Connect with us

Радовиш

Минусни температури се измерени во целата држава, во Радовиш утринава минус 10 степени

Media Press

Published

на

Минусни температури утринава низ целата територија на државата. Најтопло во Дојран со минус 5 степени, а најстудено во Делчево со минус 18 степени. Во Радовиш утринава се измерени минус 10 степени целзиусиви, исто и во Струмица.

Времето денеска студено, сончево и ветровито на повисоките места ќе паѓа и снег. Ќе дува ветер од северн правец со 30 километри на час.

УХМР информира дека највисока снежна покривка од 39 сантиметри има во Маврови Анови, 31 на Попова Шапка, a 14 сантиметри во Крушево.

Радовиш

Лишени од слобода две лица од радовишко село и од Радовиш

Media Press

Published

на

Денеска 20 мај во 01.05 часот, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш ги лишиле од слобода М.Т.(21) од село Покрајчево, радовишко и А.С.(34) од Радовиш. При преглед кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и семки од марихуана. За настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Радовиш, а по целосно расчистување на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прочитај повеќе

Радовиш

НОВ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ ВО РАДОВИШ, поставена новата сообраќајна сигнализација

Media Press

Published

на

Согласно прифатениот сообраќаен проект поврзан со воведувањето на зонското паркирање во Општина Радовиш и донесениот НОВ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ, деновиве во Радовиш беше поставена новата СООБРАЌАЈНА СИГНАЛИЗАЦИЈА.

За таа цел од Општина Радовиш упатуваат апел до граѓаните да внимаваат на новата сообраќајна сигнализација.

„БИ САКАЛЕ ДА УПАТИМЕ АПЕЛ ДО СИТЕ ГРАЃАНИ КОИ УЧЕСТВУВААТ ВО СООБРАЌАЈОТ ВО НАШИОТ ГРАД, ДА ВНИМАВААТ НА НОВАТА ПОСТАВЕНА СИГНАЛИЗАЦИЈА И ДА ГИ ПОЧИТУВААТ СООБРАЌАЈНИТЕ ЗНАЦИ.

СО ТОА ЌЕ ГО ОЛЕСНИМЕ НОРМАЛНОТО ДВИЖЕЊЕ НА МОТОРНИТЕ ВОЗИЛА И ДОЛГОРОЧНО ЌЕ ПРИДОНЕСЕМЕ КОН СТАВАЊЕ РЕД ВО СООБРАЌАЈНИОТ МЕТЕЖ ВО НАШИОТ ГРАД. НАШАТА ЗАЕДНИЧКА ЦЕЛ Е МОДЕРЕН И УРБАН РАДОВИШ СО МОДЕРНА ИНФРАСТРУКТУРА“ стои во апелот од Општина Радовиш од каде изразуваат благодарност и очекуваат соработка од сите учесници во сообраќајот.

Прочитај повеќе

Радовиш

Хуманитарен хепенинг одржан во ООУ„Крсте Петков Мисирков“ Радовиш

Media Press

Published

на

Во ООУ „Крсте Петков Мисирков“ -Радовиш во организација на Општинска организација на Црвен крст Радовиш во рамки на ЦКА-ПХВ циклусот 2022 год. беше организиран хуманитарен хепенинг.

На истиот беше изложена храна приготвена од учениците и наставниците во училиштето. Средствата од овој хуманитарен настан се наменети за социјално загрозено семејство од Општина Конче.

 Од Црвен крст Радовиш изразуваат голема благодарност до ООУ „Крсте Петков Мисирков“- Радовиш за подршката на овој хуманитарен настан и помош при реализирање.

Прочитај повеќе