Connect with us

Македонија

Македонија денеска под снег, РСБСП со препораки за возење во зимски услови

Media Press

Published

на

Македонија денеска под снег. Снег паѓа речиси во целата земја како и во Радовиш. Утрово најниски температури се измерени во Берово и во Струмица.

УХМР соопшти дека во ноќните часови во западните и северните делови започнаа врнежи кои беа претежно од снег, само во југозападните делови имаше повремен дожд. Дуваше слаб до умерен ветер од северен правец.

За денеска најави облачно и студено со повремени врнежи од снег, особено претпладне. Врнежите најдолго ќе се задржат и ќе бидат пообилни во западните делови. Насекаде ќе се формира нова снежна покривка, освен во долниот тек на Повардарието.

Поради ниските температури, ќе има појава на голомразица. Кон крајот на денот врнежите ќе престануваат, а во источните делови облачноста ќе се намалува. Максималната температура ќе достигне од -2 до 5 степени.

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата предупредува за  подготовката на возилото и на возачите за возење во зимски услови.

Ниските температури, снегот и мразот можат да создадат опасни услови на патиштата кои бараат повнимателно возење заради осигурување безбедност на сите учесници во сообраќајот.

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата упатува повеќе совети за безбедно возење во зимски услови: Користете задолжителна зимска опрема. Грижете се за техничката исправност на возилото. Безбедносниот појас секогаш нека ви биде заврзан.

– Излезете од дома десетина минути порано за да имате време да го загреете автомобилот, да ги одмрзнете стаклата или да ги исчистите гумите од снег и мраз. доколку сте во можност, имајте резервно гориво во случај да има застој во сообраќајот.Возете на поголемо растојание од другите возила и одбегнувајте остри и ненадејни движења.

Почитувајте ја брзината на возење, посебно во близина на пешачки премин, училишта и градинки. Немојте да забрзувате и нагло да кочите бидејќи ваквите постапки ќе доведат до лизгање  Кочете порано и имајте на ум дека мора да ја попуштите кочницата за да управувате и вртите. Во зимски услови на возење, сопирачкиот пат е за 50% подолг отколку во нормални  услови. Бидете трпеливи и претекнувајте возила исклучиво кога тоа е безбедно, се едни од препораките од РСБСП.

Исто така се пропорачува во автомобилот да има мала лопата, малку песок, крпа за бришење, метличка за чистење на снегот од стаклата, антифриз, спреј против замрзнување на стаклата и спреј за брави.                                                           

РСБСП советува: Во зима секогаш имајте полн резервоар, без разлика дали сте заглавени во градскиот метеж или имате незгода на пат. Доволното количество гориво во резервоарот ќе ви ја осигура топлината која ќе ви биде потребна за безбедно да стигнете до посакуваната дестинација. Бидете информирани за состојбата на патиштата.   

Македонија

Платите во образование од септември ќе бидат зголемени во просек од над 3.500 денари

Media Press

Published

на

Дијалогот помеѓу Владата и Синдикатот за образование, наука и култура успешно заврши. Постигнат е договор за зголемување на платите во образованието во висина од 15 отсто, од септември оваа година, односно зголемување во просек од над 3.500 денари, во време на најголема светска економска криза, информираат од СДСМ.

„Ова зголемување на платите е најголемото досега и заедно со досегашните 21% зголемување е историски најголемата поддршка на вработените во образованието.
До пред само 5 години, максималното зголемување на платите беше 4%, без глобални кризи.
Сега, во услови на најголема економска и енергетска криза, покрај огромното процентуално зголемување, на вработените во образованието, преку колективните договори ќе им се овозможи и усогласување со минималната плата како и други придобивки.  Воедно, ќе се дефинира методологија за континуиран раст на платите со што ќе се заштити стандардот на наставниците и ќе се овозможи континуирано зголемување на плата без потреба од дополнителна владина, институционална или политичка интервенција“, вели премиерот Ковачевски во својата објава на социјалните мрежи.

Тој апелираше до СОНК за брзо и целосно прифаќање на договорените услови и одговорност, за да можат надлежните институции да продолжат со потребните активности за реализација на покачувањето

Прочитај повеќе

Македонија

Дијалогот со СОНК продолжува договорена следна средба на 17 мај

Media Press

Published

на

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска вчера оствари средба со претседателот на СОНК, Јаким Неделков, на која присуствуваа и претставници на синдикатот и Министерството за труд и социјална политика.

На средбата како што информираат од МТСП се разговарало за барањата кои се дел од одлуката за штрајк на вработените во детските градинки, а за кои во изминатиот период не бело отворена дискусија.
Исто така, се отворило и прашањето за платите на вработените за време на штрајк.
На состанокот било договорено дека дијалогот продолжува и воедно се договорила следна средба на 17.мај со цел изнаоѓање на решенија во рамки на позитивните законски прописи.
Страните разговарале и за формирање на работна група за нов Колективен договор за предучилишните установи, чија важност истекува со месец јуни.
„Новиот Колективен договор треба да понуди нови решенија кои ќе значат унапредување на предучилишното згрижување и воспитување“, вели министерката Тренчевска.

Прочитај повеќе

Македонија

Македонската претставничка Андреа Коевска не успеа да се избори за пласман во големото финале на Евросонг

Media Press

Published

на

Македонската претставничка на Евровизија 2022 Андреа Коевска не успеа да се пласира во финалето по настапот синоќа на евровизиската сцена во Торино.

Во второто полуфинале на Евровизија 2022 настапија 18 земји а само десет се изборија за место во финалето.

Македонската претставничка ја испеа „Circles“ во рамките на втората полуфинална вечер, но за жал не успеа да се избори за пласман во големото финале на Евросонг во Торино и се враќа дома.

Андреа настапи под реден број 11 и ја претставуваше Македонија.

Нејзиното учество беше неизвесно откако таа случајно или не, го фрли знамето на тиркизниот килим на отворањето на Евровизија за да се фотографира без него. Тоа предизвика лавина негативни коментари и осуда од јавноста, но и од Македонската Радио Телевизија.

Прочитај повеќе