Охрид: Нашата цел е да ја вратиме Македонија во рацете на народот

Avatar

Published

на

„Почнуваме силно и одлучно, во финалната трка од која ќе победи народот на Македонија.„Платформа 1198″ е светилник на надежта, најдобрата изборна програма досега – за преобликување на иднината и јасна траекторија за успех на државата“, порача лидерот на ВМРО- ДПМНЕ Христијан Мицкоски на митингот во Охрид од каде ја стартуваа изборната кампања за парламентарните избори.

„Стојам денес пред вас на неколку дена од првиот круг на претседателските избори, и ви кажувам одговорно и гордо –  победуваме!

Нашата цел е да ја вратиме Македонија во рацете на народот! И да ја одземеме од рацете на 100-тина функционери од ДУИ и  нивните измеќари од СДСМ!       

Победата мора да е голема за да видат сите оние кои се прашуваат дали народот ќе дојде по своето, за да им докажеме и на најголемите скептици кои го потценуваат овој народ, дека Македонија и нејзините граѓани се горди и достоинствени и дека доаѓаат по своето, доаѓаат по својата единствена татковина Македонија. Доаѓаат да си ја земат државата во свои раце, затоа што лошо се живее, затоа што институциите се распаднати, затоа што државата е киднапирана од неколкумина од ДУИ и СДСМ и нема набавка или тендер кој не е злоупотребен, нема работник кој не е разочаран, нема пензионер кој не е загрижен, нема доктор и инженер кој не се прашува што бара тука, нема млад кој не е скептичен, и ретко човек кој не помислил дали да си оди од овде. Накусо нема надеж и сон кои не се уништени“ истакна Мицкоски на митингор во Охрид.

Прочитај повеќе

Избори 2024

Стартува изборната кампања за парламентарните избори

Avatar

Published

на

Коалицијата „Европска иднина“ предводена од СДСМ ја стартува парламентарната кампања со настан „Нема откажување од иднината“ во Скопје, со обраќање на претседателто на партијата Димитар Ковачевски, а ќе има и митинзи во Демир Капија и во Гевгелија. ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја Македонија“, пак, традиционално ќе ја почнат кампањата со митинг во Охрид.

Коалицијата „Европски фронт“започна со активности во Скопје, со конститутивна седница на победничко собрание од Парламентарните избори на 8 мај 2024.

 Зијадин Села е избран за претседател на Собранието. Бујар Османи е избран за шеф на државата со гласање на пратениците во Собранието.

Конститутивната седница на Собранието ја отвори претседателот на ДУИ, Али Ахмети.

Во Куманово митинг ќе има Движењето ЗНАМ. Во Штабот на Коалиција Вреди кај плоштадот Скендербег во Скопје е најавена прес-конференција на носителите на листите на кандидати за пратеници во сите изборни единици.

Левица во Велес ќе има свои активности каде ќе се обратат и претседателот и носител на листа на ИЕ1 Димитар Апасиев и носителот на листа на ИЕ3 Борислав Крмов.

Најавени се активности и на останатите учесници на изборите со кандидатски листи Коалцијата „Храбро за Македонија“ која ја сочинуваат ГРОМ, ПЦЕР и Интегра, партиите Македонска Ера Трета, Демократи, Аваја, Твоја партија, Родина Македонија, Единствена Македонија…

Со потпишување Кодекс за фер и демократски избори претставници на повеќето од политичките партии вчера се обврзаа дека ќе го почитуваат етичкиот кодекс и нема да користат говор на омраза во предизборната кампања.

Во Државната изборна комисија,  вкупно десет претставници на подносителите на листи на кандидати за пратеници во Собранието на Република Македонија, кои ќе учествуваат на претстојните парламентарни избори го потпишаа Кодексот за фер и демократски избори.

Седум претставници на  подносителите на листи на кандидати за пратеници, меѓу кои претставници од коалиција Храбро за Македонија, партија Македонска ера трета, партија Левица, партија Единствена Македонија, партија Демократи, Работничка партија и Родина, не присуствуваа и не го потпишаа Кодексот за фер и декомратски избори.

Инаку, кампањата за парламентарните избори завршува на 6 мај, а се гласа на 8 мај кога граќаните ќе кажат кој од многуте кандидати ќе станат пратеници.

Прочитај повеќе

Избори 2024

Гордана Силјановска Давкова: На оваа ужасна пирамида македонска, на врвот има неколку проценти пребогати луѓе, а долу останаа осиромашените

Avatar

Published

на

Професорката Гордана Силјановска Давкова во своето обраќање пред граѓаните на Велес рече дека е време да разбудиме по нешто од илинденците во секој однас.

„Народот се осиромаши, оваа транзиција како да нема крај, Македонија стана држава на социјални случаи мора да ставиме крај на тоа. Нема да дозволам носење на закони спротивни на уставот. Нам ни требаат добри закони со кои ќе ги решаваме вашите проблеми. Законот е во сверата на заштитата на јавното добро. Станаа пребогати на оваа ужасна македонска пирамида на врвот има неколку проценти пребогати луѓе, ја нема интелегенцијата и средниот слој, долу останаа осиромашени граѓани, истакна Давкова пред граѓаните на Велес.

Таа додаде дека мора да се стави крај на зависносто судство, устаниот суд да ги штити уставот и законите, претседателто мора да знае дека веотото нее украс туку треба да се употреби кога е потребно. Таа праша колку пати претходниот претседател го употребил правото на вето?

Прочитај повеќе