Connect with us

Македонија

Православните христијани го слават Бадник – предвестие за Божиќ

Media Press

Published

на

Бадник или Коледе — денот пред роденденот на Исус Христос (Божиќ), според христијанската традиција. Според јулијанскиот календар, по кој се раководи Македонската православна црква, Бадник паѓа на 6 јануари секоја година, а Божиќ на 7 јануари. Суштината на празникот е во радоста на христијаните пред големиот ден — Христовото раѓање. Истовремено, со овој ден завршуваат и Божиќните пости.

Традиционално, Бадник се прославува кај сите христијани, но црквите кои го користат грегоријанскиот календар го прославуваат на 24 декември. Кај сите христијански народи има низа обичаи за Бадник, особено поврзани со Бадниковата вечера.

Според Црквата децата уште од најрана возраст треба да се научат да ја пеат старата коледарска византиска песна се со цел да му се доближиме на Бога и да придонесеме и за искоренување на разни пагански коледе- леде, паднало греде.

Од рано наутро децата одејќи од куќа во куќа каде се даруваат од домаќините го најавуваат христовото раѓање.

На Бадник, навечер, се поставува вечерата со посна храна. На маста се ставаат бадникови гранчиња, најздравото дрво кое ја симболизира среќата и здравјето на сите членови во семејството. Домаќинката, во спомен на тоа дека преку жена, односно преку пречистата дева Марија, во овој свет дојде вечната Светлина, ја пали празничната свеќа.

Домаќинот, или некој подготвен за тоа, во името на сите ги принесува молитвите „Оче наш“ и „Симболот на Верата“.

Откако сите членови на семејството ќе се прекрстат се започнува со молитвата. Најголемо значење на целата вечера имаат молитвите кои му се принесуваат на Бога и пријатната атмосфера во кругот на потесното семејство.

Откако ќе се кажат молитвите, се седнува на семејната предбожиќна вечера се крши празничниот леб со паричка на неколку делчиња, односно, еден дел за Господ, за домакинот а останатите делови за присатните на вечерата, но и за оние кои се дел од семејството, а се отсутни од разни причини и за домот.

Месењето на лепче со паричка всушност е симбол поврзан со еден настан поврзан со животот на Св.Василиј Велики па кршењето на лепче со паричка се правело и се прави во чест на денот на Св.Василиј Велики( Василица), но е убава традиција и за Бадник.

По вечерата трпезата не се раскрева до утре, во мир и спокој се дочекува спасителот.

прикажи повеќе
Advertisement

Македонија

Со повисока минимална плата до поголема продуктивност и позитивен ефект врз животниот стандард на работниците

Media Press

Published

на

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска на денешната презентација на студијата за Минималната плата во Македонија и нејзините ефекти врз работење на фирмите, во организација на Сојузот на синдикатите, поддржана од Фондацијата Фридрих Еберт, рече дека анализата доаѓа во вистинско време кога отворено се зборува за зголемување на минималната плата на 18.000 денари. Таа посочи дека  повисока минимална плата која ќе се реализира заедно со социјалните партнери е програмска опрeделба на Владата.  Очекува препораките  и мислењата на експертите, да помогнат во изнаоѓањето на усогласени ставови, кои ќе придонесат за носењето на побрза и полесна одлука согласно меѓународните искуства.

 „Mинималната плата е комплексно прашање и треба да се разгледува од повеќе аспекти  и тоа какo  истата влијае на задоволството на вработените, на нивниот животен стандард, нејзините ефекти врз вработувањето а при тоа треба да се имаат во предвид и меѓународните искуства. Со соодветно ниво на минималната плата ќе ги мотивираме вработените да имаат поголема продуктивност при работењето. Оправданоста за утврдување на оптимално и прифатливо ниво на минимална плата е поради тоа што секој работник покрај тоа што бара работа сака да биде среќен и задоволен со исплата на плата која ги задоволува неговите животни потреби. Ние како држава, заедно со социјалните партнери работиме на создавање на услови  за достоинствена работа за да ги мотивираме нашите вработените да придонесат до поголема продуктивност при своето работење“, рече министерката Тренчевска.

Согласно измените на Законот за минимална плата од 2017 година, минималната плата порасна за 50,7%, односно  од 9.000 денари сега таа изнесува  15.194 денари.

Претседателот на Сојузот на синдикатите Дарко Димовски рече дека  покачувањето на минималната плата ќе придонесесе за позитивни  ефекти на животниот стандард на работниците.

Прочитај повеќе

Македонија

Каква е состојбата на активни случаи на корона вирус по градови

Media Press

Published

на

Во последните 24 часа направени се 6.119 теста, а регистрирани се 2.019 нови случаи на Ковид-19. Од нив 171 се регистрирани во Југоисточниот регион.

Во Струмица – 61, Гевгелија – 48, Радовиш – 27, Валандово – 13, Богданци – 10, Дојран – 2.

Од вкупниот број позитивни (2.019), регистрирани се 254 реинфекции, од кои две се втора реинфекција.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 261.347, бројот на оздравени пациенти е 231.179, на починати е 8.285, а бројот на активни случаи изнесува 21.883.

Според епидемиолошките анализи, во моментот дистрибуцијата по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно) е следна:
Скопје 118.549, Активни 11.802
Куманово 14.497, Активни 770
Прилеп 12.519, Активни 790
Битола 12.372, Активни 1.691
Тетово 12.160, Активни 548
Гостивар 8.629, Активни 348
Кавадарци 8.612, Активни 711
Велес 8.280, Активни 464
Охрид 7.794, Активни 635
Штип 7.400, Активни 328
Струмица 7.028, Активни 482
Кичево 4.850, Активни 312
Кочани 4.545, Активни 259
Струга 4.303, Активни 264
Гевгелија 3.635, Активни 441
Неготино 3.045, Активни 259
Свети Николе 2.371, Активни 125
Ресен 2.293, Активни 255
Радовиш 2.174, Активни 198
Крива Паланка 2.151, Активни 108
Делчево 1.722, Активни 176
Берово 1.626, Активни 103
Дебар 1.492, Активни 17
Валандово 1.315, Активни 175
Виница 1.269, Активни 58
Пробиштип 1.240, Активни 40
Кратово 869, Активни 60
Богданци 834, Активни 93
Крушево 811, Активни 129
Демир Хисар 759, Активни 76
Македонски Брод 621, Активни 42
Македонска Каменица 487, Активни 46
Демир Капија 477, Активни 29
Пехчево 412, Активни 33
Дојран 206, Активни 16

Прочитај повеќе

Македонија

Потврдено, второто полугодие започнува на 1 февруари, вторник

Media Press

Published

на

На одржаната седница Владата донесе одлука наставата во основното и средното образование да продолжи со физичко присуство на учениците на 1 февруари.

Оваа одлука е донесена врз основа на мислењето на Комисијата за заразни болести и согласно препораките на УНИЦЕФ, а Владата повикува на доследно придржување и спроведувањето на протоколите за одржување настава со физичко присуство.

Инаку стартот на второто полугодие беше одложен поради големиот број на позитивни случаи со Ковид-19 од сојот Омикрон, но иако и во овој период бројките се големи сепак мерките попуштаат, по примерот на останатите држави.

Прочитај повеќе