Радовиш
Рудниците Бучим и Боров Дол донираа 100 прехранбени пакети за социјално ранливи семејства во општините Радовиш и Конче
Објавено на
Од
Media PressРудниците Бучим и Боров Дол и годинава донираа, прехранбени пакети за социјално ранливите семејства во општините Радовиш и Конче, за поубави и посреќни празници. Прехранбените пакети како и новогодишните пакетчиња беа доставени до ОО на Црвен крст во Радовиш, од каде ќе бидат доставени до семејствата. Од менаџерскиот тим на двата ридника се надеваат дека ќе ги разубават празниците на овие граѓани.

Мобилните тимови на Црвениот крст ќе ги достават пакетите до социјално ранливите семејства согласно списокот од Центарот за социјални работи во Радовиш, а рудниците Бучим и Боров Дол обезбедија и превоз за достава.

Исто така беа донирани и новогодишни пакетчиња за Турското хуманитарно здружение од Радовиш како и за Здружението „Мобилност“ во Радовиш.

Вакви донации рудникот Бучим а од годинава и рудникот Боров Дол, реализираат секоја година во пресрет на Новогодишните и Божиќните празници, со цел поубави и посреќни празниците за сите.
Поврзани содржини

Црвен крст – Радовиш со хуманитарна акција за подарување на прехранбени пакети на социјално загрозени семејства

Адвокатско друштво Пепељугоски со донација за учениците од ООУ „Никола Карев“ -Радовиш, ПУ во Бучим, Парналија и Тополница

Донација од Општина Фрибург- Швајцарија за Општина Босилово во вредност од 78.000 франци

Советот одржа итна седница, Општина Радовиш ќе донира 500 илјади денари за помош на настраданите во земјотресот во Турција и Сирија

Адора инженеринг донираше финансиски средства за настраданите во земјотресот во Турција и регионот

Градоначалникот на Општина Конче Златко Ристов ја завршува оваа година со хумано дело
Радовиш
Малолетник физички ја нападнал неговата мајка
Published
3 недели agoна
октомври 27, 2026By
Media Press
На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Радовиш
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА
Published
3 недели agoна
октомври 26, 2026By
lence
МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:
ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)
УСЛОВИ ЗА РАБОТА:
Пријатна и колегијална работна средина
Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа
3 слободни дена во неделата
Одлична / Екстра плата
Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:
078/314-801
МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.
Радовиш
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш
Published
2 месеци agoна
септември 17, 2026By
Media Press
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.
Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.
Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.
Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.
Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

