По објавените информации за новодно загадување на езерото Мантово, од Рудникот Боров Дол излегоа на увид и ќе ги презентират сите факти во јавноста
Имајќи ја предвид потребата да бидат презентирани сите факти, пред директно посочување и обвинување на ДПТУ Боров Дол ДООЕЛ Радовиш по повод загадување на вештачкото езеро-акумулација Мантово во Општина Конче, од Боров дел со известување до јавноста.
По објавената информација во јавноста од вчера
27 декември за
потенцијалната контаминација од работењето на рудникот Боров Дол и загадување на
вештачкото езеро-акумулација Мантово во Општина Конче, денеска беше
извршен увид на
посочените локации. Во присуство на Градоначалникот на Општина Конче,
генералниот директор на Боров Дол, вработено лице во АД Водостопанство подружница Радовишко поле, стручните екипи
на рудникот, заедно со
надлежните органи од Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС)
извршија теренски увид, земени се примероци од водата и почвата со цел проценување на присуството
на потенцијалните штетни хемикали, како и одредување на видот на истите.
„Примероците од вода и почвата се доставени на понатамошни
детални лабораториски испитувања
во акредитирани лаборатории и треба
што побрзо да се
обработат, а добиените резултати од анализите ќе бидат доставени до надлежните
органи, како и јавно објавени за јавноста и засегнатите страни.
Дополнително, во текот на утрешниот ден Државниот инспекторат
за животна средина (ДИЖС) ќе спроведе уште еден теренски увид за проверка на
состојбата со животната средина на посочените места, како и земање на
мостри за понатамошни анализи и утврдување на фактичката состојба на терен“,
соопштуваат од рудникот Боров Дол во врска со настанатата ситуација.
Излегувањето на терен го потврди и градоначалникот на Општина Конче Златко Ристов, кој рече дека заедно со менаџерскиот тим на Боров Дол и инспекциските служби извршиле увид и земени биле примероци од водата и од почвата за анлиза. Резултатите се очекуваат за три до четири дени со што очекува да биде информиран јавноста за што станува збор.
„Засега од менаџерскиот тим на Боров Дол велат дека не станува збор за загадување“, вели Ристов.
Од рудникот Боров Дол додаваат дека за целосно запознавање на јавноста и засегнатите страни, рудникот за бакар Боров Дол работи во согласност со утврдените норми и стандарди од системот за заштита на животната средина според А-Интегрирана еколошка дозвола, во која што се вклучени условите за работа, задолженијата, мерките и активностите кои што треба да земат предвид за заштита на животната средина. Воедно, редовно ги следи влијанијата врз животната средина и извештаите ги доставува до надлежните институции.
„Рудникот Боров Дол ДООЕЛ Радовиш работи транспарентно и одговорно. Овозможува отворен директен и транспарентен пристап до информации и теренски увид на сите институции, граѓански здруженија, како и на локалното население и медиумите за какво било појаснување или одговор во секое време„ стои во известувањето од Боров Дол.