Connect with us

Гевгелија

Новогодишен дочек на градскиот плоштад во Гевгелија со локални изведувачи

Media Press

Published

на

Граѓаните на Општина Гевгелија по подолго време ќе можат заеднички да ја дочекат Новата 2022 година на Градскиот плоштад во Гевгелија.

Општина Гевгелија ќе организира новогодишна прослава на Градскиот плоштад со локални изведувачи. Под наслов „Гевгелија заедно во Новата година“, целта е новогодишниот дочек да мине во пријатен амбиент со музика за сечиј вкус, а во изведба на веќе афирмирани постари и помлади гевгелиски музичари. Притоа, ќе се води сметка и за протоколите за заштита од КОВИД-19, информираат од општината.

На новогодишната прослава „Гевгелија заедно во Новата година“ ќе настапат: дуото Борис Ќаев и Мартин Костадинов, Оливера Станковска, „Лајф бенд“, „Фрка бенд“, Дејан Малзарков, „Панта реи“ и DJ Mad Kid.

Новогодишниот дочек започнува во 20:00 часот.

прикажи повеќе
Advertisement

Гевгелија

Три лица без сертификат затекнати во угостителски објект во Миравци

Media Press

Published

на

На 22 јануари односно во саботата во времето од 23.00 до 24.00 часот полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица извршиле контрола во угостителски објект во село Миравци, гевгелиско и при  контролата  било констатирано дека во објектот од страна на правното и одговорно лице не биле почитувани донесените владини мерки за заштита од Ковид 19, односно, немало задолжителна проверка на влез на гостите од страна на одредено одговорно лице – редар,  вработените во угостителскиот објект кои послужувале гости не носеле заштитни маски,  немало задолжително поставено дезинфекциски средства, а во објектот биле затекнати и тројца гости кои не поседувале сертификати.

 Известен е Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава за „Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“ соопштуваат од СВР Струмица.

Прочитај повеќе

Гевгелија

Приведен криумчар на мигранти во гевгелиско

Media Press

Published

на

 Денеска (06.01.2022) околу 13.30 часот во координирана акција на полициски службеници од ПС Гевгелија и граничната полиција на патниот правец с. Прдејци-с. Смоквица приведен е П.Г. (48) од с. Богданци, поради тоа што во возило „форд фокус“ со гевгелиски регистерски таблички превезувал пет лица-мигранти од Куба. По целосно документирање на случајот, против П.Г. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Прочитај повеќе

Гевгелија

Општина Гевгелија лани доделила паричен надомест за 149 новороденчиња

Media Press

Published

на

Општина Гевгелија во текот на 2021 година доделила еднократна парична помош на 149 новороденчиња. Од вкупниот број поднесени барања, 76 биле поднесени за родени девојчиња, а 73 за момчиња. Паричен надоместок е доделен на првородени деца – 80, второродени- 54 деца, а, исто така, и за 12 третородени и 3 четвртородени деца.

Согласно Програмата за социјална заштита, Општина Гевгелија на секое семејство за новороденчето, жител на општината, доделува паричен надомест за прво и второ во висина од 6.000 денари, а за третородено и секое наредно дете по 12.000 денари. Како и за првото родено дете во новата година, жител на општина Гевгелија, ваучер од 10.000 денари и пригодни подароци.

Прочитај повеќе