Connect with us

Радовиш

СТОП ЗА СООБРАЌАЈНОТО НАСИЛСТВО -мирен јавен собир во Скопје

Media Press

Published

на

Семејството, роднини и пријатели на 24-годишната Викторија Николова од Радовиш, која загина во сообраќајната несреќа кај Сити Мол во Скопје и нејзиното момче кое беше полесно повредено, во недела ќе организираат мирен собир на местото на трагедијата.

„Во знак на револт кон СООБРАЌАЈНОТО НАСИЛСТВО и начинот на кој се третирани пешаците и сите учесници во сообраќајот, кои се придржуваат до правилата, а со последната трагедија каде што на 20.01.2022 згасна млад живот, згасна надежта Викторија да ги оствари своите соништа.
Поради тоа на 30.01.2022 година од 12:00ч до 13:00ч на место на несреќата, раскрсницата на бул.”Партизански одреди” кај City Mall ќе се одржи мирен, достоен и јавен собир каде што ќе оддадеме почит кон Викторија Николова како последна жртва во ваквото сообраќајно насилство, а воедно и ќе оддадеме почит кон сите жртви во вакви и слични сообраќајни несреќи.
Нашата цел е единствена, а тоа е да се стави КРАЈ на бeзобзирното возење ни улиците во државата и да ја подигнеме свеста на учесниците во сообраќајот дека нашите деца, а и самите ние треба да се движиме слободно на пешачките зони и по тротоарите, зато што тоа е единственото место каде што пешаците треба да се чувствуваат слободно.

На мирен и достоинствен начин да го искажеме нашето незадоволство од непочитување на сообраќајните правила, сите сме пешаци и учесници во сообраќајот, вакви настани повеќе да не се повторат, свеста е кај секој од нас, да ја искористиме и да ја подигнеме за побезбедни улици“, стои во објавата за настанот.

прикажи повеќе
Advertisement

Радовиш

НОВ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ ВО РАДОВИШ, поставена новата сообраќајна сигнализација

Media Press

Published

на

Согласно прифатениот сообраќаен проект поврзан со воведувањето на зонското паркирање во Општина Радовиш и донесениот НОВ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ, деновиве во Радовиш беше поставена новата СООБРАЌАЈНА СИГНАЛИЗАЦИЈА.

За таа цел од Општина Радовиш упатуваат апел до граѓаните да внимаваат на новата сообраќајна сигнализација.

„БИ САКАЛЕ ДА УПАТИМЕ АПЕЛ ДО СИТЕ ГРАЃАНИ КОИ УЧЕСТВУВААТ ВО СООБРАЌАЈОТ ВО НАШИОТ ГРАД, ДА ВНИМАВААТ НА НОВАТА ПОСТАВЕНА СИГНАЛИЗАЦИЈА И ДА ГИ ПОЧИТУВААТ СООБРАЌАЈНИТЕ ЗНАЦИ.

СО ТОА ЌЕ ГО ОЛЕСНИМЕ НОРМАЛНОТО ДВИЖЕЊЕ НА МОТОРНИТЕ ВОЗИЛА И ДОЛГОРОЧНО ЌЕ ПРИДОНЕСЕМЕ КОН СТАВАЊЕ РЕД ВО СООБРАЌАЈНИОТ МЕТЕЖ ВО НАШИОТ ГРАД. НАШАТА ЗАЕДНИЧКА ЦЕЛ Е МОДЕРЕН И УРБАН РАДОВИШ СО МОДЕРНА ИНФРАСТРУКТУРА“ стои во апелот од Општина Радовиш од каде изразуваат благодарност и очекуваат соработка од сите учесници во сообраќајот.

Прочитај повеќе

Радовиш

Хуманитарен хепенинг одржан во ООУ„Крсте Петков Мисирков“ Радовиш

Media Press

Published

на

Во ООУ „Крсте Петков Мисирков“ -Радовиш во организација на Општинска организација на Црвен крст Радовиш во рамки на ЦКА-ПХВ циклусот 2022 год. беше организиран хуманитарен хепенинг.

На истиот беше изложена храна приготвена од учениците и наставниците во училиштето. Средствата од овој хуманитарен настан се наменети за социјално загрозено семејство од Општина Конче.

 Од Црвен крст Радовиш изразуваат голема благодарност до ООУ „Крсте Петков Мисирков“- Радовиш за подршката на овој хуманитарен настан и помош при реализирање.

Прочитај повеќе

Радовиш

Комплет одела за лична заштита при справување со шумски пожари за пожарникарите од ТППЕ Радовиш

Media Press

Published

на

Центарот за развој на Југоисточен плански регион денеска додели комплет одела за лична заштита при справување со шумски пожари на пожарникарите од ТППЕ Радовиш.

Ова донација е во рамките на проектот ,,Прекугранична соработка во справување со шумски пожари” финансиран од Европската Унија преку Интеррег –ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Бугарија и Македонија и во склоп на престојниот Ден на пожарникарството-20 мај.

„Личната заштитна опрема е согласно Правилникот за видот и изгледот на униформата,видот на заштитна опрема и начинот и проверка и испитување на нејзина исправност.Останатиот дел од опремата дополнително ќе биде доставена“, рече градоначалникот Ацо Ристов .

Проектот е со времетраење од 24 месеци во која се вклучени обука на пожарникари од специјални обучувачи и добивање сертификат,потпишување Меморандум за соработка и размена на искуства со доброволните пожарникарски друштва од Асоцијацијата на југозападни општини на Република Бугарија.

Целта на проектот е воспоставување на координација и структура за спречување на се почестата појава на шумски пожари како природна катастрофа, меѓу двете земји како дел од партнерството во проектот.

Прочитај повеќе