Министерството за
економија го објави јавниот повик за финансиска поддршка за потрошена
електрична енергија за лица со ниски примања за 2022 година.
Вкупно 60 милиони денари ќе одвои државата за социјалните
категории на граѓани чии месечни примања не надминуваат над 30.000 денари или
по категории за едно лице самец до 15.194 денари, домаќинство со два члена до 18.000 денари, домаќинство
со три члена до 21.000 денари домаќинство со четири члена до 25.000 денари; и домаќинство со пет и
повеќе члена до 30.000 денари.
Пријавувањето за користење на оваа субвенција
почнува од денеска.
Граѓаните треба да аплицираат во Министерството за економија, а во
прилог меѓудругото ќе треба да достават потврда за висина на исплатена плата,
потврда од Агенцијата за вработување доколку лицата не се вработени, фотокопија
од последната добиена сметка за потрошена електрична енергија во 2021 година и изјава заверена на нотар со која потврдуваат дека живеат сами и
со која потврдуваат дека целокупната документација е веродостојна и точна.
Лицата со ниски примања ќе се стекнат со финансиска
поддршка преку намалување на месечната сметка за потрошена електрична енергија
во износ од 600 до 800 денари месечно, сметано од денот на поднесување на
барањето.
Рокот за аплицирање изнесува
30 дена сметано од денот на објавување на јавниот оглас.
Барањето за искористување на финансиската поддршка се доставува на пополнет образец за барање, кој може да се подигне од архивата на Министерството за економија или преку интернет страницата на Министерството.
Инаку, зголемувањето на цената на струјата удри и по буџетите на општините. Сметките за струја им се од три до седум пати повисоки, бидејќи добавувачите им ги раскинуваат договорите, па тие мораат струја да купуваат кај универзалниот снабдувач.
Општија
Гевгелија доби седумпати повисока сметка, откако од 6 илјади, сега треба да
плаќа дури 50 илјади евра месечно.