Connect with us

Радовиш

Да покренеме БРАН НА СРЕЌАТА – започни од себе си, Божиќна трпеза во ОНБ Браќа Миладиновцки во Радовиш

Media Press

Објавено на

На 4 јануари е отворен ден каде секој кој би сакал да ја поддржи активноста, може да донира прехранбени продукти (по свој сопствен избор), во просториите на градската библиотека Браќа Миладиновци .

На прагот на претстојните Божиќни празници, оние кои даваат огромна надеж, кои во основа и суштина на Празникот значи, сите членови на семејството да седнат на една заедничка трпеза, која покрај подготвената храна, би требало да е полна со семејна топлина, хармонија, љубов, надеж, вера и безброј желби,  Art of Living Фондацијата во чии рамки делува International Association for Human Values (IAHV) во соработка со Општина Радовиш, како носители на иницијативата, поддржана од  библиотеката  “Браќа Милодиновци“ – Радовиш,  деловната заедница,  невладиниот сектор и секој поединец кој би сакал активно да се вклучи со свој придонес, ја организираат “Божиќната трпеза“.

Како што вели Теодора Костовска Art of Living Учител, денес отуѓеноста како да го достигнува својот врв! “Ако се отуѓам од себе си, кого и како да сакам“?

„Ако во текот на својот живот, особено детството единката не била окружена со љубов, ако немала кој да ја научи да сака, ако не може да сака, ако нема што да сака, љубовта се врти кон човекот како автодеструкција.

Тоа е закон!

Таквото чувство создава празнина која многу тешко се компензира, а создава огромни проблеми во текот на животот. Во неможност да се справи со ваквите емоции човекот најчесто ги потиснува.  Потиснувањето пак создава огромно количество страв, ни малку природен,  дури патолошки.

Ако едно дете во своето детство не доживее љубов, ако не ја спознае Љубовта, ако чувството на Љубов не му стане блиско а преку тоа и разбирањето и прифаќањето на другиот, поинаквиот, на таквото дете во  периодот на адолесценција, во периодите на растење, созревање, матурирање во личност,  ќе му биде особено тешко  да ја доживува Љубовта, да ја развива емоционалната интелигенција, каде не би се чувствувало осамено, напуштено, изолирано, тешко и болно.

Да се постои, значи свесност за сопственото живеење со сите структури и содржини на животот.

Што е тоа што животот го поврзува со постоењето? За жал денес сме сведоци, на како Адлер вели: “Празните семејства како придонес на сегашноста за иднината, каде секој се однесува како сака и прави што сака“.

Кога индивидуата ќе се најде во ваква состојба таа е дисфункционална, напната, негативна, интолерантна, латентно уморна, без животна, болна. Таквата енергија се шири наоколу во просторот креирајќи нездрав и ни малку позитивен абиент за креативно делување и позитивно решавање на животните проблеми и задачи.

Токму заради овие и многу други слични состојби во општеството, ја покренуваме иницијативата на “Божиќната трпеза“, преку која ќе ја креираме нашата колективна, општествена, повисока свесност и одоворност за оние семејства, наши сограѓани, кои од било која објективна причина не се во можност самостојно да ги набават неопходните прехранбени производи,  за достоинствено прославување на Бадниковата вечера и дочекување на Божиќ.

Имено, 4 јануари е отворен ден каде секој кој би сакал да ја поддржи активноста, може да донира прехранбени продукти (по свој сопствен избор), во просториите на градската библиотека Браќа Миладиновци .

Волонтерите,  поддржувачи на активноста ќе направат еднаков распоред на производите, ќе ги спакуваат во соодветни  пакети, кои на 5 јануари по претходно утврдена листа со релевантни институции, на најдостоинствен, спонтан и хуман начин ќе биде дистрибуирана до семејствата на кои би им била потребна и добредојдена.

Да покренеме БРАН НА СРЕЌАТА – започни од себе си!!!

Интересно е што наспроти општите уверувања дека парите се најважен  фактор за да бидеш среќен, многу сериозни светски социолошки истражувања покажуваат дека,  токму грижата кон блиските, негувањето на трајните човекови вредности, како на пример:

грижата, дарежливоста, емпатијата,  чувството на благодарност,  многу повеќе не прават да се чувствуваме среќни, од колку некои минливи работи“, вели Теодора Костовска Art of Living Учител  International Association for Human Values (IAHV), која повикува активно вклучување на сите во реализација на претстоечката активност,  да продолжи традицијата која трае веќе повеќе години.

Организиацијата на “Божиќната трпеза“ ќе биде поддржана и од здружението „Невена“ од Радовиш.

Радовиш

Малолетник физички ја нападнал неговата мајка

Media Press

Published

на

На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Прочитај повеќе

Радовиш

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА

Avatar

Published

на

МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:

ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)

УСЛОВИ ЗА РАБОТА:

Пријатна и колегијална работна средина

Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа

3 слободни дена во неделата

Одлична / Екстра плата

Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:

078/314-801

МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.

Прочитај повеќе

Радовиш

„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш

Media Press

Published

на

„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.

Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.

Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.

Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.

Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Прочитај повеќе