Connect with us

Босилово

Стојанче Ангелов и градоначалникот Ристо Манчев на увид на критичните точки за поплавување во Општина Босилово

Media Press

Published

на

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов заедно со грдоначалникот на Општина Босилово, Ристо Манчев, изврши увид на критичните точки за поплавување на реката Струмица, а и на месните локални канали каде што се излева водата од реките и пороите при поројни врнежи од дожд, како што беа неодамнешните декемвриски поплави во оваа општина.

 Притоа, беа разгледани потребите и можностите за идна координација на употреба на ресурсите и субјектите од Системот за управуваање со кризи (СУК). Посетата беше остварена на покана на градоначалникот на општината Ристо Манчев.

Градоначалникот Манчев  рече дека заеднички заклучок по извршениот увид  било дека е потребна итна интервенција  и редовно чистење и одржување речните корите и канали со цел да се избегнат идни катастрофални поплави.

прикажи повеќе
Advertisement

Босилово

Во Општина Босилово официјално беше извршено примопредавањето на функцијата градоначалник

Media Press

Published

на

Новиот градоначалник Ристо Манчев од редовите на ВМРО ДПМНЕ и официјално ја презеде функцијата од досегашниот градоначалник Зоран Зимбаков.

„Од денеска во служба на граѓаните, сите заеднички ќе чекориме кон модерна и просперитетна општина Босилово! Пред сите нас претстои многу работа, претстојат многу предизвици и обврски на кои што сме подготвени соодветно да одговориме. Потребите на граѓаните се на прво место и заедно ќе ги создаваме промените и проектите со кои ќе градиме нова иднина. Општина Босилово- општина за сите“, вели Манчев во однос на преземањето на фукцијата градоначалник.

Прочитај повеќе

Босилово

Училиштата во Општина Босилово имаат услови за одржување настава со фисичко присуство на учениците

Media Press

Published

на

Градоначалникот на Општина Босилово Зоран Зимбаков оствари средба со директорите на трите основни училишта во општината. На средбата директорите ги презентираа просторните и други можности на училиштата, за организација на наставата со физичко присуство во училиштата, согласно Планот за одржување на наставата во основните и средните училишта во учебната 2020/2021 година, со цел успешен почеток на новата учебна година.
,,Настава со физичко присуство во училница од IV до IX одделение и од прва до четврта година може да се реализира во училиштата со обезбедени санитарно – хигиенски услови за одржување на општа и лична хигиена наведени во Протоколите, бројот на деца во одделението, согласно епидемиолошката состојба во подрачјето/општината на која се наоѓа училиштето”, предвидува Планот.

 „Терминот ,,физичко присуство” не значи да ги ставиме децата во карантин туку нормално да продолжат со нивниот физички и ментален развој,додека другите предуслови за да може сето тоа непречено да се одвива со минимален ризик треба да ги обезбедиме ние возрасните. За таа цел Советот на општина Босилово одржа седница и донесе :,,Одлука за организирање на настава со физичко присуство,за учениците од IV до IX одделение” за :ООУ Гоце Делчев -Босилово ООУ Кирил и Методиј -Иловица и ООУ Борис Трајковски-Моноспитово,додека општината заедно со сите други пропратни документи поднесе барање до Комисијата за разгледување на поднесени барања за организирање на настава со физичко присуство,која што е единствена да одлучува по оваа прашање“, вели градоначалникот Зимбаков.

Прочитај повеќе

Босилово

Наскоро нова детска градинка и во општина Босилово

Media Press

Published

на

Во тек е изградбта на првата детска градинка во Босилово.По  извршениот увид на објектот во изградба, Детска градинка, градоначалникот Зоран Зимбаков информира дека, градежните работи на објектот се во фаза на карабина и се одвиват со планираната динамика.
Инаку, овој современ објект ќе биде со капацитет од 60 до 80 дечиња. Се очекува да биде завршен до крајот од месец Март оваа година.

Инаку оваа градинка е прва во Босилово, во која за најмалите ќе бидат обезбедени модерни и современи услови, информира Општина Босилово.

Прочитај повеќе