Connect with us

Валандово

Машко бебе е првото новороденче во Општина Валандово во 2022 година

Media Press

Објавено на

Првото новороденче од општина Валандово во 2022 година, е родено на 01.01.2022 година, во 01:00 часот, како здраво машко бебе во семејството Караелмазови од Калково.

На семејството Караелмазови, градоначалникот Перо Костадинов и подари ваучер од 20000 денари, им честита за новиот член во фамилијата и им посака многу здравје, љубов и среќа.

„ Нека новата 2022 година биде исполнета со убави и радосни моменти во секој дом и нека има здравје и бериќет за сите“ вели градоначалникот Костадинов.

Валандово

Во СОУ „Гоце Делчев“ – Валандово: Кога практичната настава прераснува во вистинска лабораторија на знаење и успех

Media Press

Published

на

Во СОУ „Гоце Делчев“ – Валандово, е училиште каде практичната настава прераснува во вистинска лабораторија на знаење и успех — доказ за тоа е одгледувањето печурки буковка.

-Овој резултат не е случаен, туку плод на посветената работа, љубопитноста и истрајноста на учениците, под менторство на наставниот кадар. Овој успех јасно покажува дека практичната настава не е само дополнување, туку двигател на вистинското учење и патоказ кон професионалното усовршување, соопштуваат од училиштето.

Преку реални активности и директна примена на современи, иновативни и одржливи земјоделски практики, учениците стекнуваат применливи вештини, развиваат претприемачки дух и се подготвуваат да одговорат на предизвиците на современиот пазар на труд.

Активноста е дел од проектот „Граѓанското општество и младите за инклузивен и одржлив развој преку циркуларна економија во Македонија“, финансиран од Европската Унија, а реализиран од People in Need North Macedonia во партнерство со ARNO, LEAD – Leaders for Education, Activism and Development и Ековита.

-Ние не зборуваме за иднината — ние ја создаваме! Со секој нов проект, со секоја нова идеја, градиме генерации што размислуваат одржливо, дејствуваат иновативно и ја движат економијата напред, е паролата на училиштето.

Прочитај повеќе

Валандово

Лишено од слобода едно лице од Валандово, физички ја нападнал својата сопруга, а поседувал и огнено оружје и муниција

Media Press

Published

на

На 24.03.2026 во 17:40 часот во Валандово, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Валандово лишија од слобода 72-годишен жител на Валандово, постапувајќи по претходна пријава дека околу 16:00 часот во семејниот дом физички ја нападнал неговата 68-годишна сопруга и ѝ нанел повреди на телото.

При преземање на службени дејствија, лицето агресивно се однесувало и кон полициските службеници, при што нападнал еден од нив. Лицето е задржано во Полициска станица, а подоцна со негова дозвола е извршен и претрес во неговиот дом, каде се пронајдени и одземени три пиштоли, една ловечка пушка, 45 куршуми и седум ловечки патрони, кои нелегално ги поседувал.

За настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прочитај повеќе

Валандово

Лице од Валандово, без дозвола управувал патничко возило кое претходно го украл од двор во гевгелиско Прдејци

Media Press

Published

на

Лишено од слобода лице од Валандово, без дозвола управувал патничко возило кое претходно го украл од двор во гевгелиско Прдејци, информира СВР Струмица.

Вчера околу 11:15 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишиле од слобода М.У.(52) од Валандово. Тој се сомничи дека во периодот од 10:30 до 11:00 часот од дворно место сопственост на Ј.К.(70) од село Прдејци, гевгелиско, го одзел неговото патничко возило „фиат“ со гевгелиски регистарски ознаки. По преземени мерки, возилото е запрено во Гевгелија и по преземени мерки е констатирано дека го управува без да поседува возачка дозвола.

Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по документирање на настанот против лицето ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Прочитај повеќе