Connect with us

Василево

После неколку години стагнација, продолжија градежните активности за реконструкција на Домот на културата во Василево

Media Press

Published

на

После подолг временески период на стагнација, продолжија градежните активности на реконструкција, адаптација и санација на Домот на културата во населеното место Василево.

 „По интервенција од наша страна, по период на подолг застој, успеавме да продолжиме со реализација на планираните активности“ вели градоначалникот Славе Андонов, кој изврши увид во текот на градежните активности .

Андонов додава дека реконструкцијата е целосна и опфаќа демонтажа (рушење) на постоечката кровна конструкција, постоечките плафони, преградните ѕидови, демонтажа на постојната бина и комплетната столарија (врати и прозорци), и изградба, набавка и монтажа на копмплетно нови елементи и конструкции, со што постојниот објект, со сите негови простории ќе биде целосно нов и функционален.

Сите планирани активности, комплетно треба да бидат завршени во текот на оваа година, велат од општината.

Василево

Во Радичево се гради базен за верскиот обичај, осветување на крстот за Водици

Media Press

Published

на

Со поддршка на општина Василево и ЈПКД „Турија“, во населеното место Радичево се изведуваат активности за изградба на базент во кој ќе се изведува верскиот обичај, осветување на крстот, по повод празникот Богојавление – Водици .

Базенот ќе биде со димензии 4х5 метри и во него на празникот Богојавление – Водици, наместо во реката како што беше досега, ќе се осветува водата и ќе се фрла светиот крст.

Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, изврши увид во активностите кои се во почетна фаза, односно се врши ископ на теренот со механизација и рачно.

Прочитај повеќе

Василево

Општина Василево во пресрет на зимскиот период врши чистење на отворените канали

Media Press

Published

на

Општина Василево во пресрет на зимскиот период врши чистење на отворените канали кои се потенцијален ризик за поплави. Исчистен е отворениот канал во населеното место Градашорци, од каде со механизација се отстранети околу 60 м3 наносен материјал, главно тиња, кал и вегетација информираат од Општина Василево, каде овие денови се спроведуваат работни активности главно на чистење на каналите и атмосверската канализација.

 „Исчистен е целиот канал, во должина од околу 250 метри со што се нормализира неговата функационалност односно целосно е подготвен за прифаќање на атмосферските води кои природно, во периодот кој следува, ќе бидат во пораст“, вели градоначалникот Славе Андонов.

Прочитај повеќе

Василево

Ќе се проширува мрежата на атмосферската канализација во Василево

Media Press

Published

на

Градоначалникот на Општина Василево Славе Андонов започна со решавање секојдневните проблеми на граѓаните во општината за кои како што вели, ќе се решаваат во најкраток можен рок

Овие денови се работи на проширување на мрежата на атмосферска канализација во населеното место Василево.

Со механизација и рачно , вршен е ископ на канал и поставување на цевки и шахта за прибирање и канализирање на атмосферските води, кои во случај на врнежи завршуваат во дворовите и предизвикуваат штета на околните домаќинства и улицата која ги поврзува.

Исто така деновиве се чистеше отворениот атмосферски канал во населеното место Ангелци. Како што вели градоначалникот Андонов активноста се изведува на потегот кај селските гробишта во должина од околу стотина метри. Со механизација и рачно се отстранува наносот од тиња, кал и вегетација со што практично му се враќа функционалноста на атмосверскиот канал.

Прочитај повеќе