Connect with us

Радовиш

Да покренеме БРАН НА СРЕЌАТА – започни од себе си, Божиќна трпеза во ОНБ Браќа Миладиновцки во Радовиш

Media Press

Published

на

На 4 јануари е отворен ден каде секој кој би сакал да ја поддржи активноста, може да донира прехранбени продукти (по свој сопствен избор), во просториите на градската библиотека Браќа Миладиновци .

На прагот на претстојните Божиќни празници, оние кои даваат огромна надеж, кои во основа и суштина на Празникот значи, сите членови на семејството да седнат на една заедничка трпеза, која покрај подготвената храна, би требало да е полна со семејна топлина, хармонија, љубов, надеж, вера и безброј желбиArt of Living Фондацијата во чии рамки делува International Association for Human Values (IAHV) во соработка со Општина Радовиш, како носители на иницијативата, поддржана од  библиотеката  “Браќа Милодиновци“ – Радовиш,  деловната заедница,  невладиниот сектор и секој поединец кој би сакал активно да се вклучи со свој придонес, ја организираат Божиќната трпеза“.

Како што вели Теодора Костовска Art of Living Учител, денес отуѓеноста како да го достигнува својот врв! “Ако се отуѓам од себе си, кого и како да сакам“?

„Ако во текот на својот живот, особено детството единката не била окружена со љубов, ако немала кој да ја научи да сака, ако не може да сака, ако нема што да сака, љубовта се врти кон човекот како автодеструкција.

Тоа е закон!

Таквото чувство создава празнина која многу тешко се компензира, а создава огромни проблеми во текот на животот. Во неможност да се справи со ваквите емоции човекот најчесто ги потиснува.  Потиснувањето пак создава огромно количество страв, ни малку природен,  дури патолошки.

Ако едно дете во своето детство не доживее љубов, ако не ја спознае Љубовта, ако чувството на Љубов не му стане блиско а преку тоа и разбирањето и прифаќањето на другиот, поинаквиот, на таквото дете во  периодот на адолесценција, во периодите на растење, созревање, матурирање во личност,  ќе му биде особено тешко  да ја доживува Љубовта, да ја развива емоционалната интелигенција, каде не би се чувствувало осамено, напуштено, изолирано, тешко и болно.

Да се постои, значи свесност за сопственото живеење со сите структури и содржини на животот.

Што е тоа што животот го поврзува со постоењето? За жал денес сме сведоци, на како Адлер вели: “Празните семејства како придонес на сегашноста за иднината, каде секој се однесува како сака и прави што сака“.

Кога индивидуата ќе се најде во ваква состојба таа е дисфункционална, напната, негативна, интолерантна, латентно уморна, без животна, болна. Таквата енергија се шири наоколу во просторот креирајќи нездрав и ни малку позитивен абиент за креативно делување и позитивно решавање на животните проблеми и задачи.

Токму заради овие и многу други слични состојби во општеството, ја покренуваме иницијативата на “Божиќната трпеза“, преку која ќе ја креираме нашата колективна, општествена, повисока свесност и одоворност за оние семејства, наши сограѓани, кои од било која објективна причина не се во можност самостојно да ги набават неопходните прехранбени производи,  за достоинствено прославување на Бадниковата вечера и дочекување на Божиќ.

Имено, 4 јануари е отворен ден каде секој кој би сакал да ја поддржи активноста, може да донира прехранбени продукти (по свој сопствен избор), во просториите на градската библиотека Браќа Миладиновци .

Волонтерите,  поддржувачи на активноста ќе направат еднаков распоред на производите, ќе ги спакуваат во соодветни  пакети, кои на 5 јануари по претходно утврдена листа со релевантни институции, на најдостоинствен, спонтан и хуман начин ќе биде дистрибуирана до семејствата на кои би им била потребна и добредојдена.

Да покренеме БРАН НА СРЕЌАТА – започни од себе си!!!

Интересно е што наспроти општите уверувања дека парите се најважен  фактор за да бидеш среќен, многу сериозни светски социолошки истражувања покажуваат дека,  токму грижата кон блиските, негувањето на трајните човекови вредности, како на пример:

грижата, дарежливоста, емпатијата,  чувството на благодарност,  многу повеќе не прават да се чувствуваме среќни, од колку некои минливи работи“, вели Теодора Костовска Art of Living Учител  International Association for Human Values (IAHV), која повикува активно вклучување на сите во реализација на претстоечката активност,  да продолжи традицијата која трае веќе повеќе години.

Организиацијата на “Божиќната трпеза“ ќе биде поддржана и од здружението „Невена“ од Радовиш.

Радовиш

СТОП ЗА СООБРАЌАЈНОТО НАСИЛСТВО -мирен јавен собир во Скопје

Media Press

Published

на

Семејството, роднини и пријатели на 24-годишната Викторија Николова од Радовиш, која загина во сообраќајната несреќа кај Сити Мол во Скопје и нејзиното момче кое беше полесно повредено, во недела ќе организираат мирен собир на местото на трагедијата.

„Во знак на револт кон СООБРАЌАЈНОТО НАСИЛСТВО и начинот на кој се третирани пешаците и сите учесници во сообраќајот, кои се придржуваат до правилата, а со последната трагедија каде што на 20.01.2022 згасна млад живот, згасна надежта Викторија да ги оствари своите соништа.
Поради тоа на 30.01.2022 година од 12:00ч до 13:00ч на место на несреќата, раскрсницата на бул.”Партизански одреди” кај City Mall ќе се одржи мирен, достоен и јавен собир каде што ќе оддадеме почит кон Викторија Николова како последна жртва во ваквото сообраќајно насилство, а воедно и ќе оддадеме почит кон сите жртви во вакви и слични сообраќајни несреќи.
Нашата цел е единствена, а тоа е да се стави КРАЈ на бeзобзирното возење ни улиците во државата и да ја подигнеме свеста на учесниците во сообраќајот дека нашите деца, а и самите ние треба да се движиме слободно на пешачките зони и по тротоарите, зато што тоа е единственото место каде што пешаците треба да се чувствуваат слободно.

На мирен и достоинствен начин да го искажеме нашето незадоволство од непочитување на сообраќајните правила, сите сме пешаци и учесници во сообраќајот, вакви настани повеќе да не се повторат, свеста е кај секој од нас, да ја искористиме и да ја подигнеме за побезбедни улици“, стои во објавата за настанот.

Прочитај повеќе

Радовиш

Предадени уметнички слики од здружението ДЛУР„Рада“ на Општина Радовиш

Media Press

Published

на

Во знак на благодарност за повеќегодишната поддршка и покровителство на меѓународната радовишка ликовна колонија „Св.Ѓоргија“ која традиционално се одржува секоја година во Радовиш, од страна на Здружението на ликовни уметници „РАДА-ДЛУР“ од Радовиш на ЕЛС општина Радовиш и беа дадени неколку уметнички слики, изработени од ликовните уметници кои учествуваа на минатогодишната ликовна колонија.

На средбата се разговараше за тековните и идните проекти на Друштвото, проблемите со кои се соочуват членовите како и продолжувањето на традицијата на одржување и уште посилен меѓународен карактер на ликовната колонија „Св.Ѓоргија“, која е еден од најважните културни брендови на општина Радовиш.

Подарените дела од страна на претседателот на здружението Душан Коцев ги прими гадоначалникот Ацо Ристов кој ја потврди поддршката и во иднина.

Прочитај повеќе

Радовиш

Минусни температури се измерени во целата држава, во Радовиш утринава минус 10 степени

Media Press

Published

на

Минусни температури утринава низ целата територија на државата. Најтопло во Дојран со минус 5 степени, а најстудено во Делчево со минус 18 степени. Во Радовиш утринава се измерени минус 10 степени целзиусиви, исто и во Струмица.

Времето денеска студено, сончево и ветровито на повисоките места ќе паѓа и снег. Ќе дува ветер од северн правец со 30 километри на час.

УХМР информира дека највисока снежна покривка од 39 сантиметри има во Маврови Анови, 31 на Попова Шапка, a 14 сантиметри во Крушево.

Прочитај повеќе