Connect with us

Дојран

Извршени претреси во Дојран пради сомнение за фалсификувани сертификати во казино

Media Press

Published

на

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција и СВР Струмица- ОВР Гевгелија во текот на вчерашниот ден (05.01.2022) по претходно добиена судска наредба од Основен суд Гевгелија, извршија претреси на три локации поради основано сомнение за сторено кривично дело, а во врска со наводите за фалсификување сертификати во казино во Дојран, информира СВР Струмица.

„Извршени се претреси кај три правни лица, при што е одземена службена медицинска документација која се однесува на извршени тестирања за присуство на Ковид 19, извршени претежно на лица од странство, одземен е електронски дневни (книга) на издадени сертификати за периодот од 19.12.2021 до денот на претресот, а исто така извршени се службени разговори со две лица. При претресот извршен е увид и преглед во компјутерската евиденција (списоци на грчки државјани кои се пријавиле за тестирање) на правното лице, како и во просториите на „импровизираниот“ медицински пункт во казино во Стар Дојран. По насоки на јавен обвинител целокупната одземена документација ќе биде доставена до ОЈО Гевгелија за нивно постапување, а МВР ќе ги преземе сите мерки и активности за кои ќе добие насоки од надлежното обвинителство со цел расчистување на случајот“ стои во известувањето од СВР Струмица.

Дојран

Дојран ќе креира регионална туристичка понуда, која ќе привлече поголем број туристи

Media Press

Published

на

Ќе се изработува стратегија за развојот на Дојран и за продлабочување на соработката меѓу Агенцијата  за поддршка на туризмот и Општина Дојран.

Градоначалникот на Општина Дојран Анго Ангов оствари работен состанок со Директорот на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот, Љупчо Јаневски на која било разговарано за креирање една регионална туристичка понуда, која ќе привлече поголем број туристи на Дојран во текот на целата година.

Самата стратегија ќе опфати учество на саемот во Белград како примарен пазар.

Изработка на промотивни материјали, инвестиции во нови автокампови, посета на инфлуенсери за гастрономија на Дојран, туристичко означување на дестинацијата и заедничко аплицирање на ИПА проекти.

Со инплементирање на овие активности се очекува зголемување на ноќевањата за 2022 година од 20% и нови инвестиции во туристичкиот сектор.

Прочитај повеќе

Дојран

Претреси во дојранско, приведени тројца криминалци

Media Press

Published

на

Во текот на вчерашниот дена во 06.10 и 08.10 часот во Стар и Нов Дојран, полициски службеници од ОВР Гевгелија – Полициско одделение Нов Дојран ги лишиле од слобода Д.Р.(43) и Е.И.(27), двајцата од Стар Дојран и Т.А.(56) од Нов Дојран.

При претреси во нивните домови, извршени со судска наредба, биле пронајдени и одземени дрога и други предмети кои потекнуваат од кривични дела.

Имено, при претрес во домот на Д.Р. биле пронајдени и одземени марихуана, предмети со остатоци од прашкаста материја, пари и други предмети кои потекнуваат од сторени кривични дела „тешка кражба“ и „кражба“ извршени на подрачјето на општина Дојран.

Во домот на Е.И. биле пронајдени и одземени марихуана, пари и предмети кои потекнуваат од сторени кривични дела „тешка кражба“ и „кражба“, извршени на подрачје на општина Дојран.

Додека, при претресот во домот на Т.А. биле пронајдени марихуана и стебла од растението канабис.

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци 

Прочитај повеќе

Дојран

Градоначалникот на Општина Дојран Анго Ангов и официјално го започнува вториот мандат

Media Press

Published

на

„Навистина голема чест, но и обврска е да се води Општина Дојран!!!
Благодарам од од срце мои сограѓани за искажаната доверба по вторпат!!!
Ветувам дека ќе работиме заедно, транспарентно и отчетно, со повеќе знаење и умешност, со поголем капацитет и ентузијазам…“ напиша Ангов на социјалните мрежи.

Прочитај повеќе