Македонија
ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе Предлог закон со кој ќе се забрани увоз на тутун се додека не се откупи и последниот килограм

Published
4 месеци agoна
By
Media PressПратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе Предлог закон за изменување и дополнување на Законот за тутун по скратена постапка.
„Со постоечкиот Законот за тутун кој бил изменет во 2019 година во овие неколку години има големи проблеми со откупот. Со континуирани комуникации со тутунопроизводителите дојдовме до предлог промена на законот за тутун и тутунски производи со тоа што би се забранил увоз на надворешен тутун се додека не се откупи и последниот килограм тутун од домашно производство. Со тоа би ги заштитиле тутунопроизводителите, чии што живот и егзистенција зависи од тутунот. Не е проблем со увозот на тутун што легално се увезува, но имаме информации дека и лани, а и годинава, дека се дозволува огромен шверц на тутун од Бугарија и Албанија, се носи тутун по многу евтина цена и плус за тој тутун се зема и субвенција“, велат од пратеничката група на ВМРО -ДПМНЕ.
Целта на предлог законот кој ќе го поднесат како што велат од пратеничката група е да се надминат проблемите и да се обезбеди правна сигурност за откупот на тутунот и покрај поднесениот приговор и да се допрецизира третманот на неферментираниот тутун, притоа ги повикаа пратениците од парламентарното мнозинство да дадат подршка на измените на законот.
Поврзани содржини
Мицкоски до младите: Државниот апарат е сигурно најгласниот убиец на соништата на младите луѓе
100 дена локална власт- отчет на градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ во Гевгелија
Потпретседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Радовиш со контра прес: Тие оставија пустош во училиштата, градинките
ВМРО-ДПМНЕ: Наместо лек против корона, народот доби скапа реклама. Реагираат и од СДСМ
Се отвора дебата за Предлог- законот за дивоградби
Под слоганот „Стави го својот потпис за вистински попис!“ ОК на ВМРО -ДПМНЕ од Радовиш од денеска собира потписи
Македонија
Платите во образование од септември ќе бидат зголемени во просек од над 3.500 денари

Published
2 дена agoна
мај 18, 2022By
Media Press
Дијалогот помеѓу Владата и Синдикатот за образование, наука и култура успешно заврши. Постигнат е договор за зголемување на платите во образованието во висина од 15 отсто, од септември оваа година, односно зголемување во просек од над 3.500 денари, во време на најголема светска економска криза, информираат од СДСМ.
„Ова зголемување на платите е најголемото досега и заедно со досегашните 21% зголемување е историски најголемата поддршка на вработените во образованието.
До пред само 5 години, максималното зголемување на платите беше 4%, без глобални кризи.
Сега, во услови на најголема економска и енергетска криза, покрај огромното процентуално зголемување, на вработените во образованието, преку колективните договори ќе им се овозможи и усогласување со минималната плата како и други придобивки. Воедно, ќе се дефинира методологија за континуиран раст на платите со што ќе се заштити стандардот на наставниците и ќе се овозможи континуирано зголемување на плата без потреба од дополнителна владина, институционална или политичка интервенција“, вели премиерот Ковачевски во својата објава на социјалните мрежи.
Тој апелираше до СОНК за брзо и целосно прифаќање на договорените услови и одговорност, за да можат надлежните институции да продолжат со потребните активности за реализација на покачувањето
Македонија
Дијалогот со СОНК продолжува договорена следна средба на 17 мај

Published
1 недела agoна
мај 13, 2022By
Media Press
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска вчера оствари средба со претседателот на СОНК, Јаким Неделков, на која присуствуваа и претставници на синдикатот и Министерството за труд и социјална политика.
На средбата како што информираат од МТСП се разговарало за барањата кои се дел од одлуката за штрајк на вработените во детските градинки, а за кои во изминатиот период не бело отворена дискусија.
Исто така, се отворило и прашањето за платите на вработените за време на штрајк.
На состанокот било договорено дека дијалогот продолжува и воедно се договорила следна средба на 17.мај со цел изнаоѓање на решенија во рамки на позитивните законски прописи.
Страните разговарале и за формирање на работна група за нов Колективен договор за предучилишните установи, чија важност истекува со месец јуни.
„Новиот Колективен договор треба да понуди нови решенија кои ќе значат унапредување на предучилишното згрижување и воспитување“, вели министерката Тренчевска.
Македонија
Македонската претставничка Андреа Коевска не успеа да се избори за пласман во големото финале на Евросонг

Published
1 недела agoна
мај 13, 2022By
Media Press
Македонската претставничка на Евровизија 2022 Андреа Коевска не успеа да се пласира во финалето по настапот синоќа на евровизиската сцена во Торино.
Во второто полуфинале на Евровизија 2022 настапија 18 земји а само десет се изборија за место во финалето.
Македонската претставничка ја испеа „Circles“ во рамките на втората полуфинална вечер, но за жал не успеа да се избори за пласман во големото финале на Евросонг во Торино и се враќа дома.
Андреа настапи под реден број 11 и ја претставуваше Македонија.
Нејзиното учество беше неизвесно откако таа случајно или не, го фрли знамето на тиркизниот килим на отворањето на Евровизија за да се фотографира без него. Тоа предизвика лавина негативни коментари и осуда од јавноста, но и од Македонската Радио Телевизија.

Во Општина Конче пронајдени и одземени дабови огревни дрва без соодветна документација

Лишени од слобода две лица од радовишко село и од Радовиш

Општина Василево ќе спроведе избори за Месни заедници

Во своето дворно место пронашол неексплодирана бомба
