Connect with us

Валандово

Машко бебе е првото новороденче во Општина Валандово во 2022 година

Media Press

Published

на

Првото новороденче од општина Валандово во 2022 година, е родено на 01.01.2022 година, во 01:00 часот, како здраво машко бебе во семејството Караелмазови од Калково.

На семејството Караелмазови, градоначалникот Перо Костадинов и подари ваучер од 20000 денари, им честита за новиот член во фамилијата и им посака многу здравје, љубов и среќа.

„ Нека новата 2022 година биде исполнета со убави и радосни моменти во секој дом и нека има здравје и бериќет за сите“ вели градоначалникот Костадинов.

Валандово

Приведен крадец од Валандово, фатен на дело при вршење тешка кражба

Media Press

Published

на

Вчера во 19.10 часот полициски службеници од СВР Куманово, врз основа на наредба од Казнено-поправна установа Затвор Куманово, го лишиле од слобода С.Б.(29) од Куманово, кој се барал за доиздржување на казна затвор за сторени кривични дела по член 237 и 236 од Кривичниот законик – „разбојништво“ и „тешка кражба“. Тој бил спроведен Казнено-поправна установа Затвор Куманово за доиздржување на казната.

Прочитај повеќе

Валандово

Приведено лице од Валандово за кое е распишана потерница

Media Press

Published

на

На 30 ноември во 16.30 часот полициски службеници од Оперативен тим потраги – Скопје, на место викано „Горно село“, Општина Богданци, го лишија од слобода Н.А.(24) од Валандово. За него била распишана Централна потерница за доиздржување на затворска казна во Казнено-поправната установа Затвор Гевгелија.

Лицето ќе биде спроведено во установата за доиздржување на казната, информира МВР. 

Прочитај повеќе

Валандово

Во сообраќајна несреќа во Валандово повреден возач на мотоцикл

Media Press

Published

на

Вчера околу 15.00 часот во Полициската станица Валандово било пријавено дека на крстосница од улиците „Првомајска“ и „Лазар Колишевски“ во Валандово се случила сообракајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „ауди“ со велешки регистарски ознаки, управувано од А.А.(20) од Валандово и мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од Џ.К.(19) од село Дедели, валандовско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, констатирани во Медицински центар Гевгелија, а увид на местото извршила екипа на Полициската станица Валандово.

Прочитај повеќе