Connect with us

Конче

Во близина на Конче пронајдена рачна бомба од Првата светска војна

Media Press

Published

на

На 02.01.2022 во 19.00 часот во Полициската станица Радовиш, М.С.(46) од с.Конче пријавил дека во близина на селото пронашле рачна бомба. На 03.01.2022 бомбата била подигната од пиротехничар од Дирекција за заштита и спасување Штип, при што било утврдено дека станува збор за неексплодирана рачна бомба која потекнува од Првата светска војна.

прикажи повеќе
Advertisement

Конче

Делегација од Општина Бојуккариштиран од Турција во посета на Општина Конче

Media Press

Published

на

Делегација од збратимена Општина  Бојуккариштиран од Турција денеска беше во посета на Општина Конче. Градоначалникот на општината Златко Ристов им посака срдечно добредојде на градоначалникот од турската општина и на неговите соработници.

Градоначалникот Ристов се надева дека од оваа средба ќе произлезе и нова соработка за во иднина за што се разговараше и во неговиот кабинет. Двајцата градоначалниц разменија милења а си разменија и пригодни подароци. 

Потоа делегацијата изврши увид на културни знаменитости во Општина Конче, на новоизградениот паркинг простор  пред манастирот Свети Стефан, за кој тие донираа финасиски средства,  како и манастирот Свети Стефан и на џамијата во Конче.

Прочитај повеќе

Конче

Заклучок од ВОНРЕДЕН ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР, БРАНА МАНТОВО од Државниот инспекторат за животна средина

Media Press

Published

на

Во контекст на вчерашните нстани, со цел коректно, транспаренто и целосно запознавање на јавноста со деталите, од извршениот вонреден инспекциски надзор од страна на Државниот инспекторат за животна средина објавен е заклучокот.

„На ден 28 Декември извршен е вонреден инспекциски надзор од страна на Одделението за инспекциски надзор во животната средина-Вардарски и Југоисточен регион, Канцеларии Струмица и Гевгелија во присуство на управителот и инженер по екологија во правниот субјект БОРОВ ДОЛ ДООЕЛ Радовиш.

За време на вонредниот инспекциски надзор на Брана Мантово под круната на браната утврдено е: зелено обојување на површината од водата со видливи зелени честици, и слабо сина боја во водата и по камењата (во непосредна близина до брегот), на средината под круната на браната има зелена боја на површината од водата со видливи зелени честици, и светло сино обојување на места во водата, а во горниот дел под круната на браната има насобрано отпад од пластични шишиња најлонски ќеси како и остатоци од листови и гранчиња, а водата е запенета и на повеќе места има потемно сино обојување во водата, по камењата и врз пластичните шишиња. Во Брана Мантово појавата на зелена боја на површината од водата со видливи зелени честици и синото обојување на некои места не е утврдено од што е настанато, а не се знае и со каков квалитет е водата во Брана Мантово. Инспекцискиот надзор е извршен долж целиот брег на Брана Мантово во длабочината на водата и се гледа зелена боја, на брегот на брана Мантово од страната на населбата водата е: светло зелена боја, на некои места е светло сина боја, а на површината од водата нема зелени честици. Од страна на БОРОВ ДОЛ ДООЕЛ Радовиш на 28.12.2021 година повикани се лица од Универзитетот Гоце Делчев – Штип Земјоделски факултет УНИЛАБ и земени се мостри од водата од брана Мантово, на 29.12.2021 година ќе се извршат останати мерења на квалитетот на водата од Технолаб ДОО Скопје. При надзорот на лице место направени се фотографски снимки (подолу).

За време на инспекцискиот надзор нема истек на води од БОРОВ ДОЛ ДООЕЛ Радовиш во Брана Мантово и не е приметена видлива прашина во воздухот.Извештаите од двете мерења ќе бидат доставени до ДИЖС“, стои во заклучокот.

Како што соопштуваат од рудникот Боров Дол, денес повторно ќе се излезе на терен, а како што и вчера е изјавено, веднаш по добивањето на резултатите ќе се објават јавно. Испитувањата се вршат од страна на независни акредитирани лаборатории.

Прочитај повеќе

Конче

По објавените информации за новодно загадување на езерото Мантово, од Рудникот Боров Дол излегоа на увид и ќе ги презентират сите факти во јавноста

Media Press

Published

на

Имајќи ја предвид потребата да бидат презентирани сите факти, пред директно посочување и обвинување на ДПТУ Боров Дол ДООЕЛ Радовиш по повод загадување на вештачкото езеро-акумулација Мантово во Општина Конче, од Боров дел со известување до јавноста.

По објавената информација во јавноста од вчера 27 декември за потенцијалната контаминација  од работењето на рудникот Боров Дол и загадување на вештачкото езеро-акумулација Мантово во Општина Конче, денеска беше извршен увид на посочените локации.  Во присуство на Градоначалникот на Општина Конче, генералниот директор на Боров Дол, вработено лице во АД Водостопанство подружница Радовишко поле, стручните екипи на рудникот, заедно со надлежните органи од Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) извршија теренски увид, земени се примероци од водата и почвата со цел проценување на присуството на потенцијалните штетни хемикали, како и одредување на видот на истите. 

„Примероците од вода и почвата се доставени на понатамошни детални лабораториски испитувања во акредитирани лаборатории и треба што побрзо да се обработат,  а добиените резултати од анализите ќе бидат доставени до надлежните органи, како и јавно објавени за јавноста и засегнатите страни.

Дополнително, во текот на утрешниот ден Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) ќе спроведе уште еден теренски увид за проверка на состојбата со животната средина на посочените места, како и земање на мостри за понатамошни анализи и утврдување на фактичката состојба на терен“, соопштуваат од рудникот Боров Дол во врска со настанатата ситуација.

Излегувањето на терен го потврди и градоначалникот на Општина Конче Златко Ристов, кој рече дека заедно со менаџерскиот тим на Боров Дол и инспекциските служби извршиле увид и земени биле примероци од водата и од почвата за анлиза. Резултатите се очекуваат за три до четири дени со што очекува да биде информиран јавноста за што станува збор.

„Засега од менаџерскиот тим на Боров Дол велат дека не станува збор за загадување“, вели Ристов.

Од рудникот Боров Дол додаваат дека за целосно запознавање на јавноста и засегнатите страни, рудникот за бакар Боров Дол работи во согласност со утврдените норми и стандарди од системот за заштита на животната средина според А-Интегрирана еколошка дозвола, во која што се вклучени условите за работа, задолженијата, мерките и активностите кои што треба да земат предвид за заштита на животната средина. Воедно, редовно ги следи влијанијата врз животната средина и извештаите ги доставува до надлежните институции. 

„Рудникот Боров Дол ДООЕЛ Радовиш работи транспарентно и одговорно. Овозможува отворен директен и транспарентен пристап до информации и теренски увид на сите институции, граѓански здруженија,  како и на локалното население и медиумите за какво било појаснување или одговор во секое време„ стои во известувањето од Боров Дол.

Прочитај повеќе