Connect with us

Радовиш

Анкета: По што ќе ја паметат радовишани оваа година и што очекуваат во новата 2022

Media Press

Published

на

Иако со намалени средства за украсување на градот, новогодишниот амбиент во Радовиш сепак се чувствува. Скромно но сепак убаво изгледа централното градско подрачјето, годинава збогатено и со Новогодишен базар во организација на центарот за култура „Ацо Караманов“, а под покровителство на Општина Радовиш.  Се продаваат рачни изработки, украси, домашен мед и други ракотворби.

Повеќето од радовишани новата година ќе ја дочекаат во домашен амбиент, колективно ќе ја паметат оваа година по Ковид пандемијата.

За следната 2022 година речиси идентични желби, да заврши короната, повисоки плати за поубав живот на сите и повисок стандард.

Во рамките на новогодишната програма вечерва на плоштадот „Свети Спасо Радовишки“ ќе биде организирана средба со Дедо Мраз, а Новогодишниот базар ќе продолжи со музичка програма. Утре на последниот ден од оваа година, од 11 до 15 часот  на плоштадот во Радовиш ќе се делат топли напитоци и подароци од Дедо Мраз,  во организација на Центарот за култура, подржано од Општина Радовиш.

прикажи повеќе
Advertisement

Радовиш

СТОП ЗА СООБРАЌАЈНОТО НАСИЛСТВО -мирен јавен собир во Скопје

Media Press

Published

на

Семејството, роднини и пријатели на 24-годишната Викторија Николова од Радовиш, која загина во сообраќајната несреќа кај Сити Мол во Скопје и нејзиното момче кое беше полесно повредено, во недела ќе организираат мирен собир на местото на трагедијата.

„Во знак на револт кон СООБРАЌАЈНОТО НАСИЛСТВО и начинот на кој се третирани пешаците и сите учесници во сообраќајот, кои се придржуваат до правилата, а со последната трагедија каде што на 20.01.2022 згасна млад живот, згасна надежта Викторија да ги оствари своите соништа.
Поради тоа на 30.01.2022 година од 12:00ч до 13:00ч на место на несреќата, раскрсницата на бул.”Партизански одреди” кај City Mall ќе се одржи мирен, достоен и јавен собир каде што ќе оддадеме почит кон Викторија Николова како последна жртва во ваквото сообраќајно насилство, а воедно и ќе оддадеме почит кон сите жртви во вакви и слични сообраќајни несреќи.
Нашата цел е единствена, а тоа е да се стави КРАЈ на бeзобзирното возење ни улиците во државата и да ја подигнеме свеста на учесниците во сообраќајот дека нашите деца, а и самите ние треба да се движиме слободно на пешачките зони и по тротоарите, зато што тоа е единственото место каде што пешаците треба да се чувствуваат слободно.

На мирен и достоинствен начин да го искажеме нашето незадоволство од непочитување на сообраќајните правила, сите сме пешаци и учесници во сообраќајот, вакви настани повеќе да не се повторат, свеста е кај секој од нас, да ја искористиме и да ја подигнеме за побезбедни улици“, стои во објавата за настанот.

Прочитај повеќе

Радовиш

Предадени уметнички слики од здружението ДЛУР„Рада“ на Општина Радовиш

Media Press

Published

на

Во знак на благодарност за повеќегодишната поддршка и покровителство на меѓународната радовишка ликовна колонија „Св.Ѓоргија“ која традиционално се одржува секоја година во Радовиш, од страна на Здружението на ликовни уметници „РАДА-ДЛУР“ од Радовиш на ЕЛС општина Радовиш и беа дадени неколку уметнички слики, изработени од ликовните уметници кои учествуваа на минатогодишната ликовна колонија.

На средбата се разговараше за тековните и идните проекти на Друштвото, проблемите со кои се соочуват членовите како и продолжувањето на традицијата на одржување и уште посилен меѓународен карактер на ликовната колонија „Св.Ѓоргија“, која е еден од најважните културни брендови на општина Радовиш.

Подарените дела од страна на претседателот на здружението Душан Коцев ги прими гадоначалникот Ацо Ристов кој ја потврди поддршката и во иднина.

Прочитај повеќе

Радовиш

Минусни температури се измерени во целата држава, во Радовиш утринава минус 10 степени

Media Press

Published

на

Минусни температури утринава низ целата територија на државата. Најтопло во Дојран со минус 5 степени, а најстудено во Делчево со минус 18 степени. Во Радовиш утринава се измерени минус 10 степени целзиусиви, исто и во Струмица.

Времето денеска студено, сончево и ветровито на повисоките места ќе паѓа и снег. Ќе дува ветер од северн правец со 30 километри на час.

УХМР информира дека највисока снежна покривка од 39 сантиметри има во Маврови Анови, 31 на Попова Шапка, a 14 сантиметри во Крушево.

Прочитај повеќе