Connect with us

Радовиш

И годинава организирана традиционалната „Божиќна трпеза“ во Радовиш

Avatar

Published

на

Во Радовиш и годинава  се организира Божиќна трпеза, на прагот на претстојните Божиќни празници . Во просториите на градската библиотека Браќа Миладиновци, вчера беше отворен ден каде секој кој би сакал да ја поддржи активноста, можеше да донира прехранбени производи. Божиќната трпеза и годинава е под покровителство на Општина Радовиш и гадоначалникот Ацо Ристов.   

 “Божиќната трпеза“  годинва е во организација на Art of Living Фондацијата во соработка со Општина Радовиш, како носители на иницијативата, поддржана од  библиотеката  “Браќа Милодиновци“ – Радовиш, од здружението „Невена“ од Радовиш,  деловната заедница,  невладиниот сектор и поединци кои активно  се вклучија со свој придонес.

Волонтерите,  поддржувачи на активноста направија еднаков распоред на производите, ги спакуваа во соодветни  пакети. По претходно утврдена листа со релевантните институции, на спонтан и хуман начин денеска пакетите ќе бидат доставени до семејствата на кои им се најпотребни. Логистичка помош во возила се обезбедени од Општина Радовиш и рудниците Бучим и Боров Дол кои се и најголеми донатори. Вкупно ќе бидат подарени околу 130 прехранбени пакети.

Радовиш

Во завршна фаза е изградбата на помошниот терен со вештачка трева на Градскиот стадион во Радовиш

Avatar

Published

на

Градоначалникот на Општина Радовиш Ацо Ристов денеска изврши увид во градежните работи кои се во завршна фаза за изградба на помошниот терен со вештачка трева на Градскиот стадион во Радовиш каде што веќе се поставува вештачката трева, а претходно беше поставена и дренажа.

„По завршување на градежните работи на помошниот терен ќе се продолжи со изградба и реконструкција на главниот терен на фудбалскиот стадион во Радовиш. На теренот ќе биде поставена нова дренажа со нов електронски систем за наводнување и нова тревна подлога“, информираат од Општина Радовиш.

Прочитај повеќе

Радовиш

Tрибина за Превенција на насилно однесување во основните училишта, ќе се одржи во Радовиш

Avatar

Published

на

Бидејќи децата се идните креатори на општеството, од круцијално значење е тие да израснат во ментално здрави личности. А поради порастот на насилства во училиштата, потребата за отворено зборување на оваа тема е се почеста и попотребна.

Токму затоа педагозите од основните училишта од општина Радовиш и Конче ќе одржат трибина за Превенција на насилно однесување во основните училишта, се со цел да се потенцираат последиците од насилните однесувања во училиштата, како и начините за справување со истите.

Свое излагање ќе имаат самите педагози и психолози, представници од ОВР Радовиш и Др.Сања Васовиќ-семеен психотерапевт и специјализант на психијатрија, трибината ќе биде од отворен карактер за сите наставници, родители, старатели и ученици.

Трибината ќе се одржи во Музејот на љубовта и уметноста на 28 март во 18ч.

Прочитај повеќе

Радовиш

На подрачјето на Радовиш, санкции за 24 возачи за прекршувања на брзината

Avatar

Published

на

На 24.03.2024 во времето до 14.00 до 20.00 часот на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена засилена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат моторни возила со брзина поголема од дозволената. Притоа биле констатирани 78 прекршувања на брзината, од кои по 24 на подрачјата на Струмица и Радовиш, 16 на подрачје на Гевгелија и 14 на подрачје на Валандово. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.

Прочитај повеќе