Connect with us

Струмица

Костадинов го посети првото новороденче во општина Струмица за оваа година

Media Press

Published

на

Градоначалникот Костадин Костадинов, вчера, на Одделението за гинекологија и акушерство во Општата болница Струмица го посети првото новороденче во општина Струмица во оваа нова 2022 година.

На мајката Тамара Пандева од селото Банско и го честиташе синот, а на новороденчето му подари штедна книшка со 40 илјади денари и му посака среќно и безгрижно детство.

Струмица

Во Струмица годинава сепак ќе има карневал, одлучија градоначалникот Костадинов и Организациониот одбор

Media Press

Published

на

Градоначалникот Костадин Костадинов и Организациониот одбор на карневалот, а почитувајќи ги барањата на граѓаните, одлучија по пауза од две години, оваа година да продолжи вековната карневалска традиција во Струмица.

„Оваа вековна традиција не смее да има сериозни паузи од две или три години затоа што ги демотивира карневалските групи во иднина да учествуваат на карневалот. Но заради пандемијата во којашто се наоѓаме, карневалот ќе биде од локален карактер, а како гости ќе бидат поканети по еден претставник од карневалските групи од странство кои најчесто доаѓаа на струмичкиот карневал и со кои имаме долгогодишна соработка. Барање и на струмичани е да не престане таа традиција да обезбедиме континуитет“ вели градоначалникот Костадин Костадинов.

Карневалот ќе почне на 2 март и ќе заврши на 9 март со тримерските обичаи.

„Апелирам до сите учесници и посетители максимално да ги почитуваат мерките и протоколите за заштита, но сепак да си ја изнегуваме нашата вековна традиција струмичкиот карневал“ додава градоначалникот Костадинов.

Главната карневалска вечер ќе се одржи на 5 март, а во осумте карневалски денови ќе ги има традиционалните карневалски содржини, концерт под маски на музичкото училиште „Боро Џони“, маскенбал, детски карневал, бел грав на градскиот плоштад, доделување на награди на најдобрите карневалски маски, афоризми, карикатури и литературни творби на тема карневал, карневалско село – забава на плоштадот, а ќе биде промовирана и Монографија по повод 30 – годишниот јубилеј.

Прочитај повеќе

Струмица

Започна исплатата на помошта на сопствениците на дуќани и тезги кои беа зафатени во големиот пожар во „Глобал“ на 2 јануари 2021 година

Media Press

Published

на

Вкупно 13 милиони денари парична помош ќе бидат исплатени на сопствениците на дуќани и тезги кои беа зафатени во големиот пожар во „Глобал“ на 2 јануари 2021 година. Градоначалникот на Општина Струмица Костадин Костадинов најави дека од денеска започна исплатата на помошта од Владата на Република Македонија на сопствениците на дуќани и тезги кои беа зафатени во големиот пожар во „Глобал“ од пред една година. Педесет правни и 20 физички лица ќе добијат по 20 проценти или вкупно 13 милиони денари.

„Општина Струмица и финансиски и со други активности во рамките на нејзините надлежности, помагаше во санирањето на последиците и обновувањето на опожарениот дел на Глобал.Се надевам дека овие средства ќе бидат од помош и НИКОГАШ повеќе да не се повтори“, објави градоначалникот Костадинов.

Прочитај повеќе

Струмица

56 -годишно лице физички бил нападнат во неговиот дом и му биле одземени пари

Media Press

Published

на

Вчера во 20.30 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека М.О.(56) од село Нова маала, струмичко, бил физички нападнат во неговиот дом, при што му биле нанесени повреди и му биле одземени пари.

М.О. бил пренесен во Медицински центар Струмица за укажување на лекарска помош, а увид на местото извршиле Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Струмица и екипа на СВР Струмица.

Прочитај повеќе